Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Да, точно дека ги пее високите тонови со леснотија, но искрено, најискрено, малку е напорно да се слуша во оваа песна, бидејќи е пренагласено и зборовите за неколку секунди се развлечени. Барем да бил само во еден дел (да речеме во вториот дел од песната) малку ќе беше „поприфатливо„ да се слуша, а тука скоро во првиот дел почнува од 20 секунда и така тера до крајот на песната. Во гласот на Каролина може да се почувстува некогаш и тага, ранливост, кревкост. А во оваа песна е премногу јако и едноставно пренагласено. За мене не е аргумент тоа што некој друг пеел максимум, па сега тоа да и биде појдовна точка на Каролина кога пее.
 
Па ова не е песна што на прво слушање треба да те воодушеви, треба да се преслуша барем неколку пати за да се прифати. И Чалгиска на прво слушање не ми се допадна но со секое следно слушање се повеќе ми се допаѓаше.
 
Да, но за Чалгиска немав некоја одбивност уште од старт т.е. нешто што ми отскокнуваше кое не ми се допаѓа, за ми влезе уво по 10 пати слушање. Кога ќе размислам подобро на почетокот на Чалгиска не ми допаѓаше тоа во позадина „на на нанана„. Сега се навикнав.
Но во „Две лири„ уште од сега ми сметаат тие високи тонови, и нема да се навикнам и по 20 пати слушање.
 
За она што велите развлечено пеење па ова не е поп музика,туку традиционална староградска музика,во сето наше творештво така развлечено се пее.
 
Убаво почнуваат првите стихови и одеднаш те пресекува многу гласно пеење и да, напорна е за слушање песнава а треба нели да бидат за домашно и кафанско релаксирање. Оваа го има тоа само во почетокот.
 
Мене многу ми се допаѓа и со секое слушање се повеќе,многу повеќе од Чалгиска,но има и поубави песни на албумов. А за она гласното па намалете го тонот малку ,а во секоја кафана се слуша гласна музика. И текстот многу ми се допаѓа.
 
И по 10-15 слушања, мене ова ми е најслабата етно песна во споредба со Чалгиска и песните од првиот албум. Се надевам дека нема да има уште една ваква на албумот.

Мене искрено ми е напорна песнава, ете гледам и jasisamojas и била.
 
Не се работи за намалување на тонот, едноставно напорна е за слушање во високите тонови. Баш како што спомна Дијаманте, буквално пресекува песната посебно кога почнува делот „Среќа ќе ти посакам„ во 1:24 минута. Ми се уморува увото да ја слушам. Исто така, „Зајди, зајди„ се пее развлечено, ама таму има и ниски тонови, а тука се само високи и развлечени.
 
Песниве се за ниски тонови - пеење, не за толку високи. Не дека сме стручњаци, ама јасно е што ни се свиѓа како обични слушатели.
И на првиот албум имаше вакви високи тонови кои едноставно не одговараат за вакви песни, ама таму беа многу краткотрајни тие "дерења", пример во Дојде време дојде или Јас сум несреќница. Самите песни добиваат на топлина, нежност и релаксација ако се пеени во ниски тонови.
 
Точно дека не сме стручњаци, ама за пеењето на Каролина малку и сме :-) Кога веќе некого го следиш како пее години наназад, и плус тоа сме биле на скоро сите нејзини концерти, ја следиме кариерата, имаме и за право да бидеме и критични т.е. објективни. Фановите знаат каде се предностите и недостатоците кај пеачите кога пејат во живо, или песни што не им лежат на гласот.
Ај ќе ги чекаме другите песни. Кај им текна па оваа да ја прават втор сингл? Изгледа таа „Смеј се, смеј„ е во побрз ритам, може таа требало да ја пуштат.
 
Вака јас не сакам многу да коментирам зашто го преслушав целиот албум и мене ми се допаднаа песниве има две три кои според мене се издвојуваат од останативе,впрочем на првиот беше исто.Но ми се има често случувано да песна која од прва ќе ми се многу допадне да после не сакам да ја слушам. Оваа песна бидејќи ги слушав сите од еднаш не ја запазив,но сега колку повеќе ја слушам ми се допаѓа се повеќе. Инаку ова е типична кафанска староградска љубовна песна во која се пее од душа и со сета сила и тоа е тоа.Најверојатно не ви се допаѓа тој вид на музика,знам луѓе кои не ја сакаат Каролина(но фолкери во душа) што ова мошне им се допаѓа.
 
Не е дека не ми се допаѓа тој вид на музика, не ми се допаѓа како е гласовно „донесена„ и интерпретирана песнава.
 
Не е дека не ми се допаѓа тој вид на музика, не ми се допаѓа како е гласовно „донесена„ и интерпретирана песнава.
Потпис. Песната би звучела многу поквалитетно и по за душа доколку би била испеана ниско, ќе се осетала таа нежност и емоција. Или па нека се пее високо, ама тоа нека биде пропратено со појаки музички ноти.

И видов како изгледала на промоцијата пред новинарите, не ми се допадна фризурата.
 
Не е дека не ми се допаѓа тој вид на музика, не ми се допаѓа како е гласовно „донесена„ и интерпретирана песнава.
Тебе не ,но мене ми се допаѓа ,од секогаш сум сакал кога високо пее.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom