Кавга со партнерот во друштво

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
40
Дали ви претставува проблем да се воздржите од кавга со вашиот партнер во друштво?Ви се случил ли ваков испад?Како би се чувствувале кога во вашето друштво би се случил сличен инцидент,се мешате ли во кавгата,пробувате да игнорирате или пак заминувате?
 
Личен пример за мене немам, но имам видено. Кога бев кај брат ми на гости во Скопје, имаше брат ми неколку колеги од работа со девојките и правеа нешто муабет за облека (дека немал место каде да ја става, ногу облека има за перење и сл.). Неговата женска почнуваше да го прашува прашања од типот „Каде ми е белата маица, црвените чорапи“. Јас гледав брат ми како остро ја погледнуваше а исто времено се гледаше колку им е незгодно на пријателите. Си подвикнаа нешто, по 15тина минути напната атмосфера си заминаа и пријателите, се скараа овие пак нешто итн.... сепак не можам лично да опишам како било, како им било нив, па и на пријателите.... поздрав :smir:
 
Непријатна ситуација без разлика кој се расправа! Може да се случи (порано почесто, сега веќе ми дојде памет :wink:) да ме изнервира некоја реакција на партнерот (многу глуп збор) па да кажам нешто иронично или некој мој краток коментар кој обично звучи као...а да? добро....(што значи - ќе збориме после!) Одбегнувам расправии во друштво пошто мислам дека никој не е должен да ме слуша како и за што се расправам па со тоа да расипувам вечер на сите...Имам пар во друштво што практикува една доза расправија пред друштво и стварно е напорно и мачно да присуствуваш на такви ситуации. Знам дека некогаш мора да изреагираш али подобро ќе станам и ќе отидам некаде каде нема да пречам на никој. Или...ќе си отидам дома, нели? :wink:
 
ми се има случено кавга да имам пред пријателите не нешто екстра голема но сепак пребацување и јас така поише црекав неможев да се воздржам непријатна ситуација секако и за тие што се со нас но тоа е некогаш за некоја работа неможеме да се воздржиме се случува
 
Не сакам и мислам дека не сум се карала со партнерот додека сме во друштво. Нема потреба со нашите проблеми да ги замараме пријателите и да ни бидат тие судии во караниците. Има партнери каде ќе се испокараат пред друштвото и најлошо те прашуваат нели е така кажи и/му. Те ставаат во непријатна ситуација.
Ако имаме некој проблем ќе отидеме на страна ќе го разрешиме.
 
Со дечко никогаш не ми се случил таков испад. Никогаш. Башка веќе имам спомнато дека јас во врска ретко се карам и преречувам па кавги и нема многу, што е лошо, но и да не е така, пред друштво секогаш би гледала да сум стабилна колку и да сум нервозна, нема зашто скандали и караници пред друштво, не се они должни да слушаат караници и да слушаат за нашите проблеми.
 
Не сакам да се карам со партнерот во друштво,затоа што тоа ми личи на "претстава" во која чекаме аплауз од друштво:nesvest:
Причината за караницата ја знаат партнерот и партнерката и затоа нема потреба од кавги во друштво.....се се решава на фин и културен начин,при разговор во 4 очи со партнерот.
Сепак не мора "прљавиот веш" да се изнесува пред публика(друштво).
Сум била сведок на неколку караници и искрено не сум се чувствувала убаво.Нема потреба јас да се мешам во нечија караница која се случила во друштво и да кажам кој е во право,а кој не е.Па не сум во кладилница за да типувам на другарката/другарот:toe:
 
Сум присуствувала на многу такви и више преку к ми е искрено да слушам.. Претходно и мене може ми се десило не памтам.. Ама знам дека сеа пазам и пре ми се десил ода се накурчам и да си отидам одколку да се распраам пред сто души.. Ипак ко шо мене ме курчи така претпоставуем ќе ги курчи и другите да слушаат па нејќу да праам претстави.. додуша некад у такви ситуации да си отидеш може да значи и чао толку од нас ама како сака нека се свати пре така ќе изреагирам и боље така да испадне него да се запукаме и пак да се лигајме на крај и уствари да испадне дека само се праат драми за ништо
 
Никогаш пред други.Ако има нешто да ми каже има простор и време,бламирање за без пари не треба ни на крај памет да му текне.Тоа го знае од првиот ден и тоа е можеби првата работа која ја кажувам на почеток на врска.
 
Никогаш не ми се случило, зашто гледам тоа да го избегнам. Ако вријам и не можам да ја воздржам, ја носам на страна, за да се расчистат приватните работни приватно. Инаку, се обидувам да се пошегувам на таа сметка, за да биде интересно за друштвото, кога веќе и тоа мора да знае. :)
 
мене еднаш ми рече вака...Кога сме сами можеш да викаш , да се караш , ама не дозволувај никогаш другите околу тебе да видат дека во нешто не се согласуваме, нека мислат дека секогаш ни е нај, нај, иако не секогаш е така
 
По природа сум човек кој не се расправа, па секогаш сум оној кој поќутува... Инаку несакам да се расправам пред друштво. Ако имам некоја замерка-заблешка или било што, ја кажувам кога ке дојде време за тоа и кога сме сами.
 
Не ми се случило да се карам со девојката во друштво, зашто и онака многу ретко се карам со партнерките. Речиси секогаш го задржувам нормалното ниво на комуникација, иако сум се нашол во ситуации кога во себе сум вриел. Но, самоконтролата е важна во тие моменти. А сум присуствувал на (жестоки) кавги на некои парови додека сум бил и јас со нив, и секогаш само сум се обидувал да ги натерам да не реагираат толку бесно, да пробаат да ги средат работите со разговор, додека не ги влошиле уште повеќе. Но диреткно не сум се вмешал, така само може јас да го извлечам подебелиот крај преку обвинувања дека застанувам на едната од двете страни.
 
Домашните проблеми не се раскажуваат низ цело маало. На никој не би му ја давала можноста да присуствува на излагање на валканите гаќи, нема зошто. Се може да почека, а не ми е потребно да правам драма пред луѓе за да ми биде интересно... Генерално, во друштво не ни отвараме лични муабети за да дојде до некоја кавга, ама и да испадне сепак да залутаме накај тие води, гледам да ја смирам ситуацијата... До подоцна:)
 
Не се карам никогаш пред публика,глупо ми е многу.Успевам да се воздржам секогаш и да ги одложам таквите моменти за подоцна,најчесто со поглед си сигнализираме дека некој ја пречекорил линијата или понекогаш доволна е шега за да спречи муабетот да појде во недозволена насока.

Во поново време не сум присуствувала на вакви караници,ама порано имаше еден пар кој успеваше и разговор за времето да го претвори во брутална пресметка,како да им беше поинтересно така.На почеток можеби е интересно,но по извесно време станува исцрпувачки и за слушателите,па кога раскинаа беше олеснување и за нас.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom