Кое типично Македонско јадење сметате дека странците би го купиле на одмор во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата cvetkomkd
  • Време на започнување Време на започнување
Пастрмајлија... штипска

Немате појма англичаните како ја јадат... побрзо од мене :eek:
 
ajvar,pastarmalija,polni piperki....moite prijateli vo slo obozavat koga im pravam letna mandza :D
 
читам и никој да спомне камо Кумановски СУЏУК и МЕЗЛ'К и до членот што напишал Скопско Макало ебате беља не е Скопско во секој град прават такво истражи малце па пиши овака неписмено делуваш.Исто ПРОЈА никој не спомна ПРЖЕНИ ЈАЈЦА И ПЕПЕРКИ и многу други
 
Качамак/бакардан
6005.jpg


Топеница

Палента
A943F2C87BA37140B7D58A448C17083F.jpg
 
-Салати од зеленчук (Не оти не бидува нешто посебно за декор, туку од причина што навистина се најдува кај нас зеленчук што сеуште има некаков вкус)
-Мариовско овчо сирење
-Турли Тава
-Полнети Пиперки
-Преспански Крап
-Прилепска Скара
- Бели Пецива вклучително и Бурек тука во одредени дуќанчиња
-Сарма
 
Пастрмајлија, мекица, ѓеврек, ѓомлезе, тавче гравче.
Ама првово од сите е најприкладно за брза храна, другиве се или без месо или суви или мрсни... Тавче гравче можат во пластични пакувања нешто како оние ладни пудинзи, другиот дел од пакувањето парче сирење во брендирана униформа :D
 
Што е ова топеница, како се прави?


Типично старо старо македонско,другата баба моја го прави секогаш на Прочка кога идеме.Се меси пченкарно брашно со сол и вода и се пече.И кога е готово,на вакви милион парчиња се крши.Интересно за јадење,така грцка.Баба како прилог го става со месо.

А и јас разбрав дека бараме нешто наше традиционално,но сепак да може така од нога да се јаде,како гирото или тортиљата.Во тој случај предлагам пастрмајлија.Потипично,здравје.И сите критериуми ги исполнува мислам.А во поглед на практичното,може на пола парчиња да се продаваат кој како си сака.
 
со оглед на повекето мислења сметам дека победник е питата пастрмајлија.
И пред да ја почнам темава сметав дека е тоа така но има некои забелешки за тоа како треба да изгледа тоа.
Најпрво големината треба да биде таква да не преставува преголема тежина за јадење, а и да те натера да посакаш уште една. Воедно за брза храна треба да може да се носи лесно, не да биде долга. Можеби најдобра димензија би била некој 20-25 сантиметри но да биде полна со месо ( велешката со месо и јајца и светиниколската со месо јајца и сирење).
Има денови на питата во Велес ( каде ќивеам), каде се промовира питата. Според мене многу е неубаво организирано. Можеби треба да биде малку поорганизирано. Да речеме месец на питата. Велес, Штип и Св. Николе да направат една заедничка карта на производители на питата. Тоа да бидат ресторани кои ке делат мини парчиња пита за секој посетител, да речеме 5 на 5 сантиметри. Секој што ке нарача пита да добие пита по симолична цена. Парите ке си ги извадат од другите работи ( пијалокот, предјадења , салати ....).
Тоа би било многу интересно бидејки секој авантурист би можел да си дозволи една турнеја да проба од секоја пита пастрмајлија. Ке ни се развие зимскиот еднодневен туризам, би се наполниле рестораните и кафаните со луге, и на крај нешто што сите „бизнисмени“ забораваат, би добиле потрошувачите за кои постои економијата. Секој ке сака да проба од повеке ресторани. А таквиот настан би имал многу голема импликација во промовирањето на нашата најомилена брза храна „питата пастрмајлија“. Ке се издигне култот. За тоа ке слушнат и странците како што слушнаа за пивофест кој е едно од најдобрите организирани манифестации не само во Македонија туку и на балканот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom