Еве и од мене една објективна критика на долго очекуваниот албум од Керол:
Во целост се работи за мошне солиден и квалитетен албум на Каролина. Се гледа дека навистина вложила да донесе нешто поразлично од претходните песни кои ги изведувала порано, како вокално, така и преку текстовите. Голем плус за текстовите, кои се зрели и мислам некои се можеби и автобиографски. Ќе ги издвојам
Капка од небото и
Да можев да те погледнам.
На прво слушање најмногу ми се допаднаа
Бои и
Сама поради побрзиот ритам, а од баладите посебно текстот и песната
Да можев да те погледнам.
Не знам зошто, ама
Капка од небото не ме воодушеви посебно како за насловна песна на албумот. Очекував многу повеќе.
Кога веќе објективно критикуваме, морам да признаам дека ни ме се допадна тоа што две од новиве песни веќе постојат и се препеани на други јазици.
Ме љубиш ли и ти ја има во руска верзија како “Лјуби менја“ од Елена Терлеева од 2008г.
Сите тие дни ја има испеано Миро на бугарски под наслов „Niakoga predi“ во 2007г. Текстот е преведен на македонски. Значи се работи само за препев.
Од цел албум најдобри ми се „Крај„, „Не се враќаш„ и „За година две„. Може требаше Скај Виклер да и направи уште една песна на Каролина.
Се надевам новиот спот нема да биде работен во студио како и претходните спотови, туку ќе излезат надвор и ќе покажат малку нешто од екстериер и надворешна околина

)