Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Каракачанов на македонските бранители им понуди бугарско државјанство
Лицата, кои учествувале во македонската армија за заштита на независноста и територијалната целост на Македонија во воениот конфликт во 2001 година, да имаат предност за добивање на бугарско државјанство, доколку изразат желба за тоа, предлага лидерот на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов.
Тој за бугарската агенција "Фокус", рекол дека тоа може да се направи во Законот за бугарско државјанство, каде што може да се формулира текст, и во склад на тоа комисијата која што дава бугарско државјанство, молбите на овие лица да ги разледува со предност.
- Тие луѓе војуваа за својата држава Македонија против албанските сепаратисти, од кои еден голем дел доаѓаа од Косово и не беа македонски граѓани. На тој начин, не се водеше граѓанска војна, но се водеше војна, во која што практично Република Македонија беше нападната од странци. Тие луѓе имаат целосна основа да претендираат на некој начин да бидат обесштетени за тоа што го претрпеле. Има ранети луѓе, има убиени, има такви кои додека ги исполнувале своите задолженија во служба на војската биле оштетени лично, нивниот бизнис итн. Тие луѓе имаат потполна основа да бараат обесштетување и компензација, како што е во нормалниот свет. Откако државата, Македонија, не направи ништо за тие луѓе, Бугарија може да направи еден гест кон нив - рекол Красимир Каракачанов.
На прашањето, дали ќе има интерес од нивна страна, тој со коментар дека со оглед на тоа што има над 50 илјади молби за бугарско државјанство, несомнено ќе има интерес.
- При постојана економска криза и невработеност во Македонија, тие луѓе немаат големи перспективи за напредок во Македонија. Познавам околу 15-тина луѓе од нив кои доаѓале и барале помош за бугарско државјанство - додал Каракачанов.