Кирил Поп-Христов (КИЛИ)

Мислам човече, Кили ко Кили , за мене феноменален актер, добар музичар, доста искулиран тип шо сака и како сака си прави, живот си живее, никој не треба да го осудува за тоа што и како прави негов живот си тера.
 
Ајде земете камењата и мавајте по него.
Зашто толкаво задоволство да се оцрни некој,осуди???
Се дрогирал па ова па она??
Па кој нема или немал пороци?
И што сеа ако се дрогирал па на крајот на краиштата ако се дрогира и сега?
Па зашто имал србизми во неговиот вокабулар?
Мислам дека тоа е убавината во човековото живеење,зашто не сме сите исти и не наликуваме еден на друг.
Никој не збори исто ко него,нема исти гестикулации,не е на таков начин интересно луд и затоа КИЛИ е КИЛИ и не е првиот твој комшија што се пази што ќе направи на улица да немало муабети за него.Ако ги занимаше ова,Кили,Јанко,Хелена и кој уште не одамна немаше да ги гледаме на телевизија ама и они знаат дека и ние имаме мани само што нема некој вака јавно да ги истакне (или нема право,сеедно)
Мене ми е ок.
 
Упсс незнаев за тоа, секако дека не е доколку е вистина, јас знам дека се излечил и посветил на фамилијата.

Во секој случај тој за мене останува интересен и многу комичен човек, откачен.
Зависи :D
Ок типче е, целосно е отворен и го мисли тоа што го зборува. макар на моменти знае да забега прилично.
 
Како и многу од македонската јавна сцена, така и Кили ми е промашај на велико.
Сум немал прилика да бидам во контакт со него а ниту пак сакам да ја имам.
Едноставно, одвратен ми е и со начин на зборување и со понашање во јавност. А сигурно не се понаша поубаво приватно.
 
Кили ти е контроверзна личност.

Знаете има музика која во еден момент можете да ја слушате и да ве расположи и истата таа музика во некој друг момент да ја мразите и да ве нервира до бесвест. Епа истото е и со Кили, некад е кул и забавен дечко, а некад просто иритира.
 
Распрдачена провинција си пенетрира по Скопјево и се занесува дека станале граџанство и ќе ми вреѓаат скопски легенди демек типов го виделе на медиум, ваков бил, таков бил.
Типов си е бре позитивен џанак, кој сака да му се диви нека иде во театар а таму сигурен сум ќе остане со подзината уста и другпат нема да мрчи. (y)
 
Кој си бе ти да кажеш распрдачена провинција жити се??? Прашај по дома од кај ти е потеклото па после шиткај муда за бубрези. Јас си знам дека пра пра дедо ми е од Топана и пра пра баба ми од Дебар Маало а ТИ?
Секој има свое мислење, ако за тебе џанак е фраер тогаш за друг е наркоман.
ПС. кога си бил последен пат во театар???
Гарант си мислел МНТ е редакција на МТВ пффф(n)
 
Со вакви шерифски муабети нигде нема да стигнеш, зошто не пробаш да напишеш нешто на темата?

ОН:
Мене Кили ми е баш океј лик во тоа што го работи, а тоа е глумата. Го имам гледано во повеќе театарски претстави и филмови, едноставно човекот го бива, си ја погодил професијата.

А за тоа што прави во неговиот приватен живот најмалку ме интересира, нити ми е пријател, нити роднина па едноставно само уживам во неговото дело како актер, што и после него ќе остане запаметено.

Во врска со дрогата и слични срања воопшто не го оправдувам, но во историјата се покажало дека секој "напреден" ум што гледа малце поразлично на работите од своите современици е окарактеризиран како будала, а најчесто и поради тоа конзумира недозволени средства со цел да доживее некоја екстаза и да си го направи животот поинтересен, бидејќки здодевното секојдневие не е за него.

Секогаш ќе има вакви ликови, а ние само можеме да уживаме во нивната професионална работа (без разлика дали се поети, писатели, глумци, режисери, музичари), а нивниот приватен живот да им го оставиме на нив самите.
 
Типот е навистина феноменален и легенда навистина има многу позитивни особини кај него, разговорот течи како да читате поезија, актер како актер си ја сфатил професијата, е сега некогаш е малце напорен, али ај да речиме од лавовското его што го има, али за муабет со него треба да сте добар слушател. Кили екбер!
 
Со вакви шерифски муабети нигде нема да стигнеш, зошто не пробаш да напишеш нешто на темата?

Шериф на форум?? ај преиспитај се? Фрустрираат такви фраери јебига друже
 
Шериф на форум?? ај преиспитај се? Фрустрираат такви фраери јебига друже

Не ме сфаќај погрешно, само не ми се допаѓаат муабети од типот "А кој си па ти да кажеш ова, кој си ти вака да мислиш" и сл. Ајде
да не ја грдиме темата, не мислев да се расправам и онака. Извини ако те навредив со нешто. ;)
 
Уметник не е уметник ако не е забеган и скаран со реалноста. Кили го почитувам од проста причина што си е тотално слободен човек, го прави она што сака да го прави во моментот и не се замара со туѓите мислења. Од мене има потполн риспекат!
 
Никогаш не сум можела да го поднесам начинот на кој зборува и на кој се однесува. До душа човекот не ми скривил ништо ама не можам да го поднесам тотално. :X3:
 
Никогаш не сум можела да го поднесам начинот на кој зборува и на кој се однесува. До душа човекот не ми скривил ништо ама не можам да го поднесам тотално. :X3:
Ако не можеш да го поднесиш човекот не ги замарај другите и не ми го губи времето да те читам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom