Телевизиите го достигнаа културното дно последниве години. Нема чудење зошто некој водител нешто кажал.
Програмата се сведува на телефонски броеви во кои ќе се јавува кој стигне од гледачите.
Уште па Канал 5 веќе месец дена имаат од 10 часот емисија со некоја си Бубе каде се јавуваат секакви гледачи.
Ало, некој имал здравствен проблем или социјален, и сега тоа преку тв ли се решава?
Но тоа е кога нема институции во државата, па новинар ќе биде лекар.
Еднодимензионална е програмата.
Колку само фали бившата А1. Тие барем пуштаа и по некој квиз на знаење од типот на 50-50 со Жаре Димитриоски, Милионер со Трендо. Имаа и квиз кој го водеше Александар Блажевски.
Денес имаме Лилика која води превара она Се или Нешто, каде банкар во старт знае каде е која сума.
Го имаме Драган Вучич со неговите дебилни квизови.
Телевизиите треба да си стават клуч во брава.
Нема никаква образовна и едукативна програма на тв, со документарни програми, едукација, знаење.