Казна затвор за лажно боледување

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Катастрофа.
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:20 PM ---
И имаме ние закони, само не се применуваат. Се применуваат ако не го знаеш полицаецот/испекторот/судијата.

А за тоа дека ќе нема пари да плати , има нешто што се вика извршител.

Точно така. А овој министеров да гледа да го среди здравството на поинаков начин ќе биде многу подобро.
 
Тоа ќе биде најстрогата казна, не единствената. Ако некој лекар им дозволил на 50-тина пациенти непрописно боледување, заслужува да заврши со тие што ги наброја. Нема да има затвор за една погрешна дијагноза, ќе има и парични казни.

Добро зарем мислиш има толку глупи доктори што го прават ова ?
Како што пишав казна и отказ, вака со затвор плус трошкови, треба и да го храниш во затвор.
 
Добро зарем мислиш има толку глупи доктори што го прават ова ?
Како што пишав казна и отказ, вака со затвор плус трошкови, треба и да го храниш во затвор.
Знам дека има, не мислам.:) Има доктори што земаат по 50 евра за боледување, тоа се шири помеѓу работниците и стана особено модерно кај администрацијата.
 
И имаме ние закони, само не се применуваат. Се применуваат ако не го знаеш полицаецот/испекторот/судијата.

А за тоа дека ќе нема пари да плати , има нешто што се вика извршител.
Да - точно - има извршител - но јас лично не би одела со таа процедура, да му одземам нешто. Што ако му земам телевизор и биро, дали ќе го спречам? Подобро 1 година нека рмба за без ич.
Мада не се жалам и ако гнијат во затвор, можеби вистински ќе се разболат па ќе сфатат што лажеле.
И не, ич не ги жалам. Ама ич.
Нека не лажираат болести - нема да одат во затвор и готово.
Каде е тука проблемот?!
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:31 PM ---
Ок, нека има санкции, ама робија е претерано.

Не е - ако лажно им дал боледување на двоцифрено бројче пациенти - на тој начин го оштетува буџетот, а и работодавците.
 
Да - точно - има извршител - но јас лично не би одела со таа процедура, да му одземам нешто. Што ако му земам телевизор и биро, дали ќе го спречам? Подобро 1 година нека рмба за без ич.
Мада не се жалам и ако гнијат во затвор, можеби вистински ќе се разболат па ќе сфатат што лажеле.
И не, ич не ги жалам. Ама ич.
Нека не лажираат болести - нема да одат во затвор и готово.
Каде е тука проблемот?!
Чек сега ти што си тежок патриот и вмровка или некоја од оние што го бранат титовото време, ебани казни плус ќутек за се и сешто. Иди речи и 80 камшика по грб.
Или тебе сите ѕвезди си те наместени во оваа земја па баш те брига за другите.
 
Тодоров жестоко удри по таа лекарска фела која криејќи се зад белите мантили се заштитија како бели мечки.Само строго да им дојде паметот веќе.Кога удрија по тие кој даваа инвалидски пензии сите се бунеа ама така не треба епа затоа сега инвалидска добива тој што реално има потреба од неа.Премногу се лажираат боледувањата тоа е факт,тие комисии кој даваат боледувања се преполнети со мито и частење по кафани само за некој да си дреме по дома мрзејќи го да работи.
 
не затвор, бесилка нека стават на плоштад, само така ќе им дојде паметот, само така ќе се среди државава. Инаку мислите во европа нема корупција, врски во судство и полиција? сегде го има тоа. Неможам уште да сфатам од каде таа мисла дека секаде на друго место во светот живеат во утопија а само кај нас е најлошо.

Државава не тоне поради владата туку поради песимистичките ставови на народот и одговорноста која треба ние да ја превземеме не да обвинуваме владата што вчера ти текнало да земеш месец дена боледување затоа што те гребело грлото. А нашиот менталитет е таков што единствено што не бива е да седиме дома и да хејтаме . Тоа ти се вика реакција без акција.. млатење празна слама
 
А демек па со законов ќе се спречи ова? Кој си „боледуваше“, ќе си боледува и натаму. Не се правите ко од Марс паднати. Колку со изминативе закони се спречуваа некои работи, така и со ова.
 
Не е - ако лажно им дал боледување на двоцифрено бројче пациенти - на тој начин го оштетува буџетот, а и работодавците.

Ок, го оштетува буџетот. Нека му дадат парична казна да го "врати" тоа оштетеното. Со затвор не гледам како ќе ја пополни дупката во буџетот.
 
Катастрофална одлука, лекарите, а и пациентите не заслужуваат ваков третман. Со ова, во државава ист третман добива лекар кој ненамерно ќе погреши или ќе биде изманипулиран од некој пациент, со убијци, силувачи, дилери и слично. Боледувањето во многу случаи е прашање на чисто лекарско убедување, а резултат на ваквата практика ќе биде ситуација во која ниеден лекар нема да се осуди да препише боледување, дури и ако е тоа потребно, под ризик дека ќе заврши у зандана.
Ајде бе... ништо нема да се смени, освен шо докторот ќе те прашва овде те боли? А овде? А овде? А кај работиш? Во администрација а? Епа затоа те боли, поредовно одење на работа, и работи нешто... Ти недостига поголема мозчна активност. И се ќе се среди. Во меѓувреме пијај од овие апојте...
 
кој ќе нае*е повеќе?
оној кој бара или оној кој дава у случајов?:P
не би било фер да е подеднакво
 
Ајде бе... ништо нема да се смени, освен шо докторот ќе те прашва овде те боли? А овде? А овде? А кај работиш? Во администрација а? Епа затоа те боли, поредовно одење на работа, и работи нешто... Ти недостига поголема мозчна активност. И се ќе се среди. Во меѓувреме пијај од овие апојте...
Јас, како лекар, во вакви околности навистина ќе размислам сериозно дали во иднина воопшто би се осудил некому да му дадам боледување, во најмала рака за тоа од пациентот ќе барам еден куп папири со кои би се заштитил себе си. На овој начин сите лекари се етикетираат како криминалци, а пациентите ќе бидат жртви, мртви болни ќе мора да одат на работа. Сите што подржуваат ваква идиотска одлука, запамтете дека сте самите пациенти, и некој ден баш вас ќе ви треба боледувањето, па не сум баш сигурен дека во вакви околности ќе го добиете. Мене не ми се оди во затвор, одбрав да работам во медицината, а не да ме работат у Идризово.
 
Гледај, на сите шо му треба боледување, а работат во приватна фирма (нивна, или се вработени) посекако тоа ништо не му значи на работодавецот. Така? Не си се појавил на работа, ќе ти одземи од деновите што ти следуваат за одмор и нема да дозволи фирмата да трпи зарад твоето боледување. И ти како доктор, ако денес не се појавиш на работа треба да најавиш на сите со ред (мед.сестра, пациенти) дека нема да работиш... така да арен/неарен ќе стегниш заби и ќе се појавиш, особено кога ќе ја видиш процедурата и последиците од твоето еднодневно неработење.

На сите шо му треба боледување а работат во државна фирма... е тука ќе бидат доста погодени. Оти? Оти јас лично познавам луѓе шо “работат“ во РЕК Битола (ако можи да се наречи спиењето на трета смена работа), а денски си бркаат земјоделски работи по ниви и штали. Кога ќе дојде некаква реколта, идиме до моментот да се земаат одмори + боледувања (одморо најчесто не стига) за да се завршат работите.

Е за ова е донесен законот. Некој ако стварно е вистински болен, нема да има никаква мака. Ама оние шо глумат дека се болни и прават бизнсик на туѓа мака...
 
И што демек ќе го спроведат ова? Абе тоа ти е се организирано, незнаете какви работи прават со осигурување и со земање оштета, он за боледување ќе затварал доктори. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom