Кое типично Македонско јадење сметате дека странците би го купиле на одмор во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата cvetkomkd
  • Време на започнување Време на започнување
Во споредба со Донер, Гиро и Пица мора да конкурираме со некоја мрснотија за да бидеме интересни. Со ѓевреци, ѓомлезе и пишии ништо не правиме :)

А таква брза храна немаме измислено досега. Ние сме сиромашка земја, си имаме мрсно тесто и заби како традиционална брза храна :D
 
Ние сме навикнати на таа храна и ни е превкусна. Али да бидеме реални, дури ни самите Балканци не ни ја сакаат кујната.
 
Ние сме навикнати на таа храна и ни е превкусна. Али да бидеме реални, дури ни самите Балканци не ни ја сакаат кујната.

Ни ја сакаат кујната, во тоа сум сигурна. Не ни ја сакаат брзата исхрана од овој тип.
 
според мене тоа би требало да е некое тесто со некое мевце со некој сос.
Не мора да биде нешто што сме го правеле во минатото. Но може да биде нешто како Гомлезе само со некој прелив или неколку вида месо или салами или ......незнам.
Ова е прашање за национална дискусија. Прашање за „милион долари“. Кој ке го одговори прв на прав начин ке биде многу богат.
 
Пред некоја година имаше вест дека јапонци на посета во Струмица побарале изворно јадење а нашите им зготвиле `бечка шницла`:pos:
 
добро бе еве, сендвич со ајвар и овчо сирење (можеби чудно ама зошто да не понудиме такво нешто), има да паднат во несвест. Штипската пастрмајлија е исто така наш белег и нешто многу вкусно, понатаму качамак послужен со свинско месо и овчо кисело млеко.. ми потекоа лиги мајката
 
Грав сакс, ајвар, пинџур, таратур....
--- надополнето: 1 август 2013 во 12:06 ---
дури ни самите Балканци не ни ја сакаат кујната.

Сум имал голем број на гости од разни делови на балкан, полудувале по нашите јадења.
 
Срби, хрвати, босанци...сите полудела по нашите јадења...исто и од европа гости, италијанци, англичани и шпанци, сите беа крајно импресионирани од храната.
 
Срби, хрвати, босанци...сите полудела по нашите јадења...исто и од европа гости, италијанци, англичани и шпанци, сите беа крајно импресионирани од храната.

Ок. Со кои јадења ги нагости?
 
Пита, пинџур, таратур, пиперки со лук и оцет, ајвар, мусака, турли тава, бурек, грав, зелник и други работи не ми текнува сега. Зависи од тоа колку долго биле гости.
 
Гравче тавче, ајвар, сарма - не е храна за туристи кои сакаат од нога да јадат нешто, како што и потенцира самиот почетен пост на темава. Значи треба да се најде македонски производ како гиро, донер, пица, бурито, тортиља и слично, што е како брза храна а сепак наше. Банички и пастрмајлија е доста фин избор, иако јас би идел на второто, бидејќи има месо. Е сеа пастрмајлиите се прилично големи, ама сигурно може да се најде начин како тоа да се свитка фино, и да се јаде со една рака. Можеби во стилот на буритото, не знам...
 
Ние сме навикнати на таа храна и ни е превкусна. Али да бидеме реални, дури ни самите Балканци не ни ја сакаат кујната.

Тоа би било чудно, нашата кујна е типично балканска.

он

охридска пастрмка и така по кило цената и се движи од 800 до 1200 ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom