Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.312
Поени од реакции
3.697
Димитар Апасиев на времето бил буквално избркан како уредник во Универзитетското радио поради некакви си причини, а уствари знаеме зошто. Сега мислам е асистент на УГД, ако не се лажам. Воедно, активист во Ленка.
Просек 10,00 на Јустинијан Први, не знам зошто не го задржале како асистент.
После втора светска војна имало еден назив за тие што се залагаат за нешто „возвишено“ неподобни...
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.352
Поени од реакции
21.756
sto ako pisuva deka ne sum polozil pa si platam da pisuva deka sum polozil?
Џабе. Резултатот автоматски се испраќа до Одборот за Акредитација и Евалуација на Високото Образование, кој е составен од универзитетски професори.

Кога веќе имаш пари за фрлање, најдобра опција ти е воопшто да не се појавиш на полагање. Пред да се одржи полагањето, плати им на професорите кои ќе бидат дел од одборот, тие ќе те внесат во системот дека си положил, без воопшто да се замараш со полагање.
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Колку што знам, ова е дел од предлогот за државен испит, испратен до универзитетите. Секако ќе има јавна расправа околу тоа. Што ќе биде официјално, ќе видиме во наредните денови.
Јавна дебата ќе има исто толку колку шо имаше и за некои предхони реформи

Нема да има комисија за прегледување. Електронски ќе се полага, на компјутер. Се добиваат рандом прашања, по 5 за секој испит. Откако ќе го завршиш тестот, веднаш добиваш резултат дали си положил или не.
Ако нема комисија за прегледување ќе има комисија за составување прашања...што му доаѓа исто
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Јавната расправа почна завчера (тоа на 17ти беше загревање). „Вест“ пишува дека повеќе професори од УГД искажале негативен став према државните испити, на неколку факултети во рамки на УКИМ тоа е официјално, на други не е официјално, но е истиот став. Ќе почекаме до понеделник-вторник, сигурно ќе се знае кој каков став држи. Баш ме интересира што ќе се деси ако сите универзитети имаат ист став - против државниот испит. :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Jas 10 sekundi gi imam promaseno ama zatoa cimerov vo preden plan :icon_lol:(ako zborvis za videoto so Bozinovski)
Да за тоа видео и ја некако сум у преден план ко цимерот твој :D
Баш сеа на шител се глеав и се осеќав џоамити Бред Пит :ROFLMAO:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дали некој има информаци за 3 протест нешто во најава подготовки или активноста и протестите ќе зависат од тоа како владата ќе делува?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Дали некој има информаци за 3 протест нешто во најава подготовки или активноста и протестите ќе зависат од тоа како владата ќе делува?
Прво се чека ставот на универзитетите кој горе доле ќе се знае понеделлник-вторник. Нели таа интеруниверзитетска конференција. Јас искрено верувам дека повеќето ќе бидат против. Потоа ќе се чека на реакција од институциите на власт. Ако продолжат со водење инает и зачувување на гордоста, трет марш е многу веројатен.
Според мене, мој личен став.
Опција А: Владата не попушта за предлогот, се продолжува со притисокот во најразлични форми, една од нив е и трет марш (ако треба и 4ти и 5ти, се' додека не се откажат).
Опција Б: Владата попушта - седнување на маса и лоцирање на проблемите во високото образование и како тие би се решиле. Ама конструктивно, со анализи, истражувања и слично. А не Адеми и Груевски да излезат и да кажат: „Абе, се купуваат дипломи“.
 
Последно уредено:

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Не, никако не би се согласил со ова. Тогаш би прераснало во сеопшт протест и огромни би биле шансите да биде заборавена борбата против екстерното, па од студенти кои си го бараат правото, ова да се претвори у тешки политички препукувања, измешани со настани од минатото и којзнае кај ќе му биде крајот.
Така ќе се изгуби поентата на Студентскиот протест и ќе прерасне во нешто друго. Ќе стане протест за менување на власта.

Јас знам голем број на пријатели кои се отворени симпатизери на ВМРО, а присуствуваа на протестот. Ако се прошири темата и продолжат да доаѓаат опозициски функционери, ќе ги снема првиве како и дел од неутралните. Бројката ќе се намали, ќе се изгуби духот на протестов и ќе добие чист опозициски карактер.
Тек тогаш медиумската машинерија ќе го задуши ова за 5 минути.
Прво се чека ставот на универзитетите кој горе доле ќе се знае понеделлник-вторник. Нели таа интеруниверзитетска конференција. Јас искрено верувам дека повеќето ќе бидат против. Потоа ќе се чека на реакција од институциите на власт. Ако продолжат со водење инает и зачувување на гордоста, трет марш е многу веројатен.
Дечки мое мислење е дека никако не смее да се занемарат и другите општи социо-економски состојби во државава, од кои се засегнати и останатите граѓани, од кои дел и излегоа да дадат поддршка. Тие излегоа баш како што рече некој погоре, од немање друга прилика да го искажат својот став и незадоволство.Такви има многу. Едноставно постарите генерации(нашите родители) незнаат и неможат да се организираат во толкав број, да излезат и да го искажат своето незадоволство, а притоа без да се веат партиски знамиња над нивните глави. Ако знаеле и можеле досега ќе го направеле тоа. Видовте и сами со каква ракција не пречекуваа по улиците, што само посебе говори за сета таа нивна зачмаеност.

Точно е тоа што го кажавте Рики и Дамиан, во овој момент никако не смее официјално да се повикуваат опозиција, стечајци, земјоделци, да се придружат на протестите зошто тоа ќе биде сламката спас за која ќе се фатат владата и нивните полтрони, и конечно со сигурност ќе можат да потврдат дека опозицијата е организатор. Не дека досега тоа не го направија, ама се ми се чини дека ниту самите себе не си веруваат во тоа што го известуваат. А тоа нам ни оди во прилог.

Е сега, доколку владата остане глува на барањето на студентите и го изгласа законот, а особено доколку факултетите се изјаснат негативно во врска со предлогот, во тој случај мислам дека како обесправени граѓани чиј глас и став упорно се игнорира, правилно е да се повикаат сите незадоволни граѓани да се придружат на протестите, а со тоа вклучувајќи официјални покани кон сите опозициски политички партии, стечајци, земјоделци итн. но под услов протестите повторно да ги водат исклучиво студентите, според наши правила и услови. Мислам дека тие ќе го прифатат тоа без проблеми, без разлика што ќе им се наложи(без партиски и етнички симболи) бидејќи во моментот се во мизерна ситуација. Во таква ситуација, богами мислам дека ќе ја видат таа бројка што ја бараа од курир од 70-80.000. Да не заборавиме, трубеа дека опозицијата со сета логистика учествувала во маршот, што е смешно посебо што забораваат дека на нивните политички митинзи(од ВМРО и СДСМ) вообичаено влечкаат автобуси од други градови, а во средата апсолутно немаше такво нешто.

Како што кажа true blue, во моментов се чека и тоа е многу паметно. Тие се следни на потег. И јас мислам дека најголем број од факултетите ќе се изјаснат против, без разлика на провладините декани. Се додека законот не се стави во собрание на седница, протестите треба да се задржат во овај формат, ако и потоа си тераат по нивно мора да се направат нови чекори како тие што ги објаснив погоре. Никако несмее да се заврши се, ако го изгласаат! Мора да се продолжи уште пожестоко со нови идеи и концепти, ако сакаме да ја задржиме гордоста кон нас младите на постарите генерации, која ја креиравме во изминатиов период. Пред се, тука лежи и нашата иднина! Пред се! Не смееме да си дозволиме да се вратиме назад кон ситуацијата кога Македонија немаше младина, немаше студенти. Конечно излеговме од тоа сивило и несмееме да си ја дадеме така лесно, оваа нова позиција која ветува!

Уште нешто, гледам и се си мислам дека за некое време,ќе инсистираат на дебата со Студентскиот пленум. Како што е редот таму ќе појдат претставници од планумот кои сепак ќе бидат некои од нас мравките, во однос на тие мршојадци. Ќе пробаат да бараат компромис, за да се изнајде начин со некаков договор да го спроведат законот. Ќе пробаат можеби и со притисоци, ветување на партиски функции, поткупувања... Ако веќе се фативме на ова оро, дајте да се оди до крај, без да се потклекне под било какви притисоци! Ќе ве молам! Да не си го извалкаме образот само за личен профит, такви во минатово во Македонија има илјадници, и сите плукаме по нив. Не смееме да станиме дел од нив! Дајте да го обелиме образот на наште родители веќе еднаш!

За крај, да се потсетиме колку сме!
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Види, поканата за маршот беше упатена до сите граѓани на Р.М. Мислам дека не мора да се прати покана до стечајци, пензионери, вработени, хонорарци итн итн. Се прати само еден доополнителен допис до прететсдателите на партиските младини. Иначе Пленумов, моја желба е, а мислам и на многу други Пленумци, е да не се застане на овој проблем. Постојат милион проблеми на студентите. Али, отом-потом. :)
 
Точно, баш така, отом-потом. :)
Само да ти појаснам дека ваквиот повик како овај сега што беше и официјален повик, не е исто. При официјален повик би значело и ставање на таа цела логистика на опозицијата што ја кажуваа на сител, а тоа се носење на граѓани од други градови со автобуси. Е дури тогаш ќе бројат и ќе заокружуваат, само како што реков тоа е во случај да не се одважат и да не ги прифатат барањата на студентите. А се ми се чини дека ќе тераат инает. Има време, засега е супер концептот и треба да се продолжи во тој правец. :)
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Дечки мое мислење е дека никако не смее да се занемарат и другите општи социо-економски состојби во државава, од кои се засегнати и останатите граѓани, од кои дел и излегоа да дадат поддршка. Тие излегоа баш како што рече некој погоре, од немање друга прилика да го искажат својот став и незадоволство.Такви има многу. Едноставно постарите генерации(нашите родители) незнаат и неможат да се организираат во толкав број, да излезат и да го искажат своето незадоволство, а притоа без да се веат партиски знамиња над нивните глави. Ако знаеле и можеле досега ќе го направеле тоа. Видовте и сами со каква ракција не пречекуваа по улиците, што само посебе говори за сета таа нивна зачмаеност.

Точно е тоа што го кажавте Рики и Дамиан, во овој момент никако не смее официјално да се повикуваат опозиција, стечајци, земјоделци, да се придружат на протестите зошто тоа ќе биде сламката спас за која ќе се фатат владата и нивните полтрони, и конечно со сигурност ќе можат да потврдат дека опозицијата е организатор. Не дека досега тоа не го направија, ама се ми се чини дека ниту самите себе не си веруваат во тоа што го известуваат. А тоа нам ни оди во прилог.

Е сега, доколку владата остане глува на барањето на студентите и го изгласа законот, а особено доколку факултетите се изјаснат негативно во врска со предлогот, во тој случај мислам дека како обесправени граѓани чиј глас и став упорно се игнорира, правилно е да се повикаат сите незадоволни граѓани да се придружат на протестите, а со тоа вклучувајќи официјални покани кон сите опозициски политички партии, стечајци, земјоделци итн. но под услов протестите повторно да ги водат исклучиво студентите, според наши правила и услови. Мислам дека тие ќе го прифатат тоа без проблеми, без разлика што ќе им се наложи(без партиски и етнички симболи) бидејќи во моментот се во мизерна ситуација. Во таква ситуација, богами мислам дека ќе ја видат таа бројка што ја бараа од курир од 70-80.000. Да не заборавиме, трубеа дека опозицијата со сета логистика учествувала во маршот, што е смешно посебо што забораваат дека на нивните политички митинзи(од ВМРО и СДСМ) вообичаено влечкаат автобуси од други градови, а во средата апсолутно немаше такво нешто.

Како што кажа true blue, во моментов се чека и тоа е многу паметно. Тие се следни на потег. И јас мислам дека најголем број од факултетите ќе се изјаснат против, без разлика на провладините декани. Се додека законот не се стави во собрание на седница, протестите треба да се задржат во овај формат, ако и потоа си тераат по нивно мора да се направат нови чекори како тие што ги објаснив погоре. Никако несмее да се заврши се, ако го изгласаат! Мора да се продолжи уште пожестоко со нови идеи и концепти, ако сакаме да ја задржиме гордоста кон нас младите на постарите генерации, која ја креиравме во изминатиов период. Пред се, тука лежи и нашата иднина! Пред се! Не смееме да си дозволиме да се вратиме назад кон ситуацијата кога Македонија немаше младина, немаше студенти. Конечно излеговме од тоа сивило и несмееме да си ја дадеме така лесно, оваа нова позиција која ветува!

Уште нешто, гледам и се си мислам дека за некое време,ќе инсистираат на дебата со Студентскиот пленум. Како што е редот таму ќе појдат претставници од планумот кои сепак ќе бидат некои од нас мравките, во однос на тие мршојадци. Ќе пробаат да бараат компромис, за да се изнајде начин со некаков договор да го спроведат законот. Ќе пробаат можеби и со притисоци, ветување на партиски функции, поткупувања... Ако веќе се фативме на ова оро, дајте да се оди до крај, без да се потклекне под било какви притисоци! Ќе ве молам! Да не си го извалкаме образот само за личен профит, такви во минатово во Македонија има илјадници, и сите плукаме по нив. Не смееме да станиме дел од нив! Дајте да го обелиме образот на наште родители веќе еднаш!

За крај, да се потсетиме колку сме!
Колку е возбудливо и емотивно клипчево со се музиката, АЛАЛ да им е на СТУДЕНТИТЕ, овие масовни историски протести е ДОКАЗ дека сепак ова земја има иднина,надеж и преспектива со овие златни и интелегентни млади...:)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Оваа багра нема никаков срам, јас сум од таа генерација што фатив кога студирањето беше одлично. Доволно тешко за да се направи филтер за да се види која може а кој не да заврши факултет. 20 посто од студентите ја минаа прва година на економски без да пишат квадрат во 2007ма. Потоа настапи портокаловата револуција со факултет во секое село и за неколку години се се упропасти. Е сега со мизерни идеи ќе го решаваат проблемот што тие го креираа.

Па и овие нивните полтрони се осмелуваат да плукаат по цел ден и ноќ затоа што некој се осмелил да му каже НЕ на реформаторот

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6F6DE91F2D5D654E84A4DBD7C7D1A61F
 
Последно уредено:
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Многу ми е вака фино кога ќе се избаци некој со теорија дека имам јас rozefka реалност, а јас никаде не реков дека со сигурност ќе падне и дека сум најголемиот оптимист. Но, не тргнувам одма со ставот “нема ништо да биде, се е џабе“. Пред првиот марш, сите мислеа дека 100 души ќе се соберат, се собраа многу повеќе. За вториот мислеа ќе има помала бројка од првиот. Бројката беше поголема. Не ми е мене rozefka реалноста, ама ич, не се секирај. Ама комплетен дефетизам, каде прва реакција е безусловно секогаш - џабе, ме нервира. Се убаци сред тема и според еден пост заклучи дека rozefka ми е реалноста. Ок, фино.

Ако одиме по мојот пост.
Чекај малце.
Темава е за екстерното, не е за цела држава. Во темава се зборува за оваа мерка. И јас дискутирам за истата. И си земал врз основа на конкретна тема и конкретна работа за која се дискутира да носиш заклучок дека некој мисли дека тоа е единствената работа која не чини. Нема никаква логика.

Тие што се побунија, не викаат дека само ова не чини. Но, решиле да го дигнат својот глас за нешто. Мора од некаде да се почне. Нели до вчера никој за ништо не се бунеше? Не можат овие студенти за секоја работа што не чини во исто време да се бунат. Се почнува со мали чекори.
Во државава во која X години немало асален протест, одеднаш не чини тоа што студенти се побуниле за нешто, макар и најмаргинално како што велиш ти.

Мене муабетот ми е дека мора од некаде да се почне.
Има милион проблеми, милион работи, но за секоја работа ли ќе викаме џабе?
Јас не велам дека ете готово, утре се ќе биде океј, ама драго ми е што се почна од некаде барем со заземање став. Башка, секој си ги бие битките што му се битни. Студентите сметаат дека ова е врвот на глупостите во високото образование (и дали е така или не, тоа не е битно) и си го искажуваат револтот.

За држава каде постојано сите се жалат дека е заспан народот, прв пат после којзнае колку време решиле луѓето да кренат глас (за било што) и одеднаш и тоа не чини, џабе било.

Една работа, повлекува друга. Според мене, кога луѓето гледаат дека едни се јавуваат за нешто, после ќе се јават и други. Или барем така треба да биде.

Јас не сум во rozefka реалност и смешно е што тоа го тврдиш, јас само оставам простор да видам што ќе се случи. Не одам со ставот дека 100% општеството ќе се преврти на глава и дека се ќе се смени, но не велам и дека се е џабе.

Ако е се џабе, тогаш зошто воопшто било што, било каде да се дискутира?
Најјак ми е моментот, кукање на сите страни, ама на крај, заклучокот - џабе е.
Ако е џабе, тогаш не треба никој ни да се жали, пошто кукањето, без некакви предлози и активности исто така е џабе.

П.С Да ги споменам само на кратко, протестите за Мартин Нешковски. На почетокот се обидоа да заташкаат се, на крај се доби (каква-таква) правда. Ако ништо друго, барем не се заташка комплетно случајот, како многу пати во вакви случаи. Значи, сепак не е се - секогаш џабе.
Rozefka ти е, се гледа тоа уште во воведот во постот, кога зборуваш за креирањето на реалноста.

Дефетизмот како losh поим го профураваат луѓе на кои им е смачена реалноста и кои мислат дека можат да сменат нешто со својот rozef позитивен мисловен процес.

Не беше мојот коментар онаков за вака да реплицираш. Кога ти го читам коментаров и “аргументите“ твои, се губам - си викам: што сум напишал, сум заборавил, ова не ќе да беше вака.

Не ја создаваме ние реалноста според реакции и слични глупости на онаа “нормална реалност“.

Tвојот коментар беше баш за тоа. Дека еве, гледате, како може да се смени реалноста, ако има “такви и такви“ кои се побунија за истата. Во таа твоја реалност, ова испадна едниствена работа која поттикна реакции за, нели, создавање нова реалност. Онаа што НЕ ЈА создават дефетистите, и за онаа за која треба позитивно да се размислува. Што ме води до заклучокот дека тоа е единствена реалност која не valja.
Тоа што понатаму спомнуваш други примери и почетоци, само покажува дека дефетизмот, од кој ти било мака, е всушност и оправдана и нормална работа, за разлика од rozefkiot свет на тие што им се мачи од песимисти.

Што, пази дете, тоа не води до заклучокот дека, сепак, се е џабе.

Тоа “каква таква правда“ не ни сакам да го коментирам. Релативизација на правда uber alles

@Inglourious Basterd

Не ме заебавај....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Па тоа е, претходниот систем ништо баш и не му фалеше. Не се забележува подобрување на квалитетот кај помладите образовани и изградени како луѓе, напротив...оти факултетот не е колку што знам само да набубаш лекции кои и така си ги учел во средно школо. Може сето тоа и со дописна школа или на кур-с во Работнички.
Ние од 250-300 завршивме одвај 10-15 во редовен рок што значи професорите не пуштаа туку така.
Но и за она исклучиво писмено полагање, сеуште тврдам дека со тоа идниот дипломец го осакатуваат доколку се ослони исклучиво на формалното образование. На економски прашав, барем прва и втора исклучиво така полагале Така се полагаше за возачка б, ц и д.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom