Квалитетот на високото образование се зголемува со загаранирана работа за дипломираните,со постојано надоградување на професорите,со нова стручна литература,со размена на студентите со држави кои се понапредни од нас(пример Северна Кореа),со семинари,со потикнување на иновација,со нови студентски домови,со бесплатни билети за културни настани.Со потикнување на студентите,а не на пенионерите како главно гласачко тело со сите привилегии,а нималку мудрост за нивните години(со исклучоци се разбира).
Ако драгиот наш врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов мисли дека новиот закон е според европските критериуми и дека со ова ќе се стави крај на проблемот со вечните студенти,нека земе пример од Германија каде во план е укинување на школарините на факултетите.Тоа со вечните студенти нели е решено со ЕКТС системот и со приватните факултети,бидејќи никој претпоставувам нејќе одново и одново со години да ги презапишува предметите и преплаќа кредитите,затоа што ако веќе има толку пари ќе оди на приватен.Барем еднаш овој "претседател" нека се спротистави со свое мислење,со мислење на професор за проблем кој и тоа како ги засега студентите.
И заменикот министер Спиро Ристовски исто.Не мора да сте од СДСМ бе луѓе за да се спротиставите на нешто што е апсурдно,нешто што ќе предизвика револт и уште толку ќе предизвика иселување на младите.Јас разбирам дека е перење пари во прашање,ама продолжете со споменици во Кратово,немојте директно да не дотолчувате...