Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Утре во клубот ХО ексклузивно ќе имаат можност да го преслушаат новото музичко ремек дело на Каролина Македонско девојче 2,веќе преслушано само да замижеш и да слушаш. мој фаворит Кој да ми запее. И секако легендарната Ако згрешам нека изгорам.

Зошто уште отсега се пушта? Па тогаш нека го пуштат во продажба сега, а не да го добиваме на влезот во МОБ.
 
Зошто уште отсега се пушта? Па тогаш нека го пуштат во продажба сега, а не да го добиваме на влезот во МОБ.
Па тоа е само за медимите ќе имаат само можност да го преслушаат,без ништо да снимаат, ќе биде од затворен карактер.
 
Она рече ќе имало 8 авторкси песни и 2 преработки. Кои се тие преработки да знаеме на чии песни?
 
Рецензија за албумот и од друг сајт
http://vistina.mk/2014/01/10/go-preslushavme-makedonsko-devojche-2-na-karolina/

1.jpg
 
Утре ќе биде промовиран вториот сингл од Македонско девојче 2,песната Две лири (не ни било судено).
 
Почитувани,
Ве информираме дека Авалон Продукција ќе го промовира вториот сингл од албумот “Македонско девојче 2” со наслов “Две лири (Не ни било пишано)” утре точно во 19ч.(понеделник)... неколку саати пред Василица...предстара Нова Година.
Ваша,
Авалон Продукција

5623_652078124833326_1635108319_n.jpg
 
Вториот сингл - "Две лири" (Не ни било пишано)

 
Не ми се свиѓа :( На второ, трето слушање подобра станува, но како и да е, не се споредува со Чалгиска
 
И јас не сум нешто воодушевен. Не ми се допаѓа делот каде ги развлекува слоговите „мииииина„ „збоооооорот„... И рефренот некако е многу гласен.
 
И јас не сум нешто воодушевен. Не ми се допаѓа делот каде ги развлекува слоговите „мииииина„ „збоооооорот„... И рефренот некако е многу гласен.
Да, баш тоа. Рефренот е дерење, почетокот е добар ама одеднаш почнува тоа дерење и развлекување на зборовите.
 
Баш убаво кажа „дерење„. Не се разбирам во пеење, ама можела малку понежно да ја испее, слично како „Птицо малечка„.
 
Па не мислам дека е воопшто дерење,само повисоко пее,го има таа во гласот тој капацитет да го отпее, и ми е драго што конечно и го покажува,зашто гласот секогаш треба да и доаѓа до израз што мислам дека последниве 10 години не беше така.Па погледнете ги и Нина и Александра и Вана и Калиопи во секоја песна се трудат до максимум да им дојде до израз гласот што мислам дека кај Каролина во последниве 10години и не беше случај. А за она дерење е кога немаш доволно вокални можности а сакаш да отпееш колку е можно повисоко, да не редам примери имаше и на Скопски такви,а ги има и ќе ги има. Се гледа дека кај Каролина со каква леснотија сето ова го пее.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom