Казна од 35 евра за "прскачите" на пешаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
Би било подобро ако може пешакот да ја запише табличката на шоферот, да го пријави и на крајот на пешакот да му биде исплатена отштета. Никој друг не страда освен пешакот...
Во некој друг закон, според овој пешакот не добива ништо освен што испаѓа тужи баба.
 
- Единствената утеха на испрсканиот му е што сторителот е казнет
Пешакот останал жива вода, ама битно сторителот е казнет.Не е битно одењето на работа/факултет/школо и дали средствата ќе се искористат за поправање на кратерите по улиците или 40-50 години необновената канализација не е битно.
 
да ги опраат улиците- да ги прошират по можност:P и да се ослободат пешачките патеки - па нека казнуваат потоа.
Ааааааа да , ќе изумев, и обавезно секој граѓанин - т.е сите учесници во сообраќајот да посетат најмалку 2-3 часа настава, еден вид образовни програми кои би биле организирани од градот за културно и толерантно однесување во сообраќајот- за што да добијат пемпеле дека ја поминале програмата и секој со себе да си го носи тоа книжулето
како возачите така и пешаците
сииииите до еден, но најмногу и најпотребни часовите им се на таксистите
 
a sto treba da napravat vozacite da vozat 5 na saat, voda ima kako da ja izbegne i ja sum bilisprska pa ne sum se zalel, i ja vozam kola pa znam kako e koga ke pominam preku voda gledam da ne isprskam luge ali sto da pravam nema kade da se bega
 
А да ги направеа прво патиштата и да ги одзатнат одводите,па после да пишуваат казни.
Ако гледаш дека некој вози брзо и постои можност да те избања избегај не стои за инат.Кога ќе видам некој таков инат намерно уште повеќе ја зголемувам брзината.
 
Абе овој пропис постои уште од поодамна.
А и го поддржувам, зашто стварно има возачи што без никаков осет поминуваат преку вирови, чиј резултат е нечие бесплатно бањање.
Па не е секој Цацко упм.
 
И тоа ќе ти ги исуши алиштата? :)

Си требаат системи за ефективно слевање на водата, тогаш дали некој ќе биде испрскан. :) Али повеќе им се исплати пари да цедат.

Нема да ги исуши алиштата, меѓутоа ако некој (намерно) ме направи жива вода, зошто да помине неказнето ?
 
Нема да ги исуши алиштата, меѓутоа ако некој (намерно) ме направи жива вода, зошто да помине неказнето ?

Не знам кој намерно би сакал да прска пешаци со вода : ) Нема избор човекот некогаш, ако возиш кола сигурно знаеш како е. Позади тебе вози некој улетан, ти гледаш од страна дека има луѓе на тротоар и што ќе направиш? Ако закочиш - ете ја сообраќајката, три пати поголема штета и нервози гратис. А и не е етички на некој така да му закочиш и да се лупне во тебе.

Пишав што треба да се направи, така никој нема да страда, ниту пешаците ниту тие што возат на крајна лента.
 
Би било подобро ако може пешакот да ја запише табличката на шоферот, да го пријави и на крајот на пешакот да му биде исплатена отштета. Никој друг не страда освен пешакот...

Лошо е направена целата постапка, како ќе докажеш дека јас сум бил тој што те направил жива вода без притоа никаков доказ да биде приложен ? Доколку возачот одбие да ја плати казната (или одбие да му бидат впишени казнени поени) и целата работа се префрли на суд, незнам на кој начин би можело да се докаже дека токму тој е оној што ја предизвикал штетата...
 
Би било подобро ако може пешакот да ја запише табличката на шоферот, да го пријави и на крајот на пешакот да му биде исплатена отштета. Никој друг не страда освен пешакот...

а колку ќе има лажни пријави ... што ако некој те слика на таа улица и те пријави дека си го испрскал, а ти ни крив ни должен да мора да платиш ...
 
уште еден неиздржлив,безврска закон донесен од законодавците донесен по забрзана постапка,по европски терк......како и сите донесени европски казни со илјадници евра кои би кутнале европско домаќинство,а не наше......улици катастрофа - дупка до дупка,атмосферска канализација која одамна ја изгубила својата функција,а ваму казни за тоа што се движам по улица со автомобил

имав случка пред месец дена кога манав во дупка со колата и тоа длабока и полна со вода притоа еден минувач го испрскав буквално преку глава и тоа со 0,5 на саат - едноставно падна колата во дупката. застанав се извинив,а човекот ниту сврте глава и си замина,додека случајните минувачи се смееја под мустак......
 
Не знам кој намерно би сакал да прска пешаци со вода : ) Нема избор човекот некогаш, ако возиш кола сигурно знаеш како е. Позади тебе вози некој улетан, ти гледаш од страна дека има луѓе на тротоар и што ќе направиш? Ако закочиш - ете ја сообраќајката, три пати поголема штета и нервози гратис. А и не е етички на некој така да му закочиш и да се лупне во тебе.

Пишав што треба да се направи, така никој нема да страда, ниту пешаците ниту тие што возат на крајна лента.

Во ред, таквите ситуации донекаде може да бидат оправдани. Учесник сум во сообраќајот (и како возач и како пешак), така да ги знам таквите случаи кога некогаш едноставно немаш избор. Меѓутоа има стварно несовесни возачи коишто воопшто не ја намалуваат брзината дури и кога нема воопшто нема автомобил(и) позади него па ќе ти ги направи алиштата жива вода, крајно безобразно.
 
И тоа ќе ти ги исуши алиштата? :)

Си требаат системи за ефективно слевање на водата, тогаш дали некој ќе биде испрскан. :) Али повеќе им се исплати пари да цедат.
Cekaat da dojdat donacii od Kina da gi popravat ulicite nemaat inace pari za toa, kako inace ke se gradat skulpturi ?
 
Се научиле само казна за ова, казна за она, стоки едни направете ги улиците и автопатите за греови сме, на цел свет водата им се слева за 5 минути кај нас 3 дена вирови после еден дожд. Оди вози на тие кратери, мене не ми е јасно кај се парите од регистрациите и патарините. Као демек некој немерно прска, глупаци.
 
Мене не ми е јасно кај се парите од регистрациите и патарините.
Ми ја удрија задната врата на колата.на човекот не му се чекаше полиција па ми даде 350 евра на рака.Вратата ја поправив за 130 евра.По некое време пак ми ја удрија истата врата,овој пат беше преку осигурителна компанија и овластен авто лимарски сервис.Иста врата иста поправка,цена 800 евра.Јас и проценителот си поделивме по 200 евра а сервисот доби 400 евра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom