Каролина поубава од било кога
ПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО
Македонската „Капка под небото“ подготвена да излезе во продажба.
Наскоро, македонската публика ќе има можност да го види и слушне последниот албум на Каролина, чија промоција ќе се случи на 22 ри Ноември во издание на Авалон Продукција.
Најновото остварување на Каролина ќе содржи 10 композиции, на кои како автори се појавуваат неколку композитори од целиот Балкан па и од Русија. Покрај овие десет основни композиции, албумот ќе содржи и две бонус траки, една акустична и една ремикс верзија на две од постоечките песни.
Прва и ударна композиција, која го најавува квалитетот, оригиналноста и единственоста на оваа „Капка под небото“ на Каролина е песната „Не се враќаш“ на македонските композитори Бертан Аслани и Даниел Кајмаковски. Во самата песна, гостин на гитара е маестро Влатко Стефановски.
Истиот овој албум, за српскохрватското јазично подрачје со наслов „Кап испод неба“ ќе биде во издание на City Records, Emotion и Авалон Продукција. До 22 ри Ноември, и промоцијата на албумот, уживајте во фотографиите на Каролина, специјално направени за омотот на албумот.