Koнкурс за менаџери и тренери ФФМ/ФИФА/УЕФА

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99

УСЛОВИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ЛИЦЕНЦА

ОВЛАСТЕН МЕНАЏЕР ЗА ТРАНСФЕР НА ФУДБАЛЕРИ
(Лиценцата важи за цел свет)

1. Молба за пристапување на испит ;
2. Кратка биографија ;
3. Доказ за државјанство на Република Македонија (Пасош или копија од пасош) и доказ дека најмалку две години без прекин живее во Република Македонија (уверение за постојано место на живеење). Лица со странско државјанство: доказ дека живеат најмалку две години во Република Македонија (уверение за постојано место на живеење) ;
4. Уверение (потврда) дека лицето не е осудувано, не постаро од шест месеци (го издава надлежниот суд) ;
5. Изјава на кандидатот дека во моментот не извршува било каква функција или е вработен во ФИФА, конфедерација, национален сојуз, лига, клуб или било која друга организација или правен субјект поврзан со овие субјекти ;
6. Изјава на кандидатот дека со поднесувањето на молбата за пристапување на испитот се обврзува да ги почитува статутите, правилниците, упатствата и одлуките на надлежните тела на ФИФА, надлежните конфедерации и национални сојузи ;
7. Доказ за уплата на такса во износ од 90.000,00 (деведесет илјади денари). Уплатата се врши на жиро-сметка на Фудбалската Федерација на Македонија, број : 300000001599760, Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака : испит за овластен менаџер за трансфер на фудбалери.
- По доставување на горе наведените документи и потврдата за уплата, ФФМ му доставува на кандидатот литература за подготвување на испитот.
- Испитите се одржуваат два пати годишно, во последната недела од месец март и последната недела од месец септември.
- Испитот е писмен : 15 прашања од прописите на ФИФА и 5 прашања од прописите на ФФМ и законите на РМ.
- По успешно положен испит, а како услов за добивање на лиценца за овластен менаџер за трансфер на фудбалери, кандидатот мора да склучи осигурителна полиса од професионална одговорност (најниска сума која треба да ја покрива полисата е ЦХФ 200.000) и да потпише Кодекс за професионално однесување.

Испит имаше сега на 15ти Април, наредниот е во Септември. Сите заинтересирани можат да се пријават во ФФМ.

Лиценци/ Тренери

Б, А, и Про лиценца

Полагањето за Б и А лиценца се одвива во Спортскиот центар Хотел Истатов во Дојран а за Про лиценца полагањето се одвива на Градскиот стадион во Скопје во присуство на членови од УЕФА и ФИФА.
Прво се почнува со полагање Б лиценца, со која стекнувате диплома за тренер на младинските и нискорангираните клубови во земјава
Со таква лиценца од УЕФА нашите тренери ќе можат да работат во странство, но само со млади категории, одкога ќе ја положите можете одма да уплатите и да полагате за тренерска А лиценца која ќе ви овозможи тренирање и водење на клуб од втора лига, како во земјава така и во странство после тоа следи последната и најценетата Про Лиценца од УЕФА, која ќе ви овозможи контролирање на клуб од првата лига во сите Европски и светски натпреварувања.
Годините не се битни, сите што се полнолетни можат да полагаат.
Све на све цената за полагање на сите три лиценци/дипломи ќе ве кошта околу 3000 евра.

Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
pred 2 godini za trener da se polaga trebase minimum 4 sezoni da igra nekade pa posle polaganje sega koj saka moze
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Да, да. и минимум 22 години за Б лиценца и 25 за А.
 
GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Минимум 3000 евра? Луди се овие бе. Стварно многу е. Има некој информации колку е тоа во Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија?
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Реков околу, значи мање више, а рачунај не е ништо поефтино во другиве држави само плус трошкови ќе си направиш. пат, смештај итн..
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Минимум 3000 евра? Луди се овие бе. Стварно многу е. Има некој информации колку е тоа во Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија?
Лиценца за менаџер 1500 евра,тренерска лиценца 3000 евра да бидеш менаџер на клуб во премиер лигата бесценето за се друго постои Футбал Менаџер 2010 ... :tv:
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69

УСЛОВИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ЛИЦЕНЦА

ОВЛАСТЕН МЕНАЏЕР ЗА ТРАНСФЕР НА ФУДБАЛЕРИ
(Лиценцата важи за цел свет)

1. Молба за пристапување на испит ;
2. Кратка биографија ;
3. Доказ за државјанство на Република Македонија (Пасош или копија од пасош) и доказ дека најмалку две години без прекин живее во Република Македонија (уверение за постојано место на живеење). Лица со странско државјанство: доказ дека живеат најмалку две години во Република Македонија (уверение за постојано место на живеење) ;
4. Уверение (потврда) дека лицето не е осудувано, не постаро од шест месеци (го издава надлежниот суд) ;
5. Изјава на кандидатот дека во моментот не извршува било каква функција или е вработен во ФИФА, конфедерација, национален сојуз, лига, клуб или било која друга организација или правен субјект поврзан со овие субјекти ;
6. Изјава на кандидатот дека со поднесувањето на молбата за пристапување на испитот се обврзува да ги почитува статутите, правилниците, упатствата и одлуките на надлежните тела на ФИФА, надлежните конфедерации и национални сојузи ;
7. Доказ за уплата на такса во износ од 90.000,00 (деведесет илјади денари). Уплатата се врши на жиро-сметка на Фудбалската Федерација на Македонија, број : 300000001599760, Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака : испит за овластен менаџер за трансфер на фудбалери.
- По доставување на горе наведените документи и потврдата за уплата, ФФМ му доставува на кандидатот литература за подготвување на испитот.
- Испитите се одржуваат два пати годишно, во последната недела од месец март и последната недела од месец септември.
- Испитот е писмен : 15 прашања од прописите на ФИФА и 5 прашања од прописите на ФФМ и законите на РМ.
- По успешно положен испит, а како услов за добивање на лиценца за овластен менаџер за трансфер на фудбалери, кандидатот мора да склучи осигурителна полиса од професионална одговорност (најниска сума која треба да ја покрива полисата е ЦХФ 200.000) и да потпише Кодекс за професионално однесување.

Испит имаше сега на 15ти Април, наредниот е во Септември. Сите заинтересирани можат да се пријават во ФФМ.

Лиценци/ Тренери

Б, А, и Про лиценца

Полагањето за Б и А лиценца се одвива во Спортскиот центар Хотел Истатов во Дојран а за Про лиценца полагањето се одвива на Градскиот стадион во Скопје во присуство на членови од УЕФА и ФИФА.
Прво се почнува со полагање Б лиценца, со која стекнувате диплома за тренер на младинските и нискорангираните клубови во земјава
Со таква лиценца од УЕФА нашите тренери ќе можат да работат во странство, но само со млади категории, одкога ќе ја положите можете одма да уплатите и да полагате за тренерска А лиценца која ќе ви овозможи тренирање и водење на клуб од втора лига, како во земјава така и во странство после тоа следи последната и најценетата Про Лиценца од УЕФА, која ќе ви овозможи контролирање на клуб од првата лига во сите Европски и светски натпреварувања.
Годините не се битни, сите што се полнолетни можат да полагаат.
Све на све цената за полагање на сите три лиценци/дипломи ќе ве кошта околу 3000 евра.

Дали може да полага секој што сака да го работи тоа, а не се занимавал претходно со фудбал? Дали се полага најпрвен само за Б лиценца, односно оние 90 000 денари се само за Б лиценца? Дали има уште некои трошоци освен тие 90 000 денари?
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Не не не, тие 90.000 денари се за Менаџерска лиценца за трансфер на фудбалери, значи во тимот кој го водиш ако сакаш да купуваш играчи мораш да ја имаш таа лиценца, ако не ќе треба да најмуваш агенти со истата за да можеш да го комплетираш трансферот на играчот кој сакаш да го донесеш во својот тим, а за ТРЕНЕРСКА Б лиценца е сосема различно.. и се плаќа од 500 до 800 евра не ме држи за збор.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Не не не, тие 90.000 денари се за Менаџерска лиценца за трансфер на фудбалери, значи во тимот кој го водиш ако сакаш да купуваш играчи мораш да ја имаш таа лиценца, ако не ќе треба да најмуваш агенти со истата, а за ТРЕНЕРСКА Б лиценца е сосема различно.. и се плаќа од 500 до 800 евра не ме држи за збор.
ОК tnx :smir:
Овие полагања за лиценцава секоја година се оджруваат?
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
бтњ.. ќе ги качам и линковите од скриптата во која ги има прашањата и лекциите за тестот за менаџер за трансфер на фудбалери. ги имате и на официјалниот сајт на ФФМ

Имаш редовно, за менаџери е 2 пати годишно а за тренерски лиценци има редовно.. јави се во ФФМ ќе ти објаснат све.

едит: јави се на овој број +38923129291.. и побарај го Маријан. ќе те пренасочат кај него и он ќе ти објасни све, он е задолжен за тоа.
 
Фала уште еднаш :smir:. Не сум при кеш сега да полагам, но имам некои планови за блиска иднина така да ќе имам во предвид.
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Извинете сега малце да се отворам и да ве напоменам онака другарски, дека не е така како што замислувате, значи многу многу е тешко и бара работа и учење, нема врска со игрициве фудбал менаџер, во играта се наведени некои правила али џабе е тоа.. али верувајте ми многу е потешко и покомплицирано, ако немате волја за ова не трошете узалуд пари пошто голема пара е во прашање.

Еве го и материјалот за менаџерскиот испит, научете го ова, уплатете 90.000 и станувате менаџер за трансфер на фудбалери со лиценца од ФИФA simple нели? :pos2:

Материјали за полагање на испитот за менаџери
FIFA Players' Agents Regulations 2008- (превземи)
FIFA Regulations on Status and Transfer of Players 2009 - (превземи)
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Баш ова барав пред некој ден,интересна работа ама и скапо е за овој стандарт што го имаме сега.Можеби ќе се проба во иднина.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Баш ова барав пред некој ден,интересна работа ама и скапо е за овој стандарт што го имаме сега.Можеби ќе се проба во иднина.
Скапо е ако го сфатиш како занимација. Ако планираш сериозно да се занимаваш со тоа, тогаш тоа е пристојна цена.
Семкара да треба да отвориш или гифт шоп, ќе ти требаат 3000-4000 евра за да пробаш да почнеш.
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Скапо е ако го сфатиш како занимација. Ако планираш сериозно да се занимаваш со тоа, тогаш тоа е пристојна цена.
Семкара да треба да отвориш или гифт шоп, ќе ти требаат 3000-4000 евра за да пробаш да почнеш.
У право си, не би го препорачал на никој кој ќе го свати како занимација.. а иначе за сериозна работа се исплати и тоа многу.. 70% од тренерите што се на Балканов немаат Про лиценци, некои се со Б и А (Ретко) а некои се и бивши фудбалери..
Ако ја положиш Про Лиценцата, наоѓаш работа одма.самата федерација ќе ти најде, но и Б и А лиценците не се лоши. ,со Про лиценца за почеток немоеш одма у некој прволигашки клуб во Англија или Италија.. али тука се Балкански, Скандинавски, и лигите од екс СССР државите, како и мала азија, Кина, Јапонија , Кореја и сл. за почеток одлично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom