Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Па што не си ти таа, на ПЦ ќе седи 3 минути и сите прашања ќе ти се точни, што не се обидеш така да биде и за тебе. Тоа е зошто тие што аплицираат не се доволно спремни па си бараат изговор.
Зoштo не е aмебa кo тебе (мaдa ти и aмебa требa кo кoмплимент дa гo сфaтиш).

Oгрoмнa брoјкa имaше нa пoчетoкoт aмa пред МOН ни третинa не oстaнaa, срaмoтa е тoa. Другa рaбoтa е шo џaбе тoлку луѓе имaше сoбрaнo кoa 70% oд нив не дoшле сo идејa декa мoже нештo ќе сменaт туку дoшле зoштo е ин, пa се сликaa нa секoи 2-3 метри, и утре-зaдутре зa дa мoжaт дa се лупaaт у грaди декa демек oни нaпрaвиле нештo и излегле нa студентскиoт мaрш...
Дa не се рaзбереме пoгрешнo, супер е oвa шo се oргaнизирaше aмa некaкo пaк не ми влевa нaдеж декa нештo ќе се смени зoштo ретки се тие штo мислaт декa нештo некoгaш ќе прoменaт.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Нема ништо да се промени. Најпрвин на основците и среднистите им дадоа екстрен тест, сега на студентите, а во иднина ништо чудно и на пензионерите да им стават некое тестирање. И кога нам (учениците) ни го воведоа екстерното имаше протести во секој град, тоа ништо не смени.
 
Немогуче медиуми :eek:

mkd.mk
Студентите предупредија дека овој протест е само почеток, па ние им држиме среќа во сите понатамошни напори. На крајот на краиштата, студентите отсекогаш биле револуционерното јадро на секоја држава.

Спортски вести
Поддршка за #студентите!
Браво!


И Кур-ир :LOL:
http://www.kurir.mk/magazin/scena/178995-FOTO-Veruvale-ili-ne-ova-e-bratot-na-Zeljko-Joksimovik
 
Последно уредено:
Што се секираш, Курир во рок од 24 часа ќе најде некој братучед на стрината на чичкото на другарот, епа не другарот, неговиот комшија, ама не ни он, неговата сестра. Е она била на протестот, а живее блиску до еден познат симпатизер на опозициската партија. Веќе и на Твитер а и либертас.мк извдија заебанции за ова. :D
 
Доволно е шо се почна од некаде.
Kоконине на економски, човече од читална седат и гледаат, алооо. Колоквиумска ни е за 1 месец, сигурно 2 саати во животот немаше да им менат учење на само една недела после колоквиумска.
Пополека се собраа многу студенти. Имаше секакви. И такви шо седеа во Фонтана и не гледаа,пошо кафето да се испие беше неизбежно.
Малку чудно беше со скандирањето, очекував од маживе да згрмат,ама ништо двајца-тројца ќе кренеа глас и ќе се стишеше после неколку секунди.
Сепак добро е што се излезе на протест и иако беше нагласено дека не е партиски, сепак некои си го користеа тоа и не ме чуди утре ако се најдиме на курир или плус 24 обележани како 28ми братучед на шурата од сестрата на золвата на пратеник од опозицијата.
Исто така единствената девијација што се направи беше газењето тревата пред влада :icon_lol:
Сепак се беше во најдобар ред и тоа е добро, почнувајќи од самото тоа кога помина брзата помош и дечките со мегафоните веднаш реагираа сите да одиме на една страна.
Овие од СПУКМ нека дремат,им се кренаа дел од студенти кои сигурно вервувам дека не ни излегле да гласаат за дотичниов.
Пред министерство иста приказна. Вработените излегуваа на пенџере и не сликаа цело време, којзнае колку им е криво на пауза не можеа да излезат.
На крајот кога завршуваше протестот изјавија дека некои влегле таму на разговор и поднесле барање, па сега се чека да видиме министерот што ќе кажел, за кој патем во неколку наврати се скандираше "оставка" и исто така "вас да ве тестираме"
Едно време се викаше и "ние не сме партија", но сигурно веќе ни ги залепиле етикетите, така да шта чеш. Нешто што мене ќе ми го одредува животот јас треба да ги прашам овие со ружите или другиве со преродбата дали имам право на високо образование.
 
Споредување на основци и средношколци со студенти е смешно.На основец или средношколец со 2 шамари татко му член на партија ќе го смири додека студентите се веќе изградени личности кој знаат што се случува во државата.Студентите голем дел работат за да имат образование и со вакви сопки некој да му го уништи сонот епа нема да може.
 
Ништо ме разочаруваат платеничките дебилни портали, но има време сега ќе ги добијат депешета од штабот, до вечер секако очекувам „сензационална“ сторија за протестите. А на студентите во секој случај им честитам.

Дебили кои пишуваат на темава ќе се обидам да игнорирам.
 
Значи студентите што излегоа на протести се против екстерното тестирање од причина што може многу лесно да се манипулира со него и да изгубат еден куп средства и напор за еден навидум банален тест кој апсолутно ништо нема да докаже.
Јас како Виндфакер сум засегнат по ова прашање и ќе излезам надвор за да му дадам на знаење на тие што ги плаќам дека не се согласувам со нивната одлука со протест.
Дали ти како Роко или пак сите останати во државава ќе излезат апсолутно не ме тангира.
И да бидам сам на протестот не ми е гајле зошто излегувам само за мене и никој друг.
Можеби тоа за кое ќе се протестирам нема да успеа и ќе биде залудно, ама утре кога ќе ме заебава некој партиски професор и ќе му уништи двогодишен труд ќе ми биде совеста помирна.
 
Последно уредено од модератор:
Јас ве уверувам дека партија да организираше тука ќе имаше бар 5-6 илјади, минимум!
Во еден од протестите за Нешкоски во првите денови се направи бројка од околу 5 илјади, без организација од страна на партија.

Имаше луѓе денес, не излезе дебакл што ми е мило. Е сега ако се знае колку студенти има, не е доволно, но да видиме понатака.
Пред министерството гледаа одозгора како телиња, после ги повлекоа главчињата и ги затворија прозорците.
Никако некој политичар, во случајов министерот да покаже доблест и да излезе, на некој начин да се соочи со протестов, не дека треба да вети и да го реши ова за 2 минути, али покажување грам достоинство и образ. Мочковци на фотељи што ги оставиле мудата во џебот на Грујо.

Иначе еден повозрасен човек имаше закачено на маицата напишано на лист нешто вака:

"Оценувајте вие и јас го правам истото од тука" - Асс. М-р и име некое имаше ставено

што беше кул појава :)
 
Кој беше проблемот со знамето, дпмне или нешто ?

побараа присутните да не подлегнуваат на партиски и други провокации. Сепак, додека студентите се движеа кон седиштето на Студентскиот парламент, одреден член од толпата извади знаме кое веднаш беше тргнато од останатите.
IMG_37771.jpg
 
^ Јас како што гледам погоре тоа е Македонското старо знаме, ова го сметаа за провокација ? :eek:
Баш ме интересира на кој му сметало..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom