Карл Јунг - Психолошки типови + MBTI + KTS

Ја не сум сигурен пола прашања како да ги одговорм...фак мај персоналити :LOL:
П.С. Мора некоја дијагноза да има за такви како мене....
 
Штета:(
Првично А. По скоро година Т. Таман се поклопи со доста промени што ми се случија :coffee:
Скроз исто. Штета. Не знам шо да речам друго.

Те си:
1596654977562.png
:pos:
 
Последно уредено:
Така ако ви варира егото таман работа

Не зборувам за варирање, туку за експанзија. Егото да прифати во себе различни аспекти. Тоа е процесот на психолошко-алхемиска интеграција која Јунг ја опишува - индивидуацијата, односно прифаќање и интегрирање на спротивностите во личноста (сенката и се што е несвесно) со цел реализација на Себството (The Self).
На пример, можно е истовремено и да сакаш време сам во изолација, и да сакаш големи збиднувања со многу луѓе. Можно е истовремено и да се водиш според мислите, и според емоциите, особено ако емоциите и мислите ти се хармонизирани едни со други, што е патем најприроден и најздрав начин на функционирање (логиката и емоциите не се контрадикторни). Можеш истовремено да имаш силни интуитивни функции и силни сетилни функции итн. да не должам (читни ми го потписот).
Знам дека е малце тежок и патот е долг ама ако си односно сте заинтересирани за овие теми вреди да се чита Јунг за посолидно да се разбере темата. Сите негови книги ги има достапни како PDF.
 
Што е The Self?
Ај штом почна :D
 
Искрено глупост, можеби било ок за неговото време. Човековата психа не е толку проста за да може вака да се категоризира.

Не е на одмет малку скептицизам на темава :) Ок се сложувам делумно, вакви сеопфатни теории звучат малку преамбициозно а и еве ова вторава слика со вакви ригидни категоризации малку заликува и на хороскоп, но сепак тоа не значи дека треба да се фрли целата Јунгова теорија во вода. Еве на пример неговите поими, екстраверзија и интроверзија, до ден денес се застапени во скоро сите психолошки модели и во културата иако е изгубено нивното оригинално значење, а и не е толку тешко да се видат и во однесувањето кај луѓето ако се фокусира човек на тоа. Второ имаш Feeling и Thinking, иако сите „чувствуваат и размислуваат“, предност има едното наспрема другото и согласно одлуките се носат по различен пат. Исто и со Intuition и Sensing, драстично различен начин на доживување на реалноста, но ги имаме и двете, само со различна преференција.
На крај мислам дека целта на Јунг не е да се категоризираат луѓето и тие да се идентифицираат со некаков тип од 4 букви, туку тие самите да си ја увидат субјективноста и едностранноста и да бидат поттикнати да развијат поцелосна личност и да тргнат на патот кон индивидуација, секој од различна почетна точка.
 
Последно уредено:
Што е The Self?
Ај штом почна

Себството е тоталитетот, односно унификацијата на сите аспекти на свесното и несвесното. Јунг препознава неколку системи на личноста, најчесто во свесното се наоѓаат персона (она што го покажуваме пред други луѓе), его (она што мислиме дека сме), а во несвесно се наоѓаат сенка (се што сакаме да мислиме дека не сме, се што репресираме, негираме за себе итн.) и анима/анимус (анима кај мажи и анимус кај жени - архетипната репрезентација за личноста од спротивен пол, машките карактеристики во жената и женските карактеристики на мажот). Дополнително, несвесното се дели на колективно несвесно (психички структури односно архетипови со кои се раѓаме, кои постоеле од почетоците на човештвото) и индивидуално несвесно (се однесува на поединечното животно искуство).
Ајде чим се начна темава да одиме до крај :D
 
Ако продолжите со тестовите вака ќе завршите:

qvjwxj30jsc51.jpg

Предупредени сте. :anco:
 
Себството е тоталитетот, односно унификацијата на сите аспекти на свесното и несвесното. Јунг препознава неколку системи на личноста, најчесто во свесното се наоѓаат персона (она што го покажуваме пред други луѓе), его (она што мислиме дека сме), а во несвесно се наоѓаат сенка (се што сакаме да мислиме дека не сме, се што репресираме, негираме за себе итн.) и анима/анимус (анима кај мажи и анимус кај жени - архетипната репрезентација за личноста од спротивен пол, машките карактеристики во жената и женските карактеристики на мажот). Дополнително, несвесното се дели на колективно несвесно (психички структури односно архетипови со кои се раѓаме, кои постоеле од почетоците на човештвото) и индивидуално несвесно (се однесува на поединечното животно искуство).
Ајде чим се начна темава да одиме до крај :D
Јас мислам дека повеќе сме поврзани кон колективното несвесно отколку што се раѓаме со истото. И тоа знае да биде во повеќе леери, пример друштво па место во кое живееме, па држава па континент на крај. Морфогенетско поле го вика Руперт Шелдрејк. Може постои и универзумско колективно потсвесно.....just saying :D
 
Да, секако тоа си има влијание, колективниот дух онаму каде што сме родени, слој после слој си има positive reinforcement loop и се повеќе и повеќе влегува во психа. За тоа дека е биолошко повеќе од аспект на доказите дека гените се менуваат со искуството, особено кога се толку многу години во прашање, бидејќи во многу цивилизации и култури независни една од друга наоѓаме некои исти замисли, концепти итн. без да имаат комуникација едни со други. Тие архетипи се засноваат на некои основни работи, на пример геометриски форми, просторна ориентација, насоки, бројки, бои итн. од кои се градат понатаму цели концепти. Многу интересна работа е таа компаративна симболиска анализа :D Не го знам Шелдрејк, ќе го ѕирнам.
 
Ја би шпекулирал, иако нема докази во мејнстрим наукава за тоа па ни за колективното несвесно. Ја мислам дека сите паранормални феномени доаѓаат баш од таа наша конекција со тие различни леери на потсвесното. Тука би го спомнал Едгар Кејси, и затоа не го доживувам како нешто биолошо....али ај да не го тупам, темава е за друго.
 
Ме чуди ова Е зошто увек го поврзуваат со авторитарни позиции. Демек екстровертно е да си авторитет, ако јадеш гомна само, а ако не јадеш лајна не си авторитет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom