Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Rozefka ти е, се гледа тоа уште во воведот во постот, кога зборуваш за креирањето на реалноста.

Дефетизмот како losh поим го профураваат луѓе на кои им е смачена реалноста и кои мислат дека можат да сменат нешто со својот rozef позитивен мисловен процес.

Не беше мојот коментар онаков за вака да реплицираш. Кога ти го читам коментаров и “аргументите“ твои, се губам - си викам: што сум напишал, сум заборавил, ова не ќе да беше вака.

Не ја создаваме ние реалноста според реакции и слични глупости на онаа “нормална реалност“.
Ме мрзи да дебатирaм, само ќе ти кажам дека по еден пост ти заклучи дека ми е rozefka реалноста. Јас не реков дека ќе се смени нешто, само дека подобро е нешто да се проба, отколку прва реакција да биде џабе. Нејсе, нека ти биде, стварно ме мрзи.

Tвојот коментар беше баш за тоа. Дека еве, гледате, како може да се смени реалноста, ако има “такви и такви“ кои се побунија за истата. Во таа твоја реалност, ова испадна едниствена работа која поттикна реакции за, нели, создавање нова реалност. Онаа што НЕ ЈА создават дефетистите, и за онаа за која треба позитивно да се размислува. Што ме води до заклучокот дека тоа е единствена реалност која не valja.
Не реков дека се смени нешто, само дека можно е да се смени и дека за да се смени потребно е да се побуни некој. Дека побунувањето е некаков почеток. Тоа ми беше поентата, сега ти што сосем друго си ме сфатил си е твое. Башка, за реалноста пак не си ме сфатил, јас дискутирам на темата која е зададена, ти носиш заклучок дека мислам дека тоа е единствено што не чини во системот, затоа што сум он-топик.


Што, пази дете, тоа не води до заклучокот дека, сепак, се е џабе.
Ако е се џабе, тогаш зошто коментираме, дискутираме и кукаме?
Тогаш не треба ни да збориме.

Тоа “каква таква правда“ не ни сакам да го коментирам. Релативизација на правда uber alles
Од сам себе се сопнал од кабли и удрил во клупа, притисокот си направи да има затворска казна. Не ја релативизирам правдата. Системски се потребни промени, но барем не пројде тоа дека се сопнал од кабли и си ја удрил главата во клупа. Не се заташка ко што тоа беше првичната намера.

Имам уште што да кажам, ама стварно ме мрзи. :)
 
10850093_752075504868887_1988307954446453247_n.jpg


Добро озбилно , @Dr.House , плачел за да биде заокружен :D Сегде го има :D:LOL:
На сите насловни по порталиве :D
 
Високото образование го испозаебаа на повеќе нивоа. Болоњската деклрација, тој фамозен ЕКТС кој не го сфатија ни во Владата ни во универзитетите. Таму не вика да се даваат тестови со заокрожување, таму не вика како да се полага, туку како да се студира. Второто беше навлегувањето во автономијата со измените и дополнувањата на Законот за високо образование во 2008 и 2011 (во 2011 дел од професорите протестираа ако ви текнува, но за жал тогаш против професорите не само што беа и од Владата беа и СПУКМ, а сето тоа да биде уште полошо, професорите немаа подршка или многу мала подршка од студентите). Дисперзирани студии на секој чекор, делење акредитации на универзитети ко локум и кафе за избори...Да се разбереме, вината не е исклучиво кај извршната власт, вината е и кај универзитетите, но и кај дел од студентите. Тоа значи дека треба промени ама прво со дијалог меѓу сите страни, а не со предлог од една страна, па ајде сеа као демек ќе иаме јавна расправа.

Не може концепт за промена да се базира врз основа на лаичко кажување дека „се купуваат дипломи“. Кој купува? Каде? Колку од студентите поминале со купување на диплома? 5 проценти, 10 проценти? Бројкиве ги нафрлав, но вистинската можно е да е измеѓу нив. Има методи со кои тоа може да се реши. Ако е корупција, бујрум нели антикорупциска комисија, па нека се истражи, па нека се поднесе соодветна пријава. Второ, Одборот за акредитација и евалуација што прави? Ако има факултет кој не исполнува критериуми, нека му се одземе или воопшто да не му се дава акредитација. Ако критериумите се прениски, нека се дигнат.
 
Последно уредено:
Порнографски портал.
Oна што на прв поглед не се гледа, но сè станува јасно кога ќе се ЗАОКРУЖАТ првите три букви во неговото име.
Резил!


jimH90G.jpg
 
Прво, баш си ја одбрал веста, можеше да свртиш на некоја од овие спинерските, за маршот од 2-3 илјади. Второ, премногу значење им давате. Ви викам, игнорирајте ги и нив и другите ко нив, не отварајте ги.
 
Гледам дека многумина сакаат да вмешаат и други проблеми во маршот на стдентите. Моментално нема потреба од тоа. Многумина се гневни и имаат што да кажат против некои одлуки, но во моментот доволно е фокусот да остане на бедната реформа во образованието. Успешноста на овој марш сама по себе подоцна ќе повлече дигање глас и за други битни проблеми со кои се соочуваме. Како што кажав, студентите набрзо ќе бидат инспирација за многумина да излезат на улица.
 
Гледам дека многумина сакаат да вмешаат и други проблеми во маршот на стдентите. Моментално нема потреба од тоа. Многумина се гневни и имаат што да кажат против некои одлуки, но во моментот доволно е фокусот да остане на бедната реформа во образованието. Успешноста на овој марш сама по себе подоцна ќе повлече дигање глас и за други битни проблеми со кои се соочуваме. Како што кажав, студентите набрзо ќе бидат инспирација за многумина да излезат на улица.
Тоа е поентата. Прво ќе му даде легитимитет на Студентскиот Пленум кој ќе се бори и за другите проблеми на студентите, второ како што кажа инспирација за другите да го искажат својот револт од било кој проблем.[DOUBLEPOST=1418474846][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Не те заебавам, туку ти викам дека пресериозно анализираш. :D Едноставно луѓето ги привлекува моќ, па дури и привидот на моќ. Се почувствуваа моќно на улица и затоа излегуваат. Затоа и имаш идеи и мислења како да се продолжи активноста, ако оваа битка некако ја добијат. :D

Оптимизмот не им е во насока на тоа дека правдата е достапна, туку дека моќта е лесно достапна и може да се преземе. Само треба да излезеш на улица.
 
Чудно како иначе антиамеричкиот Јаневски најде да ги споредува нашите студенти со тие во САД, дај спореди ги малце со руските студенти, говедо едно газолижaчко.
 
Што стана со трибината што требаше да се одржи вчера? Гледам на фб нема ништо околу тоа.
 
Што стана со трибината што требаше да се одржи вчера? Гледам на фб нема ништо околу тоа.
@true blue, го постираше евентот, најверојатно бил. Мене ме интересира Цуцуловски што рекол...
 
Што стана со трибината што требаше да се одржи вчера? Гледам на фб нема ништо околу тоа.
Се одржи, траеше некаде 3 часа, реално гледано, можда можеше и подобро, но мислам дека следен ваков настан ќе биде подобро организиран. Може да најдете видео снимки на а1on.mk, видов дека има, сигурно има и на 24вести нешто, МТВ и Алфа беа ама не проследија до крај.

@Not sure http://www.radiomof.mk/audio-iskren...-profesori-od-tribinata-na-studentski-plenum/ Еве ти најавентично што рекле сите 5 професори. Да не пренесам можда нешто лошо, секој од нив зборува по десетина минути. Мислам дека има и видео, не само аудио. После имаше и некои прашања од публика, искажување мислења, една студентка им плесна на деканите на Филолошки и Филозофски http://a1on.mk/wordpress/archives/422831 и тоа со право.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom