Феномен
Џомба
- Член од
- 21 август 2008
- Мислења
- 4.837
- Поени од реакции
- 111
Кинескиот гигант Хајер влегува во Бунарџик. Новата хај тек фабрика идниот месец ќе почне да се гради во зоната.
А до крајот на годината таму ќе почнат да се прозиведуваат ЛЦД монитори, телевизори, деск топ и лап топ комјутери и други производи. За оваа инвестиција деновиве договор за заедничко вложување потпишаа Три вју ЛТД од Јужна Кореја и Хајер од Кина. Претходно пак корејската компанија потпиша Меморандум за разбирање со македонската Влада.
При потпишувањето на меморандумот во октормви минатата година беше најавено дека во Бунарџик Корејците ќе произведуваат ЛЦД монитори и телевизори. Според плановите на двете компании од Далечниот исток, во фабриката во скопската економска зона ќе се вработат околу 200 луѓе, а ќе биде отворен и регионален истражувачки центар за ИТ решенија.
Корејската компанија Три вју е специјализирана за производството на ЛЦД монитори и телевизори, со сопствени производствени капацитети во Јужна Кореја и Кина. А гигантот Хајер е рангирана како четрвта во светот по големина за производството на бела техника. Според Форбс и Форчан, Хајер е најбрзо растечка компанија во светот со над 50.000 вработени.