Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Се носат закони од комисиите, собранието и владата спротивни на Уставот на РМ, законот за високо образование и Статутот на УКИМ (веројатно и на другите универзитети). Иницијатива од ИСППИ за утврдување на уставноста на измени била покрената и пред 1 година за некои измени по скратена постапка (вообичаено). Се косел и со законот за високо образование.
Владата и собранието намерно или случајно контантно и флагрантно ги кршат сите закони според кои самите мора да работат. Според измените гледам не само контрола туку и пари се во прашање за буџетската дупната каса.
И уште една работа е луда во измените. Член 53 и 65, ректор и декан странци :sick: по ѓаволите со вакви идијотски идеји

Да, ама тие го менуваат начинот за акредитирање и задржување на квалитетот на високото образование. Подмолно. Ова според мене е различен агол и најверојатно комплетно легален, затоа што не задира таму каде што сите тврдат дека задира. Пак ќе речам, подмолно ама доста добро изиграно.

А за ректорите/деканите странци, тоа е правна рамка за доведување луѓе од задграничните комитети на постоечките позиции по универзитетите. Знаеш зошто? Затоа што меѓу деканите/продеканите/професорите има премногу личности кои имаат влијание и власт во општинските комитети и различни комисии во партијата. Уште еден начин да се контролира политичката моќ и влијание на одредени личности внатре во самото ДПМНЕ. ;);)
 
Кога ќе има од тие курсевите по информатика да ја пратиме Марија Стевановиќ од Стоматолошки да се научи како се пишуваат презентации. А не на латиница и со знаци. На неа и треба реформи :icon_lol:
 
Кога ќе има од тие курсевите по информатика да ја пратиме Марија Стевановиќ од Стоматолошки да се научи како се пишуваат презентации. А не на латиница и со знаци. На неа и треба реформи :icon_lol:
Можеби поефтино и поефективно е да се соберат 1000 денари и да и се купи на дотичната една нова тастатура и да се активира македонска поддршка на личниот компјутер. :-)
 
Врвниот уролог и единствен трансплантолог на бубрег, академик проф. д-р Живко Попов и академик Горазд Росоклија македонски светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, кој од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД дадоа јавна поддршка на предвидените измени во законот за високо образование.
Нови професори кои освен проф. д-р. Горазд Росоклија и академик Живко Попов денеска ја дадоа својата поддршка за државен испит се проф. д-р. Аспазија Софијанова, асс. д-р. Елизабета Обочки од Медицински факултет, доц. д-р. Симонида Црвенкова, магистер, д-р. Мери Пешевска, м-р. Тодор Делипетров, сите од Медицински факултет. Покрај нив, се наоѓаат и д-р. Весна Коруноска и д-р. Лидија Поповска од Стоматологија.
 
Последно уредено:
Отпрвин се обидоа професорите да ги внесат во класата државни службеници, лани со законот за медицински студии, сега ова. Притоа се формира листа од "професори" кои се -За- овие измени, а која се покажа дека поголемиот дел е лажна што во најмала рака е прекршочно дело, веројатно и кривично.Во нормална држава некој досега ќе одговараше за вакви дела.
Автономијата не му ја дала оваа влада, ниту е измислена во Македонија.

Официјален став на Филолошки Факултет „Блаже Конески“ по повод Државниот испит и Законот за Високо образование
о атачмент се заклучоците на 100-тина наставници (професори и асистенти) од Филолошкиот факултет „Блаже Конески" по повод двете изјаснувања:
1) Предлогот за воведување „државен испит"
2) Двата предлог-закони кои го засегаат високото образование,
усвоени на две вонредни седници на Факултетот од 15.12.2014 и 24.12.2014 година.
Двата предлози од МОН се ЕДНОГЛАСНО И КАТЕГОРИЧНО ОТФРЛЕНИ ОД СИТЕ 11 КАТЕДРИ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје.
Повторувам: СИТЕ ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИ КАТЕГОРИЧНО И ЕДНОГЛАСНО СЕ ОТФРЛЕНИ од сите 100-тина наставници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје, најстарата високообразовна институција во Република Македонија!

Почитувани,
Во прилог ви ги доставуваме сублимираните ставови на наставниот кадар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" усвоени на две вонредни седници на Наставно научниот совет одржани на 15.12.2014 и 24.12.2014 година.

http://mojotgrad.com/index.php/make...-povod-drzhavniot-ispit-za-visoko-obrazovanie
 
Последно уредено:
Ја навлекоа професорската заедница да се подели на два табори и меѓусебно да се препуцава кој поголем импакт фактор има.

Мајстори! :cuc:
 
Полека, полека сите ќе си легнат на брашното. Така плата не се зима 50 000 денари
 
Полека, полека сите ќе си легнат на брашното. Така плата не се зима 50 000 денари
За овие зборуваш?
"
Професорскиот кадар на СДСМ со нула објавени научни трудови трет ден не оди на работа. "
Овие топ не ги бие. Па ти гледаш дека успеаа и да се наредат во колона да протестираат, како во најдобрите денови (луди 90ти).
 
Јас до пред некој ден не знаев дека ВМРО и СДСМ имале професорски кадар. Мислев дека друга е процедурата за станување професор, ама еве гледам дека кадровски одела работата.
 
Јас до пред некој ден не знаев дека ВМРО и СДСМ имале професорски кадар. Мислев дека друга е процедурата за станување професор, ама еве гледам дека кадровски одела работата.
Не знаеше дека Фрчковски беше министер во времето на СДСМ? Не Знаеше дека Рената Десковска беше кандидат на СДСМ на последните избори? Не знаеш дека Ана Павлова е член на претседателството на СДСМ?
 
Не знаеше дека Фрчковски беше министер во времето на СДСМ? Не Знаеше дека Рената Десковска беше кандидат на СДСМ на последните избори? Не знаеш дека Ана Павлова е член на претседателството на СДСМ?
Знаев само не знаев дека имале 0 објавени трудови. Сега и тоа знам.
 
Симонида и Мери Пешевска, оние од онкологија?

:lolzz: :lolzz: :lolzz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom