Карло Кудичини сериозно повреден во сообраќајна несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата jovanovski
  • Време на започнување Време на започнување

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Возраст
32
Веб-сајт
asromamk.com
36 годишниот Кудичини удрил во Форд Фиеста околу 10 и 30 утринава и веднаш е пренесен во болница. Според информациите на медиумите од Англија, голманот на Тотенхем заработил повреда на карлицата.
Потпаролот на полицијата рече: “Можеме да потврдиме дека едно 36 годишно лице е однесено во болница по сообраќајна несреќа со мотор и се верува дека заработил повреди од кои може да му се промени животот.” Потпарлот на Тотенхем рече: “Карло Кудичини има фрактура на зглобовите на двете раце и повреда на карлицата откако беше инволвиран во сообраќајна несреќа.”
“36 годишниот голман од Италија е однесен во болница каде што ќе изврши серија на прегледи под надзор на нашиот медицински персонал.”
IZVOR
Golema steta 2 golman vo 2 dena zavrsuva kariera na najlos mozen nacin
 
Еден од моите омилени голмани, дефинитивно голема штета, жално. Има 36 години, не е проблем за кариерата, со го одиграл своето, битно е да се врати нормално во животот, без некои големи последици.
 
Абе какво враќање што зборите...скршени двата зглоба на двете раце, 36 години...нема шанса да заигра више.
 
Иако беше кон крајот на својата кариера, штета е што ја завршува на ваков начин.

Се надевам нема да му останат последици од ова.:smir:
 
Стварно штета...многу е гадно на ваков начин да се заврши кариера..:nesum:

Сепак нека е среќен што останал жив..:toe:
 
Му посакувам најбрзо можно опоравување.Тешко е сигуро на 36 години со такви повреди пак да се вратиш меѓу стативите, но се надевам тоа ќе му успее.
 
Steta...Sreka negova sto ostanal ziv,a za vrakanje nema sansi da se vrati em sto ima
36 godini em e tesko povreden...steta za eden igrac na vakov nacin da ja zavrsi karierata...:toe:
 
Што се дешава само Господ знае.:(
Само Господ нека му е напомош.
 
За жал, најверојатно ќе ги обеси ракавиците на клинец. Веќе има 36 години, а резерва му е на Гомес во Тотенхем. Како што често го ословуваат во Англија, Карло е „најдобриот втор голман“ на островот во последните 20 години. Извонредни рефлекси, знаеше да влијае позитивно на тимскиот дух, маана му беше само променливата форма.
Кога ќе ми текне дека на ист меч Чех доби фрактура на черепот (Хант, маме твое), а Кудичини се онесвести (Сонко, такоџе)... А и двајцата се вратија меѓу стативите, како-така. Штета што за голманите важи она: Додека на еден не му се стемни, на друг нема да му се раздени. Штета што во Англија Карло не ја дочека полната светлина на денот.


Иако најверојатно нема да се врати меѓу стативите повеќе, му посакувам брзо закрепнување и повторно да го видиме активен во некој клуб, како тренер на голмани или нешто слично во тренерскиот кадар.
 
Стварно жално :(:( и тоа со мотор кога ќе прочитам ми се лоши (исто и јас имав сообраќајка летово со мотор и тешка повреда на ногата за среќа сега се е у ред) ии карло дај божеда оздравеш и да нема последици..
 
Прво Енке се фрла под воз,после Кудичини прави тешка сообракајна несрека:uvo:.Нека биде срекен што останал жив...и онака крајот на кариерата му беше при крај,навистина добар голман:nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom