Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ми текнаа уште клише фрази.

Кажи нешто
Не знам зошто, ама многу луѓе мислат дека треба константно да пљампаат нешто, и ај преку тоа може и да се помине некако, едноставно ќе се исклучиш а они нека си ломотат, ама проблемот настанува кога мислат дека ти треба константно да зборуваш нешто. Не знам кој им е филмот стварно, ја порадо би си ќутела, отколку да вртам некои тотално безвезни муабети, онака ради реда као "времево пекол леле не знам што ќе се прави" , "да, да на вести кажаа до петок ќе биде така"

Кажи нешто смешно
Да, еве сеа ќе ја стаам периката и црвениот нос и ќе почнам да изведувам циркуски точки за да те забављам.
Смешните работи не се кажуваат по нарачка јеботе, или бар јас не знам така да ги кажам, него онака уз муабет ќе ти текне некоја доскочица или нешто така.

И ти што друго ќе си кажеш?
Не знам што е финтата со ова, дали служи за одјебување и суптилно привршување на муабетот, али дефинитивно ми се крева косата коа ќе го слушнам, или евентуално прочитам.

Голема си, сама си знаеш
Ептен се напиздувам коа ќе прашам некого за совет или мислење за некаков проблем, и нема ни да ме ислуша до крај туку ќе ми го плесне ова. Океј, голема сум, али ете сакам да слушнам и туѓо мислење, а ако те мрзи да се замараш, у реду е, али немој бар вакви клише фрази да ми вртиш.


Голема да расне и да биде убава на мама и паметна на тато.
Да, пошо нели знаеме дека мажите по дифолт се грди и паметни, а сите жени се убави и глупи.
Мислам дека многу пологично би било да посакаш детето да ги наследи најубавите особини од родителите, кога веќе му посакуваш нешто. Коа сме кај деца, има уште еден клише муабет, онака коа ќе му честиташ на некого раѓање дете и овој/оваа ќе почне да замара "Ај па и ти да си родиш едно, те личи, дрн-дрн јариња." Не зборувам за ситуации кога ова се вика само онака, од куртоазија, туку кога баш ќе почнат да напињаат. Да сакав дете ќе родев јеботе, ете ти имаш и уживај со него без да се замараш со другите. Или па ако особата што честита веќе има едно дете, почнуваат со муабети од типот "Aj па и ти да му родиш на Тео братче или сестриче, да си има занимација, а таман и Стефан наш ќе има другарче. Тео, што сакаш мама да ти роди, братче или сестриче? Паметен тој на тета!" (а Тео само зјапа и нема поим шо се дешава, што е и логично пошо нема ни година дена.
 
Почеток на неделата
- тој: Еј пеер ај да се видиме викендов
-ти: Ај важи.
-тој: ај се слушаме
(нема гледање)

Почеток на втората недела
Почеток на неделата
- тој: Еј пеер ај да се видиме викендов
-ти: Ај важи.
-тој: ај се слушаме
(нема гледање)


......................

Година дена подоцна
Почеток на неделата
- тој: Еј пеер ај да се видиме викендов
-ти: Ај важи.
-тој: ај се слушаме
(нема гледање)


Зошто мора да се води ваков муабет?:(
 
Повик за на интервју :
Па ти си преквалификуван за оваа позиција!
Сеедно јас само барам нешто да работам!
Ех ќе ти здодее ова ај ти ќе те викнеме кога ќе се отвори нешто ко за тебе!
Позиција за која си квалификуван:
Си работел некаде ?
Не пред дав -три месеци имамк дипломирано имам само пракса.
Па ти знаеш колку кандидати ми имат дојдено што воделе фирми?
И сеа ја што да правам :facepalm:
 
Леле машала колкав си пораснал.

На свадба кога ќе ми кажат ај и на твоја глава :facepalm:

Исто и кога го шетам кучето и некој ќе ме праша машко е ? Шо раса е, како се вика ?? Душа е...
 
За детено кога ќе ми кажат: „Плукната ти!“ (ова после 6 секунди студиозно проучување)... А тоа врска нема, по-неличење здравје....
 
"нема леб тука, џабе учиш, се е со врски, ќе видиш, нема иднина у државава, бла бла, кур се тресе у ладна вода"

ај у курац глејте си работа ебате
 
Што е твое ќе си дојде, а тебе ич кур да не ти чуе. (Yeah right)

Тоа е... (еднаш не ми смета, али ако го користи нон стоп ми иде у пм да го отерам)
 
Кога некој ќе си фате женска и одма следи коментарот -Ајде лапај сии... :cautious::facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom