Катастрофа.
Каролина - Сент Луис
Сент Луис два шута на голот, два гола.
Мењаат голман Каролина и се стабилизира играта ама џабе.
Тоа е тоа, колку и да е добар голманот ако направе вакви грешки готово е, ја руше цела игра.
Не дека Khudobin е нешто јак голман ама пак има GAA 2.30.
Сент Луис прв шут, гол.
Втор шут, гол.
Срамота е.
Њу Џерси ги уништиле.
Само 14 шута на голот а Питсбург 43.
Како што изгледа Letang, Crosby, Kunitz пак преработија, уште Малкин да му се врати само.
Многу грешки направив и јас, му дадив шанси на послабите екипи.
Колорадо - Нешвил
На голот не беше потврден никој ама по се изгледаше дека ќе бране Хутон ама еве не бранел тој.
Mazanec бил на голот со GAA 2.26
Нешвил на Сент Луис 4 гола му даваат а сега 0 на Колорадо.
Минатата меѓу нив беше пред три дена во Нешвил, 3-3 па победи Нешвил во продолжение.
Ванкувер - Бафало точно 6 гола имаше паднато и Ванкувер даваат гол во 19 минута, поточно 19:25, 35 секунди пред крајот, даваат гол во празна мрежа, Бафало без голман со + еден играч.
Колку да ми скинат тикет.
За вечер гледам има супер утакмици, вчера беше да не кажам со сила напишано.
Ќе направам неколку анализи после ама малку покасно, ќе почекам да испадне инфо за се со потврдени голмани.
Ќе се извадам за овие промашените вчера.