Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам дека ова на сите им е јасно. Исто така верувам дека до петок уште некој ќе го постави истото прашање :)
Кога може некој да го вергла истиот аргумент дека ете и од медицина исто полагале, а никој не се буни и со тоа свесно или несвесно (тука не навлагам) да шири дезинформации, кога воопшто не станува збор за истото, тогаш и јас можам постојано да ја верглам точната информација. Ич не ми е проблем.

Некој на крај ќе се откаже, а тоа нема да бидам јас.:icon_mrgr:
 
Ја отварам темава и глеам 4-5 страни непрочитани и викам ај ќе ги читам сите, ама кога видов пост „отидов со став против бојкотот, ама гласав за“ ми се дигна косата на главата...
Гарант од сите овие тука на форумов што не го поддржувате бојкотот, ретки се луѓето што како мене ќе се спротивстават и ќе се караат со пленумот...
Шо корист има ако сите тука се праите многу паметни и како тоа сите ја согледувате лошата страна на бојкотов, ако никој нема храброст да застане и се у лице да им каже ?
И после ние ќе расправаме политика и зошто се во општествово ни пропаѓа...
Па ќе пропаѓа баш ради вакви луѓе што се силни кога никој не ги знае, а се плашат да го кажат тоа што го мислат јавно, дури и ако тоа го кажуваат на некој кој и воопшто нема моќ...
 
Ама брат, сега во саботата на ФЕИТ имаше забава во нивна чест. Панк групи настапуваа. Јас нит слушам уште помалку љубам таква музика ама во чест на пленумци, викам ајде, ќе појдам. 80% беа луѓе на бендовите што настапуваат.
Момциве и девојкиве што бараат поддршка не ги ни удостоија со присуство.
Знам дека втор пат го пишувам ова ама стварно мислам дека е безобразно...
Furion панк група? Ауу човече, да имаше уште од црвенките ко порано, 10 ќе ти ставев. :D :D :D

Иначе никој не го стаил Кили бе? Уствари не, боље не, ќе се нафрлат еден куп луѓе и Пленумот ќе биде крив и за тоа што Кили напраил видено за нив. :D :D
 
Леее ме искара :) 200 пати нагласив дека не слушам, нит љубам таква музика :D

Иначе, има разлика од самоволна поддршка (Кили) и јавна покана (Џака).
Ако добро ми текнува имаше уште неколку луѓе што излегоа со видео...
 
Ја отварам темава и глеам 4-5 страни непрочитани и викам ај ќе ги читам сите, ама кога видов пост „отидов со став против бојкотот, ама гласав за“ ми се дигна косата на главата...
Гарант од сите овие тука на форумов што не го поддржувате бојкотот, ретки се луѓето што како мене ќе се спротивстават и ќе се караат со пленумот...
Шо корист има ако сите тука се праите многу паметни и како тоа сите ја согледувате лошата страна на бојкотов, ако никој нема храброст да застане и се у лице да им каже ?
И после ние ќе расправаме политика и зошто се во општествово ни пропаѓа...
Па ќе пропаѓа баш ради вакви луѓе што се силни кога никој не ги знае, а се плашат да го кажат тоа што го мислат јавно, дури и ако тоа го кажуваат на некој кој и воопшто нема моќ...

Знам дека карикираш на мене, ама ако присуствуваше на пленумот и ги сослушаше излагањата на професорите и на студентите, сите со аргументи кои држат вода, верувам дека и ти ќе го сменеше мислењето. Јас уште сум на дума, кога дојдов дома кога ставив на кантар се што беше речено и кога малце подлабоко размислив сфатив дека имаат пропусти и нивните размислувања. Мене не ми е проблем да станам пред 500 души и да речам не поддржувам. Ама се што беше кажано држеше вода и затоа гласав за.
 
На Телма гости се студентите.
 
Па и ти мене ме нападна со „кој сака имаше денес шанса да праша а не тука да пишува“. Јас културно те прашав, дали ќе сакаш да дојдеш на работа место мене а јас да присуствувам, да прашам што имам да прашам.[DOUBLEPOST=1424102585][/DOUBLEPOST]

Грешка у чекори :)
Па не важеше само за тебе општо зборев дека секој може да предложи. А и прво мислев студент си извини ако сум лошо разбрал.
У врска со ова што го рече дека си заминаа повеќето и ја си заминав и ги контактирав на фб да видам што ќе ми одговотат дали би им требало помош и како би им помогнал пошто нема корист да идам таму да дремам цела ноќ и така никој не знам.
 
Знам дека карикираш на мене, ама ако присуствуваше на пленумот и ги сослушаше излагањата на професорите и на студентите, сите со аргументи кои држат вода, верувам дека и ти ќе го сменеше мислењето. Јас уште сум на дума, кога дојдов дома кога ставив на кантар се што беше речено и кога малце подлабоко размислив сфатив дека имаат пропусти и нивните размислувања. Мене не ми е проблем да станам пред 500 души и да речам не поддржувам. Ама се што беше кажано држеше вода и затоа гласав за.
Не, нема да се премислам зошто мене ставов не ми е донесен преку ноќ. Имам мислено на оваа тема и сум изградил ваков став, кон кој ќе се придржувам и кој ќе го бранам независно од тоа дали некој професор или студент проба да си го одбрани тоа што он го застапува. Посебно после оноа што се случуваше меѓу мене и пленумот, нема сила што ќе ме натера да си го погазам она што тука го зборам.
 
Знам дека карикираш на мене, ама ако присуствуваше на пленумот и ги сослушаше излагањата на професорите и на студентите, сите со аргументи кои држат вода, верувам дека и ти ќе го сменеше мислењето. Јас уште сум на дума, кога дојдов дома кога ставив на кантар се што беше речено и кога малце подлабоко размислив сфатив дека имаат пропусти и нивните размислувања. Мене не ми е проблем да станам пред 500 души и да речам не поддржувам. Ама се што беше кажано држеше вода и затоа гласав за.
Ја лично бев неутрален у врска со бојкотот иако ги подржувам од почеток у се друго ама после тоа што го видов денес ги подржувам целосно.
Не е страв и немање храброст ако се согласуваш со нешто целосно.
Исто не е храброст да се глупираш со некои глупи муабети само да си контра. Претпоставувам ти си тој што колку пати и да ти беше одговорено имаше една иста реплика.
Искрено без навреда ми делуваше како новинар на Курир
По грешка те цитирав тебе , сакав членот ти што го цитираше погреши од телефон сум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom