Клетници - Виктор Иго

  • Креатор на темата Креатор на темата shema77
  • Време на започнување Време на започнување

shema77

Borriello
Член од
30 јули 2009
Мислења
432
Поени од реакции
7
Ми треба помош околу ова дело,доколку некој има содржина или пак во кратки црти некои побитни настани ве молам нека пише нешто...фала однапред:smir:
 
„Клетници“ е роман на Виктор Иго (1802- 1885), во пет тома, кој првпат е објавен 1862 година. Тој е еден од првите бестселери во тогашното издаваштво. Станува збор за возбудлив моралистичко-хуманистички роман во кој Иго ја отсликува широката друштвена состојба на Франција, добата после Француската револуција и Наполеоновите војни

Романот го следи животот на главниот јунак Жан Валжан, поранешен робијаш со број 24601, кој бара начин да си ги откупи гревовите и да започне нов живот. Токму преку неговиот лик, Иго ја отсликал поентата на романот - дали да ја кажеш вистината по цена на вечно осамеништво или, пак, да молчиш и да дозволиш да те сакаат без вистински да те познаваат?! Валжан секогаш ја одбира првата опција и токму поради тоа постојано е оттурнуван од општеството.
Покрај Жан Валжан, во романот се појавуваат и цела галерија ликови со своите приказни, судбини и емоции. Едни од највпечатливите се ликовите на Козета, Фатина, Гаврош, Мариус, Тенардиеви итн. Романот расправа за проблемот на доброто и злото, правдата и законот, политиката и религијата; во контекст на француската историја и карактеристичните судбини на главните протагонисти.

Овој роман Иго го напишал за време на неговиот егзил на островот Џерси (1860-1862). Книгата е толку добро прифатена во светот што врз нејзина основа се направени голем број на филмови, драми и слично.
Иго е еден од великаните на францускиот романтизам (и покрај тоа што романов има одлики и на романтизмот и на реализмот).
 
Книгава е закон. Земи прочитај ја !
 
Moze li nekoj da mi dade kratok opis za Kozeta, Fatina, Gavrosh, Tenardievi? Fala odnapred :)
 
Книгава е закон , можеби најдобрата која сум ја прочитал иако имаше околу 1500-1600 страници , убедливо најдоброто нешто од Иго иако некои го фаворизираат Звонарот....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom