Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Е аман, има ли нешто авторски? :)

Кажа Каролина во едно интервју дека Бои авторот на песната и ја дал односно тој и ја има понудено да ја препее, а нејзе многу и се допаѓала и прифатила. :)
 
Кажа Каролина во едно интервју дека Бои авторот на песната и ја дал односно тој и ја има понудено да ја препее, а нејзе многу и се допаѓала и прифатила. :)
Епа тоа не сум го знаел:)))
Како и да е, не се менува фактот дека албумов и е многу светла точка на македонската музичка сцена.
 
Може требаше Скај Виклер да и направи уште една песна на Каролина. ;)

Се надевам новиот спот нема да биде работен во студио како и претходните спотови, туку ќе излезат надвор и ќе покажат малку нешто од екстериер и надворешна околина :))

За ова се согласувам, нека биде спотот надвор од студио.

Ма албумот е нешто предобро, секоја пофалба
 
Сите песни и се потпишани од авторите,така да се е авторско,а дали некој негде претходно ја пеел тоа не е ни битно,за пазарот за кој е наменет овој албум е се ново и ептен добро што го покажуваат и самите први реакции,одамна кај нас немало толку позитивни реакции за некој музички проект.Буквално од прва до последна песна се екстра добри.
А во однос на Скај Виклер што го нема со друга песна,подобро само една ама вредна отколку бледи сенки на она првото.
 
Никој не спори дека не се убави песните. Прашањето беше само зошто пишува македонски автори на песна која веќе е испеана во Бугарија. Меѓутоа ако се работи за соработка за која се потпишани и откупени авторските права, тогаш е сосема оправдано.
 
И уште еден препев има, “Да можев да те погледам“ е исто бугарска, од Слави - Нешто Лично.

Иначе си стои дека музиката е на бугарски автор, а текстот и аранжманот се на македонски, што е логично.
 
Никој не спори дека не се убави песните. Прашањето беше само зошто пишува македонски автори на песна која веќе е испеана во Бугарија. Меѓутоа ако се работи за соработка за која се потпишани и откупени авторските права, тогаш е сосема оправдано.
Па сите песни си се потпишани од авторите кои ги напишале,и сите песни и се дадени од страна на самите автори кои сами и ги понудиле,како што самата Каролина вели не ги барала таа сама песните туку песните ја пронајдоа Каролина.
 
Песните се добри да, но би биле уште подобри кога би знаеле дека се наменети само за албумот на Каролина, а не препеани. А плус тоа и Каролина кажа дека многу внимателно ги бирале песните и текстовите, така што очекував да бидат нови авторски досега необјавени песни. Ова ме потсетува на песните од Владо кој исто така ги превземаше од руски автори.
 
Владо песните ги крадеше и ги присвојуваше како свое авторско дело,како и Здравко Чолиќ, овде е сосем друг случај,самите автори и ги имаат понудено на Каролина и се со потпис на авторите,и не знам што тука ви пречи нешто или ви се допаѓаат песните или не,трето нема.
 
Па и да ми се допаѓаат песните не можам да се правам слеп дека се препеани. Музиката не познава јазик, можам да ги слушам оригиналните песни. Албумов го чекавме значи со години и толку време се трубеше колку тоа време и енергија му посветиле, за на крајот да добиеме препеви. И тоа не еден, ами дури четири.

П.С. Каролина ќе ги претставува новите производи на Витаминка на новиот календар за 2011.
 
Па и да ми се допаѓаат песните не можам да се правам слеп дека се препеани. Музиката не познава јазик, можам да ги слушам оригиналните песни. Албумов го чекавме значи со години и толку време се трубеше колку тоа време и енергија му посветиле, за на крајот да добиеме препеви. И тоа не еден, ами дури четири.
Потрошила и тоа како и време и енергија и пари и љубов и што ли уште не,за да ги донесе и испее сите овие песни,не ги има снимано овие песни за една ноќ,туку се има посветено на секоја песна поодделно со многу љубов,солзи и енергија.Каролина не е композитор па да украде од ваму и од таму и да спакува и да каже јас го напишав ова,а и сите песни таа ги добива готови ги преслушува и ако и се допаѓаат ги зема и ги снима,притоа потпишува договор со авторот.Инаку песната на Каролина-Ти можеш од Кристина Ковач и покрај тоа што Кристина имаше потпишано договор со Авалон за песната,Кристина без знаење на Авалон си ја продаде истата на Дин и тој си ја отпеа на српски и што има тука страшно.
Јас кога слушам некоја песна не ми е битно кој ја напишал тука дали ми се допаѓа или не.Она што е најбитно во целата оваа приказна дека песните се екстра и дека Каролина ги има отпеано маестрално и дека сите авторски права се регулирани како што треба.Па и албумот на Тоше од 2002г. беше целиот со познати грчки песни и не му пречеше на никој негов обожавател, за да на крај испадне дека всушност тој албум му беше најпродаван до неговата смрт.
 
Знам дека Каролина маестрално пее, ја следам нејзината кариера; и тоа никој не го оспорува, и нема потреба да ни докажува дека може подобро да препее нечија песна, иако сум убеден дека тоа не и било целта, не само преку овој албум, туку општо кога пее туѓи песни. Не делува да поседува таков карактер да се докажува на нечија сметка или да засенува некого.
Во овој случај со препевите, ниту мене не ми е битно кој ја напишал песната, но кога веќе знам дека постои друга оригинална верзија, тогаш препевот ме потсетува на оргиналот. И тоа ме зачуди со овој албум кај Каролина што дури четири песни се препеани. А можеби и за песната од Марија Шерифович да станува за препев, не знам.
Сметам дека имаа доволно време да најдат нови песни, нови автори, нови текстови. Тоа е моето мислење, а не велам дека Каролина не отпеала добро, ниту имам забелешка за авторите, бидејќи биле од Бугарија/Русија. Тоа воопшто не ме интересира.
 
Апропо она што велиш препеви ќе ти кажам дека најголемиот хит на Витни Хјустон-J will always love you е препев,најголемиот хит на Мараја Кери-Without you е препев,и што сега тука поентата јас да мислам дали таму некаде некој друг ја испеал таа песна сето ова е стварно смешно,да не речам патетично.А Марија Шерифовиќ има препеано многу македонски песни од Дарко Димитров(ако и можеме за многу од нив да кажеме дека се македонски) а претходно отпеани од наши песни и што има тука да се филозофира.А она за што велиш имала доста време да избере други песни,доколку ги имаше ќе ги испееше но за жал денес е тешко да најдеш добра песна,многу понудени песни беа одбиени или се во фиока,зашто на Авалон им е целта да направат хит албум,а не албум како албум да се има нешто,баш и поради тоа што има голема авторска криза се чекаше толку време.Не е проблемот ниту во времето ниту во парите,проблемот е во немањето на автори,денес се е измислено.
Еве уште од сега веќе почнаа да собираат материјал за следниот албум.
Едно е сигурно,а тоа е факт дека песните се фантастични и веќе имаат одличен прием кај публиката,а всушност тоа е и најбитното.И песните се паметат по пејачите не по авторите,пејачите го имаат својот глас како инструмент на кој свират,најбитно е пејачот да остави свој печат на песната со својот инструмент-гласот.
 
Според мене мислам дека има разлика кога ќе препееш позната песна само еднаш поради потребите на некој настап или гостување во емисија, и кога ќе направиш албум со песни препеви, кои подоцна би требало да се дел од кариерата на пејачот, па ќе се снимаат за нив спотови, ќе се пеат по концерти и сл. За мене има тоа разлика.
За мене Каролина веќе е докажана пејачка според нејзинот глас. И нормално дека ја паметам според гласот и песните. Ги имам нејзините албуми, сум бил на нејзините концерти, ја слушам како пее во живо на ТВ. За нејзиниот вокал ни најмалку не се сомневам, туку напротив секогаш ја препорачувам и сум и' фан.
А тоа што имало авторска криза можеле да го решат со автори од Хрватска на пример.
 
Баш сега ги слушнав тие песни и кога ќе ги споредам како звучат со Каролина огромна е разликата,а она за Хрватска па таму е истата песна има таа неколку песни од Арсен Дедиќ,али тие можесамо да си ги пее додека се тушира,нејзе и треба хит и можеби за во македонија не толку колку за во Ех Ју просторите,зашто таму владее правилото вредиш колку и последниот хит што го имаш.Па најголемиот хит на Нина Бадриќ-Такви као ти е преработка и да не беше таа песна денес никој немаше да знае која е Нина,а таа пее од крајот на 80тите а тек во 2003 се проби.Каролина и беа потребни хитови но сепак не по секоја цена,да биде хит но истовремено да има и квалитет песната.Да најдеш квалитетна песна која ќе биде хит е многу тешко денес.Па и во Хрватска еве Масимо Савиќ имаше дури три цели албуми со преработки со евергрини од Ех Ју сцената, и притоа беше дури и награден со тие албуми дури МТВ награда доби.
Инаку мене ми е мошне драго што последните години почна на своите настапи да пее и други песни вон нејзините,некои светски хитови кои и лежат и кои ги пее одлично и кои публиката ги сака.Едно е сигурно уметноста не познава граници и не трпи ограничувања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom