Кичево

  • Креатор на темата Креатор на темата Стрелец
  • Време на започнување Време на започнување
^
Што вика точно не може добро да се слушне?
 
Во комшии имам 8 члено албанско семејство, не се стапнати 22 години тука, куќата пред паѓање, и сепак дојдоја да гласаат... Прашањето е ЗОШТО ???? Тие одма си заминаа и сега никогаш нема да се вратат..

Вистина е дека имало платен автобус и за македонци во Србија, Словенија, Хрватска..
Во комшии дојдоја 4 члено Македонско семејство од Словенија, дошле во 13часот, и тргнувањето од тука за назад било во 18часот...
Тие, тие 5 часа ги искористиле со одење кај пријатели, да се видат со ќерката, да прошетаат низ град... Меѓутоа што е најбитно НЕ ПОШЛЕ НА ГЛАСАЊЕ..... Ејјј за такви треба да се направи никогаш да не стапнат во МК, да си го платат превозот...
Овие на секој 4/5 месеци идат, седат тука по 1/2 недели...
E па тоа е што ми ја мачи душата за џабе превоз одат на 5 часа 1000 км. Ама за гласање заборавиле а после викаме Гриевски е крив Албанците се криви, сите се криви само ние не, еве докас какви малоумници се нарекуваат Патриоти за Македонија.
Па како не име е срам јас се срамам лично за такви Македонци, иако има слични случаи во мојата фамилија.
 
Не генерализирате, знам доста Македонци од Кичево кој дојдоа сами неорганизирани, ја 2004та дојдов на референдумот само за гласајне, значи од еден случај не носете заклучок дека сите така правеле. Плус и немаше некоја организација за превоз на Македонците како на пример кај Албанците ако веќе префрламе вина. Кичево поради други причини се изгуби.
 
Под клуч малце темава додека се одмори од политика :)
 
Првото училиште на македонски јазик заборавено од државата

Од училиштето во селото Подвис, Кичевско, каде што првпат се одвивала настава на македонски јазик, во септември 1943 година, на првата слободна територија во Македонија, денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево - Охрид

Во годините кога во Македонија значително се инвестира во заживување на обележјата од националната историја, еден исклучително важен белег целосно е заборавен од државата. Тоа е училиштето во селото Подвис, Кичевско, каде што првпат се одвивала настава на македонски јазик, во септември 1943 година, на првата слободна територија во Македонија. Денес од ова училиште е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево -Охрид.

- Додека училишната зграда беше во добра кондиција, на неа беше поставено спомен-обележје, што посочуваше дека тука првпат во земјава се одвивала настава на македонски јазик. Но под товарот на годините и човековата негрижа, училиштето почна да распаѓа и да се урива. Пред неколку децении од Дирекцијата за заштита на културните споменици побаравме да се изврши санација на училишната зграда. За жал, не постоеше интерес од таа страна, не се интервенира и објектот од ден на ден се претвора во урнатина. Откако жителите на Подвис увидоа дека државата нема интерес за негова ревитализација, ја дислоцираа спомен-плочата и ја донесоа во селото - вели Добре Лазарески, едно од седумте деца на првиот учител на македонски јазик во Македонија, Василко Ристески од селото Подвис.

Дополнителни напори вложи и довчерашната општина Другово, на чија територија се наоѓа селото. Од нивна страна беше побарано да се реконструира објектот, целосно да се изгради нов пат, за да можат луѓето што транзитираат по магистралниот пат Кичево - Охрид, потоа училишни екскурзии и добронамерници, да го посетат овој локалитет.

- Уште во првата година од мојот мандат за помош се обративме до Министерството за култура, но министерката Канчевска-Милевска ни посочи дека овој објект не е во нивна надлежност, туку за помош треба да се обратиме до Дирекцијата за заштита на културното наследство. Во повеќе наврати ја посетивме оваа институција, разговаравме со нејзиниот директор Паско Кузман, но секогаш добивавме еден ист одговор, дека моментно нема пари за санација на училиштето и во блиска иднина да не сметаме на нивна поддршка. Ние како мала и сиромашна општина не можевме ништо да промениме, згора на тоа, училиштето како заштитен споменик на културата е од поширок општествен интерес и затоа неговата реконструкција требаше да ја финансира државата - рече досегашниот градоначалник на општината Другово, Добре Никоски.

Инаку, од таа генерација ученици од селата Подвис и Пополжани сѐ уште се живи Драге Дамјаноски, Стамболе Божиноски и Благица Ристеска, ќерка на првиот учител на македонски јазик.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42013824138&id=9&prilog=0&setIzdanie=22861
 
Репортажа: Кичево, Китино Кале – Китин град

off-road-Krusino-4.jpg


http://kicevo.mk/reportaza-kicevo-kitino-kale-kitin-grad/
 
Не е баш толку катастрофа како што кажува мојот пријател новинар Зоран А.Вратите од стариот резервоар точно е дека се украдени,фалат некои бисти како и во целата држава каде се кради бронза,но парковите и дрвата се одржуваат.Сечењето на дрвата беше во периодот околу 1996-98 каде се сечеа старите и суви дрва,а тоа го искористи еден сопственик на радио кој исече неколку борови околу антената,наводно сметале на зрачењето на антената.Имам некои слики ама се 2-3 години стари,а не верувам дека е сменета состојбата многу
 
Летоска бев горе, ок беше иако треба да се дотера просторот. Сега текстот малце драматизира и поред тоа судев, веќе и летоска 1-2 бести не беа тука, можеби сега се повеќе. Ме загрижуваше тоа, што споменикот најгоре се оштети, барем така ми се чини судеќи поред текстот.
 
Како е животот во Кичево по победата на Дехари, има ли притисоци, проблеми со албанците или се е ок? Јас инаку имам потекло од Ехловец од на мајка ми страната и многу ми беше криво кога победи ДУИ. Во Кичево сум била само еднаш кога бев многу мала и на ништо не се сеќавам , а баш би сакала да го посетам градот.
 
Не е ништо сменето после победата на Дехари,освен промената на сите раководни позиции во општината и ЈП Комуналец.Сега се политички законтрани уште повеќе,така да македонците гледаат на секој начин да ја блокираат сметката преку пуштање на фактури за наплата,и Фатмир освен што ги заврши проектите кои ги финансираше Светска Банка,нема што да прави друго.Највероватно мандатот ќе му помини со блокирана сметка.

Но најтрагично е што младите масовно се иселуваат,македонците бегаат во Скопје,а и младите албанци сега мислат дека све е готово па и тие бегаат во странство.Некако многу побрзо се пустоши градот него порано.

ПС:Значи ти си `мијачка`
 
Да , баба ми ми има кажувано дека Ехловец е единствено мијачко село во тој реон :)
 
Да,прво соседно мијачко село е Лазарополе,до кое со кола мора да се оди од кај Дебар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom