Кочани - најчисто место :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Wolf Pack
  • Време на започнување Време на започнување
LeoMessi јас ја знам.
Инаку базентот од кога ќе с еотвори ако знае некој Кочанчанец?
 
ЌЕ СЕ НАПЛАКА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ?



32453p2.jpg
Идејата која веќе неколку години е присутна меѓу одговорните во Локалната Самоуправа и кај сопствениците на возилата, посебно кај оние кои живеат во зградите во Централното градско подрачје, по се изгледа дека набргу ќе биде реализирана.

Дознаваме дека се работи на Проект според кој сите оние што ги паркираат своите возила надвор од гаражите ќе мора да плаќаат за користењето на паркинг просторот.

Така нема повеќе да има хаварисани или нерегистрирани возила по слободните места предвидени за паркирање. Оној кој ќе сака неговото возило да си го паркира ќе мора да плати.

Идејата дека станарите на зградите ќе треба да имаат одбележан нивен простор за паркирање, нормално за што и ќе треба да плаќаат исто така ќе биде тема на планирањето бидејки наидуваат летните месеци и во градот се очекува инвазија на наши луѓе кои работат во странство па ќе се настојува да не се случува како што беше досега станарите од зградите да си ги паркираат своите возила и на оддалеченост од 500 метри од нивното место за живеење.

Но сега засега по се изгледа дека има еден мал проблем кој може да ја закочи оваа идеја во нејзината реализиција. Уште не е утврдено дали тоа ќе биде работа на Локалната Самоуправа или сиот слободен простор ќе се даде на некоја фирма под концесија која ќе стопанисува со слободниот простор за паркирање.

Како и да е, добро ќе биде барем за сопствениците на возилата, посебно за оние кои имаат поскапи автомобили, бидејки тие ќе плаќаат за паркирањето на нивните возила но за возврат ќе бараат нивните возила да бидат заштитени, па нема да може некој да ја оштетува бојата на возилата од задоволство, бидејки ако се случи нешто такво сигурно е дека тогаш штетата ќе мора да ја надомести оној кој ќе ги собира средствата за паркирање.

Како што дознаваме овој Проект ќе биде ставен по се изгледа на разгледување на првата наредна седница на Советот на општината Кочани.


уште тоа и фалеше .. -.-
 
koja e taa?? inaku bazenot da sme zdravi i zivi najverojatno nema da se otvara...
 
Кочанчани шо правете бе?
Нешто не сме ногу активни на Кајгана.
И оваа година нема прскање против комарци....Кој ќе ги трпе..:/
 
Сс комарци много ви е лоша работа, како и да е аутан е мајка, мене лично много ми помогна имаше големи проблеми:))
 
Имам едно прашања: колку е Скопје-Кочани повратна карта со автобус, а колку со воз (ако сообраќа) ?
 
Имам едно прашања: колку е Скопје-Кочани повратна карта со автобус, а колку со воз (ако сообраќа) ?

Со автобус повратна е 450 ден. (Кочани-Скопје-Кочани има попуст и е 300, али мислам дека овоа не важе за Скопје-Кочани-Скопје).
Со воз беше 275 ден. повратна, најверојатно уште е толку.
 
Кочани изненади, многу убав град на истокот од Македонија, не очекував толку, но многу ме бендиса. Како да е се кул таму. Дали е до воздухот или незнам....

321094_10150305931309831_661794830_7585832_981520342_n.jpg

292088_10150305931244831_661794830_7585830_1962625158_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom