- Член од
- 18 јули 2008
- Мислења
- 192
- Поени од реакции
- 10
Грчкиот премиер Костас Караманлис завчеравечер во телефонски разговор со Барак Обама му ја честитал победата на новоизбраниот американски претседател и му се заблагодарил што зазел јасен став кон грчките интереси, јави агенцијата АНА-МПА.
Караманлис му рекол на Обама дека Грците во САД имале и с? уште имаат значаен придонес во американското општество. Тој рекол дека очекува голема поддршка и соработка со САД за решавање на спорните прашања на Грција и дека се надева на соработка меѓу двете земји во сите области.
Караманлис му порачал на Обама дека Грција ќе му обезбеди целосна поддршка во остварувањето на целите и надежите што произлегле од неговата изборна победа. Грчкиот премиер рекол дека економската криза денес претставува најголем предизвик и дека САД треба да соработуваат со европските партнери за нејзино надминување.
Обама, пак, му се заблагодарил на Караманлис за честитките и му порачал дека ја цени и ја познава улогата на грчката заедница во американското општество, како и дека има многу пријатели меѓу Грците во САД. Обама исто така ја пофалил Грција за, како што рекол, нејзината улога во Европа и во поширокиот регион. Тој изразил надеж дека што поскоро ќе ја посети Грција.
Извор:http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=257&ArticleID=13080
тек сега ќе видиме како ќе се развива спорот за името. По се излгеда го губиме најсилниот сојузник.