Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Реков, не знам зашто очекувате спинови за ова, нема „подлога„ за такво нешто, не се толку глупи да си направат дополнителен револт.


^ Јас како што гледам погоре тоа е Македонското старо знаме, ова го сметаа за провокација ? :eek:
Баш ме интересира на кој му сметало..

Ако некој го извадил тоа, после некој ќе извадил орел и знаеш како иде.
 
Ноуп, старото државно знаме е тоа. Со ѕвездата од Кутлеш.

^ Јас како што гледам погоре тоа е Македонското старо знаме, ова го сметаа за провокација ? :eek:
Баш ме интересира на кој му сметало..

А зошто да има било какви национални симболи кога сите сме студенти без разлика на етничка припадност, религија, боја на кожа, сексуална определба итн итн. Симоблите се тие транспаренти (некои од нив се ептен јаки, тоа со Кени од Саут Парк ми беше омилено мислам :D + секако, индексот).
@ElNinho имаше вчера спин од Прес24, мада сега Стефан Богоев напиша еден статус на ФБ, па можда тоа ќе го употребат. :D
 
Ок е, се сложувам ама дали протестот ќе ви даде дополнително знаење, или партиските професори ќе им пишуваат оценки на партиските членови, и зошто не дозволиш да те проверат колку знаеш. Еве нека пробаат и нека се види, дали студентите имаат реални оценки. Да бидам искрен, просек девет подразбира многу многу општо знаење и плус стручно знаење. А некој добива 9 -ка а незнае на која страна шраф да се одвртува, а има Машински завршено. Е да ти кажам тој квалитет за никого не е добар. Секогаш има потреба да се проверува знаењето. Еве на шест месеци, треба да направам ревизија на цела инструмент табла на Cessna 172 и мислам дека во сон ја знам, ама правилата си се правила. Така и ова, мора да излезе стручен кадар кој има знаење, а не да мафта со дипломата дека е м-р. Ебем ти м-р, ако бараш главен град на Европа :)
 
Доколку студентите ја задржат прецизноста на барањата како досега, очигледно дека постои огромна можност да си ја постигнат целта.
 
Последно уредено:
@Rokko точно дека високото образование не е на ниво, точно дека се намали критериумот, ама тоа е пошто у секое село се отвори факултет. Преку 95% од матурантите се запишуваат на факс. А знаеш исто што друго, се генерализира од поедини случаеви. Ама ова не е начинот на кој треба да се реши проблемот. Си има иструменти за евалуација, ако сметаат дека не се добри, нека дадат предлози да се променат. Уште во основно и средно треба да се сменат работите, а не поправката на куќата која е оштетена од темелот, да ја почнуваш од кровот.
Настрана што е противуставно.
 
Ок е, се сложувам ама дали протестот ќе ви даде дополнително знаење, или партиските професори ќе им пишуваат оценки на партиските членови, и зошто не дозволиш да те проверат колку знаеш. Еве нека пробаат и нека се види, дали студентите имаат реални оценки. Да бидам искрен, просек девет подразбира многу многу општо знаење и плус стручно знаење. А некој добива 9 -ка а незнае на која страна шраф да се одвртува, а има Машински завршено. Е да ти кажам тој квалитет за никого не е добар. Секогаш има потреба да се проверува знаењето. Еве на шест месеци, треба да направам ревизија на цела инструмент табла на Cessna 172 и мислам дека во сон ја знам, ама правилата си се правила. Така и ова, мора да излезе стручен кадар кој има знаење, а не да мафта со дипломата дека е м-р. Ебем ти м-р, ако бараш главен град на Европа :)
Што мајка бара некој неписмењак од Влада да ме проверува мене ја колку знам? Си има за тоа професор на факултет, кој според моето знаење ми става соодветна оценка или па ако не сум доволно спремен ме бута на испитот. Ако не, нека нема професори на факултетиве, нека издадат од Владава учебници и да полагаме пред министерот кој нема два грама мозок, ниту па знаење. Него кој ќе го провери?
 
Ок е, се сложувам ама дали протестот ќе ви даде дополнително знаење, или партиските професори ќе им пишуваат оценки на партиските членови, и зошто не дозволиш да те проверат колку знаеш. Еве нека пробаат и нека се види, дали студентите имаат реални оценки. Да бидам искрен, просек девет подразбира многу многу општо знаење и плус стручно знаење. А некој добива 9 -ка а незнае на која страна шраф да се одвртува, а има Машински завршено. Е да ти кажам тој квалитет за никого не е добар. Секогаш има потреба да се проверува знаењето. Еве на шест месеци, треба да направам ревизија на цела инструмент табла на Cessna 172 и мислам дека во сон ја знам, ама правилата си се правила. Така и ова, мора да излезе стручен кадар кој има знаење, а не да мафта со дипломата дека е м-р. Ебем ти м-р, ако бараш главен град на Европа :)
А да те прашам што кур ми значи мене главен град на некоја држава ако сум машински инженер на пример ? Подобро да бидам стручњак во една област отколку да имам општо познавање од n области. И кој да ме провери жити се ? Еве да те прашам, го гледаш екстерното тестирање во средните училишта, дали е тоа океј според тебе ? Дали средношколците се правилно тестирани?
Дали сметаш дека тоа екстерно тестирање направи некакви промени?
 
Нас на најобична утакмица со 50 души публика, ни праќаат 10 пати повеќе полиција :D
Немој така, вие сте злогласните навивачи - основ на сите проблеми во државата и непријатели на соживотот и мирот. Малку ви е и таа полиција, треба АРМ за вас.
 
@Rokko точно дека високото образование не е на ниво, точно дека се намали критериумот, ама тоа е пошто у секое село се отвори факултет. Преку 95% од матурантите се запишуваат на факс. А знаеш исто што друго, се генерализира од поедини случаеви. Ама ова не е начинот на кој треба да се реши проблемот. Си има иструменти за евалуација, ако сметаат дека не се добри, нека дадат предлози да се променат. Уште во основно и средно треба да се сменат работите, а не поправката на куќата која е оштетена од темелот, да ја почнуваш од кровот.
Настрана што е противуставно.
Neli pravevme muabet za brojkata,so mislis Kollku bea?
 
На вас не може ништо да ви се погоди. Пред да се организира протестот, повеќето беа на ставот: 300 души ќе се соберат, сите се апатични, ти реков-ми рече. Сега излегоа 2000 пак не ви чини малку биле. А да не зборам дека последниве три страни секој втор пост е: Џабе, нема ништо да се смени. Е па ако имате таков став, што побогу мрчите? Ќутете си и готово. Први сте да мрчите за се, а кога некој ќе излезе му велите дека нема ништо да смени.

Ем излегоа 5 пати повеќе отколку што мислевте дека ќе излезат, ем сега ги девалвирате и викате нема ништо да сменат.

Каде живеам побогу.
 
Можеше да има дупло, па и тројно повеќе ако не ги мрзеше студентите од останатите факултети да дојдат.
Инаку, се помина океј.
Најмногу кеф ми беше кога поминувавме покрај Европски и кога им се изнавикавме онака убаво.

:)
 
Neli pravevme muabet za brojkata,so mislis Kollku bea?
На сликата, кај што се гледа целата колона околу 2000 души. Пред МОН нешто помала. Искрено, се изненадив. Ја бев некаде повеќе при крајот и не можев да проценам колку има напред.
 
Јас сум задоволен од бројката. Имаше накај 2-3000 студенти на почетокот, потоа со тек на време се смали бројката.
Мора да се спомене дека 90% од протестантите беа од факултетите од комплексот на факултети од каде што се тргна, што значи другите ги мрзело да мрднат со гзот и да се придружат.
Морам пак да ги споменам сите што "кур ги болело" за екстерно, затоа што веќе биле дипломирани. И мене не ме засега па дојдов за поддршка, и пробав да донесам и други луѓе, ама искрено никој не ме поддржа од тие што се веќе дипломирани :D
Далеку е Македонија од некоја борбена младина, во друга земја ако ништо друго бар ќе се рснеше некој прозор од министерството, тука беше бајаги мирно.
Се скандираше "Доста беше молк", "Не за екстерно", "Студенти,студенти, независни и силни", "Автономија", "Ние не сме партија" итн.
Добивме и мала поддршка од некои Турци што беа на Европски, мада повеќе им беше забава на нив :D
Имаше и еден куп што си правеа селфиња, ама подобро да прават селфиња на протестен марш, отколку да прават селфиња во некој кафич додека други се борат за нивните прав.
Маршутата беше позната, имаше бајаги свирење пред СПУКМ ака УМС вмро, а потоа пред оминистерството некако се немаше концепт. Дали требаше некој да прими одредени членови од протестантите, дали требаше министерот да излезе, ама мораше да има некоја цел на проестот.
Вака си имаше свирење, скандирање,се повикуваше министерот да излезе, ама се тоа беше без одговор со неми погледи од вработените во министерствата.

Луѓево се усрани од полицијава. Имаше 10-тина дифендери и сите се крстеа колку полиција имало :D Нас на најобична утакмица со 50 души публика, ни праќаат 10 пати повеќе полиција :D
Успеале да влеат страв кај народот, така да и ова мало размрдување беше добро за почеток :D

Леј , брачата турци од Европски ги ебаа објективите на тоа ајфоните од селфиња.
Него, шо се деси со уапсениот?
 
Леј , брачата турци од Европски ги ебаа објективите на тоа ајфоните од селфиња.
Него, шо се деси со уапсениот?
Другарот испровоцира намерно за да се направи инцидент и да испадни дека протестов е партиски или нешто слично.
Веднаш тие од Студентски Пленум реагираа, бидејќи едно време се направи мала турканица нанапред, па почнаа тие да викаат да не паѓаме на ефтини провокации.
Имаше и двајца сумливи, полицијава нешто им пријде и им викаше уште еден кикс и казни ќе јадат големи вака така..
12:39
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom