Инаку мене лично во последно време многу ми се допаѓа каташката Сандра Санчез од Шпанија, секако тука е Рафаел Агаев кој веќе е пензиониран од Азербеџан (кумите), ги имаме Рика Усами во кати од Јапонија.
Како македонци имавме добри каратисти Емил Павлов, браќата Саше и Жарко Арсовски, Берат Јакупи и други.
Рју Кијуна,
олимписки првак во кати во карате во 2020/21, во финале. Инаку по потекло од Окинава, Ријуки народноста, настапи за Јапонија и го освои првото место во категорија мажи.
Дали сте слушнале за Karate Combat лигата? Следејќи ги трендовите Glory, PRIDE, UFC пред неколку години и карате спортот проба да еволуира во фул контакт спорт. На почетокот се наликуваше на традиционалното карате само фул контакт, со текот на времето се вклучија боксери, кик боксери, џиу џитсу. Дозволена е и кратка борба на партер. Рафаел Агаев триумфираше и во оваа лига пред да се пензионира.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.