Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Каролина Гочева беше дел од традиционалниот музички настан „Ѕвездите на Рујниќ„ кој во чест на покојниот хрватски хитмејкер Зденко Рујниќ се одржа во Хрватскиот народен театар во Сплит.
Поп-ѕвездата настапи на иста сцена со хрватската музичка елита и ја испеа песната „Када заспу анѓели„ (Остани)- евровизиската песна на Горан Каран од 2000 година.

 
Каролина изминатиов период го снимаше својот нов спот,за нејзиниот нов сингл "Ти" напишан од Пере и Франц од Нокаут,спот е сниман Дарко Моратов,во блиска иднина ќе биде промовиран.
 
Во новото издание на Вест, Каролина зборува за модата во Битола.
 
Ај кога ќе има карти за концертот, пишете :)
Не гледам телевизија, нема теорија од таму да начујам. :)
 
Од утре ќе биде пуштен во етер новиот сингл и спот на Каролина како најава за нејзиниот нов албум "Наубавите песни" кој ќе биде во продажба од 19ти ноември.
 
ШОК ШОК ШОК
:(:(:(:(:(
КАРОЛИНА минатава недела ја прекинала соработката со Авалон продукција затоа што планира откажување од музичките води. Како што самата Каролина вели:
;;Со Авалон имавме 12-годишна одлична соработка, освен професионална соработка, се дружевме и приватно, меѓутоа некогаш во животот треба да се знае кога ќе се прекине со нешто за да се започне со нешто ново. На моја иницијатива, ја прекинавме соработката затоа што започнувам со нешто ново, кое не е воопшто поврзано со музиката. Музиката секогаш ќе биде мојата љубов, а љубовта моја религија, не велам дека никогаш нема да направам повторно песна, албум или концерт, но во следниве години нема да се случи тоа. Моментално сум навистина окупирана со друг ангажман кој ми ја користи целата енергија. Проектот со Стилисимо и акцијата за Клиниката за детски болести е последно нешто што го направив со Авалон и поврзано со Каролина како музичко име. Во четврток на прес конференција и јас и Авалон ќе се збогуваме со новинарите. Се останато ќе биде кажано таму".
Dobro, od kaj vi teknuvaat vakvi raboti? Da se otkazese sigurno nemase da pravi nova pesna i da ima koncert.
 
Чудно Каролина веќе има песна со наслов ТОЈ од 2001 год која исто така ја потпишуваат Пере и Франц

ова нема да биде првпат бидејќи има две песни со наслов Мојот свет
Мојот свет 2001

Мојот свет 2007
 
БРАВО КАРОЛИНА
Светски спот :cuc:
Спотот е преубав. Дали Најубави песни ќе бидат сите со променети аранжмани? Се гледа дека е на Нокаут.

За коментарот горе, првоаприлска шега е. :icon_lol:
 
Фестивалот на музика од светот во Битола

Tурската популарна група „Баба Зула“, Васил Хаџиманов и Каролина Гочева ќе настапат на Фестивалот на музика од светот што во организација на Центарот за култура ќе се одржи од 6 до 8 декември во Битола.

На првата фестивалска вечер, на 7 декември ќе настапи Васил Хаџиманов кој ќе се претстави со авторска музика со балкански музички вариетети и џез фузија, како и Каролина Гочева со изведба на нејзиниот албум „Македонско девојче“.

Втората фестивалска вечер на 8 декември е резервирана за концерот на популарната турска група „Баба Зула“. Оваа група е позната по својата алтернативна музика која ги комбинира ориенталните инструменти со модерниот електронски звук. На настапот во Битола, турскиот бенд, во состав на Левент Акман, Мурат Ертел и Косар Камчи, ќе настапи заедно со нивната соработничка од Македонија на повеќе проекти, вокалистката на групата „Баклава“ - Елена Христова.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom