Казна затвор за лажно боледување

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Мијалков, Манасиевски, Маневски, Харалампие, овие 25% обесправените министри се најнекорумпираните во целата држава ?

:pos:

Па и јас тоа го кажувам де!! А што е најинтересно, оние ,,под нив,, се бетер. Најбогатите луѓе (нелегално) во оваа земја, не се политичари ;)
Колку и да плукаме по Груевски или Црвенковски - реално најмалку поседуваат. Колку и да копале, на Груевски му најдоа стан на име на мајка му, а на Црвенковски некаков имот на остров. Ако ги споредиме со другите, ќе забележиме дека овие двајца всушност се голтари. Ме разбираш?
 
--- надополнето: Nov 2, 2011 12:44 AM ---

Нормално. Сите земји се корумпирани, ама нашава има најинтересна шема на корумпираност. Најкорумпирани се оние најдолу. Ниските сектори. На највисоко ниво најмала е корумпираноста, оти се нон стоп во очите на јавноста.
Е овие доле, мора да се исплашат. На Клиника редовно ги плашат, ама овие матичниве ептен слобода си земаа. Мора нив да ги средат... Или, министрите се помалку корумпирани, од самите претпријатија кои тие ги водат.
Овие доле, оти се ситна риба, послабо се контролирани. А тие се првите со кои граѓанинот доаѓа до личен контакт - па ако се тие најкорумпираните, власта може и најневина да биде - не си ја работи работата добро.

Ете го проблемот сите знаеме дека станува збор за корупција и збориме како да се реши а кога некој ќе му текне и пробува да ја реши одма е нападнат.Тодоров бил ваков ,таков ,онаков.Тоа е целта на ова да се издвои лошиот од добриот,да одиме кај оној кој е име кој има интегритет во вршење на професијата а не сите да бидат етикетирани како лошите тетки и чичковци со белите мантили.Чуден ментален склоп имаме ги знаеме проблемите а се буниме зашто се решаваат.
 
Нормално. Сите земји се корумпирани, ама нашава има најинтересна шема на корумпираност. Најкорумпирани се оние најдолу. Ниските сектори. На највисоко ниво најмала е корумпираноста, оти се нон стоп во очите на јавноста.
Не би се согласил баш. Кај високите ешалони корумпираноста е подруга и не е приметлива за обичниот граѓанин. Од аспект на граѓанин најмногу не боли корумпираноста на пониските ешалони, бидејќи со нив имаме најголема комуникација. Инаку не барај корумпираност кај носителите на функции никогаш, таму нема да ја најдеш, не се толку глупави. Ама резгледај малку околу нив.:) Макар што таа корумпираност на високите ешалони никогаш и никаде не била разбиена.
 
Па и јас тоа го кажувам де!! А што е најинтересно, оние ,,под нив,, се бетер. Најбогатите луѓе (нелегално) во оваа земја, не се политичари ;)
Колку и да плукаме по Груевски или Црвенковски - реално најмалку поседуваат. Колку и да копале, на Груевски му најдоа стан на име на мајка му, а на Црвенковски некаков имот на остров. Ако ги споредиме со другите, ќе забележиме дека овие двајца всушност се голтари. Ме разбираш?
C8EF727A45B4E9459FABE1E7BE612B8A.jpg
 
Со ова брукаш се што се нарекува политика.
Зборувавме за политичарите кои носат одлуки.
Овој само треска зелени. Дури ни на митинг не го оставија да зборува. А сакаше. :(
 
Со ова брукаш се што се нарекува политика.
Зборувавме за политичарите кои носат одлуки.
Овој само треска зелени. Дури ни на митинг не го оставија да зборува. А сакаше. :(
Вака сега , да не пишувам ме мрзи од предхониот член цитат
Кај високите ешалони корумпираноста е подруга и не е приметлива за обичниот граѓанин. Од аспект на граѓанин најмногу не боли корумпираноста на пониските ешалони, бидејќи со нив имаме најголема комуникација. Инаку не барај корумпираност кај носителите на функции никогаш, таму нема да ја најдеш, не се толку глупави. Ама резгледај малку околу нив.:) Макар што таа корумпираност на високите ешалони никогаш и никаде не била разбиена.
И немој да ми кажеш дека Мијалков не зима пари од секаде и дека он не раководи за Грујо.

Со овој закон ќе ја наебат некој си тазе доктори, непознати, нека ја наебат не ми е криво, ама не со затвор, нек плаќа колку направил штета на буџетот плус казна.
Најкеф ми е кога ги удараат по докторите, ги боли машки полов орган за нас народот, нивниот однос е секаков ама не професионален.
 
Нема туку така на робија да те пратат. Ќе треба малце повеќе од често да погрешуваш со дијагнозата. Кај исти пациенти, во исто време годишно, секоја година... или некој здрав прав, а инвалид.... итн итн итн.... До робија да стигнеш... ќе треба ептен корумпиран да си. Се надевам дека не си.
Се надевам исти вести гледавме, колку знаеш ти, толку знам и јас, освен ако немаш други информации од повисок извор. Јас слушнав за неправилно препишување на боледување, ако компјутерот така процени, следи казна затвор од 6 до 36 месеци. Затвор да ми стрепи над глава за вакво банално прашање, е апсурдно. Ќе повторам и трет пат, дали ќе се даде боледувањето е прашање на лекарско убедување, а тоа може да биде различно во зависност од ситуацијата која само лекарот ја знае во потполност, и недозволиво е никој да ми ја доведува во прашање стручноста, оти за тоа сум го потел задникот чесно, со години. Јас реков, ако ова се официјализира, лекарот се става во многу непријатна ситуација, и во дилема, дали да работи за доброто на пациентот, или да се штити од глупиот закон. Затоа што во таков случај, секое дадено боледување практично значи ризик по сопствената слобода, репутација и живот воопшто. Говорам за сите лекари со чесни намери, достојни на медицинската етика. Ако некој намерно продава боледувања, како компири и патлиџани на пазар, тој си заслужил да биде казнет и жигосан, но не на овој начин, вака ќе страдаат и должни и недолжни.

Моментот дека за грешно препишано боледување е предвидена казна од минимум 6, па до 36 месеци затвор, е ептем голем апсурд. Толку добиваат силувачи, педофили, тешки апаши, дилери на дрога, оружје... а одсега и лекарите. Фала за новиот статус.
 
Вучјаку, што се секираш. Наменски е законот. Или мислиш дека не се знае кој тоа мати.... точно, точно се знае. Ако ти била чиста работата до сега, нема да те чепка никој. Е ако не ти била... убаво нека ти е.
Мала земја сме. Се знае кој е кој и што е што.
Каков црн компјутер....
 
Не знам другар, за други теми може и исти ставови да имаме, но ова прашање директно ми ја напаѓа професијата која со љубов ја одбрав и со мака стигнав до неа, и не е лесно да се гледа како на секој чекор, и шуто и рогато, неправедно пробува да ја оцрни. Во државава е срамота да си лекар. Лекарот е апаш, митаџија, убиец, педофил и што се не, можеби затоа и пробуваат и со закон да не вметнат во друштво на такви луѓе. Не се секирам за себе бидејќи знам како да се заштитам, а ти немаш право да го доведуваш во прашање мојот стручен и личен интегритет по ниедна основа. Но, ти треба да се секираш, утре ако не дај боже ти затреба, лекарот 10 пати ќе размисли дали да ти го препише боледувањето, а успут така болен ќе пројдеш низ сите можни клиники, лаборатории, чекални, за лекарот без страв од затвор да ти препише боледување. Тоа е целата поента. Во целава приказна затворот е прекумерната состојка, за се друго може и ќе се сложиме.
 
Јок, одма кажав дека јас не сум доктор. Ама јасно е дека ќе бидат казнувани оние кои си играат, а не работат. Ако работиш чесно никој нема да те закача... нема зошто да се плашиш.
И нема да има проблем вистински болниот со боледувањето. И нема нив да ги бараат по компјутери.
Ти реков - само почекај и ќе видиш. Се знае точно кој што злоупотребува и е наменски законот...
За жал, докторот наместо да биде Бог во очите на луѓето, израмнет е со најобичен голтарски криминалец. За волја на вистината, докторите многу придонесоа за таквиот третман, нели?
 
Не сум убеден дека нема да има недолжни жртви, токму поради арбитрарноста на прашањето. Она што за мене е доволно за боледување, при најдобра и најчесна намера, можеби за тие таму што ќе проверуваат ќе биде поинаку, а можеби и нивните мотиви нема да бидат секогаш чесни, тоа не го заборавај, во оваа работа има безброј суети и ривалства. А законот во најава е: за утврдена грешка - минимум 6 месеци затвор, што е опасна алатка, непотребно вклучена во игра, несоодветна казна за таков прекршок. Што се однесува до она последното, придонеле некои доктори, нема потреба од генерализирање. Но, придонеле и сите други, пациенти кои мислат дека лекарот е патосница за бришење чевли, државата која мисли дека 50 денари ти се дури и премногу за една така едноставна дејност како лекување луѓе, новинарите кои најслатко им е да си прават кариера на маката на лекарите и пациентите, итн.
 
Е браво бе ,в затвор ...мислите затворот не е трошок. Абе удрете ги по џебот.
 
Систем оф а даун мислеа дека само ЈУЕСЕЈ може вака...

А од друга страна пак, кога ќе ми текне дека има куп патриоти кои ги обожаваат SOAD...
I'l rather shoot my self in the head
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom