Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
И ако што сум симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ не го оправдувам законот, но ако се применува тогаш треба и УКИМ да се најде тука, едноставно неможе со една мала причина автономијата на УКИМ да биде загарантирана а за другите да важи законот, или за сите ќе важи законот или за ниеден..
А инаку што се однесува за законите, лично мислам дека почнаа да претеруваат, првин почнаа со скандалозниот закон за државни службеници што ќе се бара после нова година од сите идни службеници ТОЕФЛ сертификат да поседуваат, а инаку сега со овој закон за екстерно мислам дека владата почна навистина да прави фатални грешки, ако продолжат вака ќе им се отвори среќата на комуњарите на СДСМ, а нив ги мразам до дасте..

СДСМ не е возможно да победи на избори.Ако луѓе не гласаат за ВМРО во ниеден случај не значи дека ќе гласаат за СДСМ.Они тоа не ни можат да го сватат дека џабе им е што е ВМРО катастрофа кога они се далеку поголема катастрофа и заради тоа и губат како магариња.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Иванов во одбрана на предлогот за екстерно тестирање на факултетите
17157golema.jpg

Македонското високо образование и Македонија како држава мора да се соочи со европските критериуми, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. На новинарското прашање дали го поддржува или не предлогот на владата да воведе екстерно тестирање и за студентите, тој не одговори директно, но посочи дека се неопходни „европски стандарди во високото образование“.

„Како се приближуваме кон Европа, така треба да применуваме европски стандарди и вредности. Нашето образование е дел од европскиот образовен простор и мора со сите тие критериуми ние како држава да се соочуваме“, изјави Иванов од Охрид.

Министерот за образование пред неколку дена излезе со прдлог за екстерно тестирање за студентите.

„Со ова сакаме да изградиме механизми за следење на квалитетот на високото образование и механизми, со кои диплома ќе добиваат само оние кои заслужиле и високото образование да не се сфаќа како бизнис, туку како наука. Сакаме испитот да биде двапати за студентот ако не положи по втора година, да знае дека не може да продолжи понатаму, да не троши време, ниту пари“, рече Абдулаким Адеми, министер за образование на прес-конференција.
http://grid.mk/read/news/508692272/...edlogot-za-eksterno-testiranje-na-fakultetite

:facepalm:
 
Каква црна анкета бе, какви црни групи дајте да се собереме на ебана улица не на фејсбук. Масовно напуштање настава и протестирање пред министерството. Ако не, ќе напраиме евент на тоа фејсбукот, и онака сите по цели денови дремат на срањето. Бар да знаат кај да дојдат, и кога.
 
Македонче покорно. Никогаш нема ништо да промени. Ништо.
 
Квалитетот на високото образование се зголемува со загаранирана работа за дипломираните,со постојано надоградување на професорите,со нова стручна литература,со размена на студентите со држави кои се понапредни од нас(пример Северна Кореа),со семинари,со потикнување на иновација,со нови студентски домови,со бесплатни билети за културни настани.Со потикнување на студентите,а не на пенионерите како главно гласачко тело со сите привилегии,а нималку мудрост за нивните години(со исклучоци се разбира).

Ако драгиот наш врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов мисли дека новиот закон е според европските критериуми и дека со ова ќе се стави крај на проблемот со вечните студенти,нека земе пример од Германија каде во план е укинување на школарините на факултетите.Тоа со вечните студенти нели е решено со ЕКТС системот и со приватните факултети,бидејќи никој претпоставувам нејќе одново и одново со години да ги презапишува предметите и преплаќа кредитите,затоа што ако веќе има толку пари ќе оди на приватен.Барем еднаш овој "претседател" нека се спротистави со свое мислење,со мислење на професор за проблем кој и тоа како ги засега студентите.

И заменикот министер Спиро Ристовски исто.Не мора да сте од СДСМ бе луѓе за да се спротиставите на нешто што е апсурдно,нешто што ќе предизвика револт и уште толку ќе предизвика иселување на младите.Јас разбирам дека е перење пари во прашање,ама продолжете со споменици во Кратово,немојте директно да не дотолчувате...
 
Бидејќи нели, "чувариве" ќе бидат сите до еден чесни луѓе, ќе можеме да им веруваме дека нема да лажат дека фатиле некој студент како мами/препишува на испитиве за пара плус?
Ај кажи како ќе докаже дека си препишувал ако ги нема ливчињата, бубиците, мобилните и другите помагала за препис ?
Сигурно ако си гледаш во тетратката и пишуваш, нема да те скорне и да ти вика колега, нешто си сумљив, ај да те претресам, ретки се тие многу успешни препишувачи, ама со овој начин барем 70-80% од препишувачите ќе бидат искоренети.
Ако не за друго стравот да те фатат како препишуваш ќе те натера да седниш и да учиш, а со тоа и ќе се намали и лошиот квалитет.
 
Не го дрвете курот тука, ќе договараме ден за протести или не? Еве јас ќе ви го водам мочаниот протест. Све што треба е да се појават и студенти и професори, ако имате муда.
 
Не го дрвете курот тука, ќе договараме ден за протести или не? Еве јас ќе ви го водам мочаниот протест. Све што треба е да се појават и студенти и професори, ако имате муда.
Зошто да не? Ниту на мене ниту на моите ништо не ни зависи партиски. Само како и на другите протести на коишто сум присуствувала, партиски ќе бидат обоени и најверојатно ништо нема да се постигне.
Ама вреди да пробаме. Јас сум за. :)
 
Ај кажи како ќе докаже дека си препишувал ако ги нема ливчињата, бубиците, мобилните и другите помагала за препис ?
Сигурно ако си гледаш во тетратката и пишуваш, нема да те скорне и да ти вика колега, нешто си сумљив, ај да те претресам, ретки се тие многу успешни препишувачи, ама со овој начин барем 70-80% од препишувачите ќе бидат искоренети.
Ако не за друго стравот да те фатат како препишуваш ќе те натера да седниш и да учиш, а со тоа и ќе се намали и лошиот квалитет.

Од мое искуство никогаш немало проблем да се фатат препишувачите колку што било дали има желба за истото.Сум бил на испити кај исти асистенти каде кога и да дигнеш малку глава те гледаат директно во очи ,и испити ( најчесто последна сесија по не до толку важни предмети) каде си отвараат лап топ или мобилен вадат најверојатно зошто им е и сугерирано истото да го направат и освен ако не претераш со препишување ништо не ти приговараат.
 
Последно уредено:
Зошто да не? Ниту на мене ниту на моите ништо не ни зависи партиски. Само како и на другите протести на коишто сум присуствувала, партиски ќе бидат обоени и најверојатно ништо нема да се постигне.
Ама вреди да пробаме. Јас сум за. :)

Нека пробаат да го обојат. Нека го бојат колку сакаат, вечно ќе не игнорираат ако поголемиот дел од студентите се надвор од клупите и наставата не може нормално да тече?
 
Нека дојде еден што се убил од учење и нека ми каже дека се сеќава што полагал во прва и втора година;)
Ја памтам све. Дури сега го знам подобро неголи во прва/втора година. Поентата е дека ако стварно те интересира тоа што го учиш, ќе се образуваш и надвор од факултетот со што ќе си ги зацврстиш и зголемиш знаењата.

Он топик, +1 за протест.
 
Последно уредено од модератор:
Нека пробаат да го обојат. Нека го бојат колку сакаат, вечно ќе не игнорираат ако поголемиот дел од студентите се надвор од клупите и наставата не може нормално да тече?

Се слагам со тебе. Ако се тргне со мислата дека не можеме да смениме ништо - нема ни да успееме. Не можеме да дозволиме збирштина на морони да управуваат со нас како сакаат.
Направија пералница на пари од се живо и диво во државава, ако седиме мирни ние, кој ќе смени, возрасните што се плашат да не летаат од работа, пензионерите најевтино продадени марионети?
Јас немам што да изгубам, ако се продолжи со ова ќутење во уште подлабока мизерија ќе потонеме.
 
Последно уредено од модератор:
Треба да дејствуваме на време против овој закон.Според мене, прво нешто преку кое ке го изразиме нашето незадоволство се протести.Масовни,мирни протести пред министерство или влада.Потоа би можеле да собереме потписи, за законот да се разгледа пред уставен.Големи се шансите уставен да го отфрли .Ако седеме мирно и си траеме, господата без никаков проблем ќе си го усвојат законот, и после тоа нема враќање назад.
 
Апсолутно.
Мислам дека на темава нема потреба да се дискутира нешто повеќе туку единствено да се организира и акумулира што е можно поголема маса на незадоволни студенти и професори.
Дури и сметам дека ова незадоволство постои и кај учениците во основно и во средно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom