Прашањето на темава е ШТО Е ПОЛОШО и нема потреба од знак на равенство кога станува збор за болеста на зависност...но коцкарот и наркоманот ќе можеш да ги разликуваш по изгледот..коцкарот бара финансии за да се коцка, да игра а наркоманот бара финансии за својот живот да го коцка, својот физички изглед да го уништи..како и да е, мислам дека ако некој родител би требало да бира за своето дете од овие два порока, сигурно дека би ја одбрале коцката како подобро зло.
... паааа, не би се сложила со ова констатација, оти зависи во кој стадиум е коцкањето и зависи личноста каде ќе застане или ќе иде до крај!
...првиот стадиум е коцкање од забава заради добро поминато друштво и забава и тука не е важно кој добива или губи и парите воопшто не се важни и вакво коцкање нема негативни последици ниту по околината ниту по здравје, ако се застане до тука!
... кога коцкањето создава промени во секојдневниот живот во негативна конотација во секоја сфера на секојдневието и во финасиите тогаш веќе имаме појава на пролематично коцкање!
... доколку проблематичното коцкање, веќе толку навлезе во секојдневниот живот на личноста која веќе ја губи контролата тогаш зборуваме за патолошко коцкање кое според меѓународната класификација на болести спаѓа во група на пореметување на однесување и контрола на импулси и нагон и отсуство за прекин на извршување на таква активност (F63.0).со што самата личност која се коцка има чуство на напнатост и возбудување пред самото коцкање за на време на самото коцкање истата личност веќе чуствува релаксираност и задоволство!
... после коцкањето доколку „се изгуби“ некогаш доаѓа кај личноста до појава на каење и чувство на кривица со тоа личноста која се коцка навлегла во првата фаза на патолошко коцкање-психичка зависност!
... кога личноста која се коцка нема професионална помош да се извлече од ова болест доаѓа до следна фаза, каде телото веќе зависи од таква потреба на релаксирање и возбуда за да ги истисне секојдневните проблеми кои создаваат несоница, немир, нервоза, главоболка, и тука веќе телото „тера“ личноста да се коцка и тука веќе е крајната фаза на физичка зависност од коцкање!
... така да, ако личноста не добие професионална медицинска помош заедно во соработка со неговото семејство, тоа патолошко коцкање навлезено во негова психа и физичка зависност е во состојба неразумно да се однесува, да посегне по незаконски методи и постапки да дојде до таа негова психо-физичка зависност коцкање, што воопшто не е далеку споредбено со личност кој зависи психо физички од дрога или силни психотропни супстанции, подеднаква е зависноста и последиците на тој зависник и неговите постапки кон околината, домашните и кон себе!
...и токму такво размислување, дека мајката повеќе би одбрала „коцкање“ наместо „дрогирање“ од двата порока за својот син, укажува на опасноста на ова зависност од коцкање што не е веднаш видлива психо-физичката зависност како кај дрогирањето!
што мислиш играњето спортска прогноза не спаѓа во ова болест на зависност од коцкање? зависи во која фаза е „играчот“ во забавна рекреативна фаза, психична зависна фаза или комбинирана психо-физичка зависна фаза на болеста!
... така да двете се лоши, нема издвојување за полошо!