Кампања за СИДА која влева страв!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
не е мубетот за оваа реклама,за македонската зборам.
 
зар треба да ни влеваат страв за да сватиме дека треба да ијаме заштитен секс?
ОМГ
тогаш да се ставиме во категорија на глупави луѓе,само глупавите не сватиле до сеа после толку кампањи.

сеуште стојам на ставот дека рекламата е прееетерана,нема потреба да шеташ по улица и да размилуваш дали тој шо поминал покрај тебе има сида или тој шо седи до тебе во автобус има сида,или колегата на факултет итн.
само се создава општ хаос,паника за што сеуште мислам дека во македонија нема потреба.

Ама СИДАта е нешто кое што е сериозно и кое треба да создава паника. Не параноичност, ама треба да има загриженост, зашто не се работи за обична настинка.

Пак ќе кажам, да поголемиот дел знаеме што е СИДАта, колку е таа опасна, но има луѓе кои не знаат, ниту знаат како да се заштитат, а тоа е заради ниската свест и недоволната образованост по тие работи. Треба да се воведе сексуално образование, да се учат луѓето, да има интензивни предавања.

А знаеме како се добива СИДАта. Сигурно во автобус или додека се шеташ по улица нема да ја добиеш.

А инаку да, има луѓе кои треба да ги исплашиш, затресеш, чукнеш по главата, за да почнат да размислуваат.

Плус пак ќе кажам, рекламите имаат за цел да бидат зборени. Таа реклама токму тоа и го постигнува, ние сега за неа зборуваме. Во тие муабети, неизбежен е муабетот и за СИДАта и за нејзината превентива, така што рекламата до некаде ја постигнала нејзината цел.
 
Ама СИДАта е нешто кое што е сериозно и кое треба да создава паника. Не параноичност, ама треба да има загриженост, зашто не се работи за обична настинка.




А инаку да, има луѓе кои треба да ги исплашиш, затресеш, чукнеш по главата, за да почнат да размислуваат.
марсовче се согласува делумно со тебе ,марсовче мисли дека треба да се растресат дел од луѓето,но што со другите кои се на некој начин трауматизирани.

Марсовче знае многу земјани и земјанки кои се во своите 18-19 години,кои се до смрт преплашени од сида до таа мера што не сакаат да имаат односи марсовче не мисли да имаат односи со секого,но до таа мера да бидеш исплашен да мислиш дека ни кондом не те спасува ни фактот дека имаш долга врска со таа личност...

Треба и пак мера знаеш има деца кои се во развој и не им треба некој да ги плаши за нешто што е нормално и природно,треба да им се каже да внимаваат а не да се плашат .....
 
не е мубетот за оваа реклама,за македонската зборам.

И сеа?
Ти зборуваш за таа, јас ти кажувам како изгледаат рекламите во другите земји. Сличен е стилот, важно е да се пренесе пораката до гледачот. Мора вака.

Луѓето се толку затупени во последно време и ништо не може да го придобие нивното внимание а камоли, да ги поучи. Треба да го удриш човекот со бејзбол палка по глава, силно... за го добиеш неговото внимание, а потоа уште саат-два да почекаш додека ги отвори очите и да ги исчисти ушите, за да му соопштиш нешто.:pipi:


едит, затоа барал solid палка.
 
марсовче се согласува делумно со тебе ,марсовче мисли дека треба да се растресат дел од луѓето,но што со другите кои се на некој начин трауматизирани.

Марсовче знае многу земјани и земјанки кои се во своите 18-19 години,кои се до смрт преплашени од сида до таа мера што не сакаат да имаат односи марсовче не мисли да имаат односи со секого,но до таа мера да бидеш исплашен да мислиш дека ни кондом не те спасува ни фактот дека имаш долга врска со таа личност...
оф: ОМГ:nesvest:
зошто по ѓаволите збориш за себе во трето лице еднина?
ментална ретардација?!?!
раздвојување на личност??!?
мислиш дека е фенси?!!?(не е)

он: и да имаш врска од 2-3 години,сеапк треба да користиш кондом зашто никогаш со сигурност не можеш да тврдиш дека партнерот ти е верен.

И сеа?
Ти зборуваш за таа, јас ти кажувам како изгледаат рекламите во другите земји. Сличен е стилот, важно е да се пренесе пораката до гледачот. Мора вака.

Луѓето се толку затупени во последно време и ништо не може да го придобие нивното внимание а камоли, да ги поучи. Треба да го удриш човекот со бејзбол палка по глава, силно... за го добиеш неговото внимание, а потоа уште саат-два да почекаш додека ги отвори очите и да ги исчисти ушите, за да му соопштиш нешто.:pipi:
според тебе треба насилно или со влевање страв да им се каже на луѓето дека нешто не чини?
ќе повторам пак
Напишано од ^^^магде^^^
зар треба да ни влеваат страв за да сватиме дека треба да ијаме заштитен секс?
ОМГ
тогаш да се ставиме во категорија на глупави луѓе,само глупавите не сватиле до сеа после толку кампањи.
оваа реклама сопред мене навистина нема смисла,освен што ги деградира заболените од сида ништо друго не право.
треба бе малце и во нивна кожа да се стаиме,замисли колку страв влева реклама,кога некој ќе ти каже дека има сида,ќе избегаш од него баш поради вака стотно направените кампањи.
во тој момент инстинктивно ќе се тргнеш,нема да размислуваш како се пренесува,а тоа за тие личности и нивната психа е фатално.

едит: јове не ги видов рекламите,само видов дека не е таа за која ми беше отворена темата.
 
Не е се до цената... Рекламата е ок.. Подобро да се спречи,отколку да се лечи.. :smir:
Како не е до цената? едно пакетче 150-200 денари, а колку трае? Имаат ли младите пари за да се штитат? Знаеш дека е штетно, но нагон те тера, а пари немаш. Јас сум постар, но и јас не можам да одвојувам сума од 50 евра месечно за заштита. Со тие кампањи не е лошо да организираат бесплатно или по минимум цени снабдување со кондоми, инаку само реклами на тв (или полоша варијанта, оа што беше пред пола месец-месец на плоштад, циркузантството за СИДА), џабе.
 
оф: ОМГ:nesvest:
зошто по ѓаволите збориш за себе во трето лице еднина?
ментална ретардација?!?!
раздвојување на личност??!?
мислиш дека е фенси?!!?(не е)

он: и да имаш врска од 2-3 години,сеапк треба да користиш кондом зашто никогаш со сигурност не можеш да тврдиш дека партнерот ти е верен.

што знам ако фактот што сакам вистината да ја кажам на помалце сериозен начин и со ведрина и малце хумор тогаш,да,сум ментално ретардирана и раздвоена личност и мала лигла која се филма

он топик:зборев за кондом + долга врска

според тебе треба насилно или со влевање страв да им се каже на луѓето дека нешто не чини?
ќе повторам пак
оваа реклама сопред мене навистина нема смисла,освен што ги деградира заболените од сида ништо друго не право.
треба бе малце и во нивна кожа да се стаиме,замисли колку страв влева реклама,кога некој ќе ти каже дека има сида,ќе избегаш од него баш поради вака стотно направените кампањи.
во тој момент инстинктивно ќе се тргнеш,нема да размислуваш како се пренесува,а тоа за тие личности и нивната психа е фатално.

едит: јове не ги видов рекламите,само видов дека не е таа за која ми беше отворена темата.
заборавив марсовче се согласува со тебе за ова
 
Не знам за која реклама станува збор, но според описот можам и да замислам каква е и сигурно не ја поддржувам. Може да биде поучна, но не и стресна или трауматична. Можат одговорните за тоа и нешто подобро со парите фрлени за реклама ... да намалат цени на презервативи или па и бесплатно да ги даваат, што да не. Покрај тоа, може да смислат како да ги образоваат децата, па и часови за секс да внесат во наставата. Тоа е многу потребно.
Со страшни реклами дефинитивно се ствара уште поголем страв од заболените лица и уште толку ќе бидат отфрлени од општеството. Треба да се знае кој е заболен, но не треба да се плашиме од нив! Не е во ред тоа и точка.
 
Ама СИДАта е нешто кое што е сериозно и кое треба да создава паника. Не параноичност, ама треба да има загриженост, зашто не се работи за обична настинка.

E да, ама рекламава создава апла параноја. Повикува на параноја, ме сфаќаш? Као, be affaid, be very affraid.
Сега претпоставувам дека збориме истата ама таа што ја гледав јас дава некои статистики и испаѓа во секоја дискотека, на факултет, секаде околу тебе има заразени. И уште вика знаеш ли кои се? WTF?! Што треба, да знам кои се и да бегам од нив колку што ме држат нозете???
Фактички, колку што знам јас има околку 500 души во МК со ХИВ (поправете ме ако грешам). 500 од 2,000,000??!! И треба да се дига таква паника, за сооднос 1:4,000? Па во африкансите земји соодносот е далеку полош, дури и во некои западни е полош. Паничари:toe:
Воопшто не ми се допадна пристапот. Се сеќавам имаше една што викаше "Сидата не бира по број, бира по неинформираност". Не треба да ствараме параноја, туку да укажеме на опасноста и да ги информираме луѓето за да се заштитат.
Апослутно се слагам со Магде.:wink:
 
Видете не живееме сите по метрополи и поголеми градови...факт е дека секогаш ќе има луѓе кои нема пак да знаат или уште полошо ќе мислат дека знаат се и тогаш се посигурни? Не верувам кампањата е одлична и е да се покрене свеста,воопшто не е страшна туку реална...
 
E да, ама рекламава создава апла параноја. Повикува на параноја, ме сфаќаш? Као, be affaid, be very affraid.
Сега претпоставувам дека збориме истата ама таа што ја гледав јас дава некои статистики и испаѓа во секоја дискотека, на факултет, секаде околу тебе има заразени. И уште вика знаеш ли кои се? WTF?! Што треба, да знам кои се и да бегам од нив колку што ме држат нозете???
Ne da begas ali da pazis so kogo imas seksualni odnosi i da koristis zastita.

Dobri se tie statistiki i toa be affaid, be very affraid bidejki obicno sekogas razmisluvame vo fazon - toa mene ne moze da mi se sluci... Epa fintata e so moze i zatoa e dobra reklamata i predupreduvanjeto koe go dava
 
Сигурно ја знаете новата кампања за сида вирусот која е насловена како „Некогаш можеш да добиеш повеќе одошто сакаш“,и сте ја гледале рекламата која е за истата кампања.
Што мислите,дали е тоа правилен пристап и правилен начин за превенција од сида?Дали мислите дека на луѓето само со страв ќе им се стави во глава дека треба да се заштитуваат,или има и посуптилни начини сето тоа да се изведе?


Лично мене рекламата ми влева страв,сопред рекламата сида може да има секој,што е делумно точно,но што е со луѓето кои навистина се носители на овој вирус?
Како они се осеќаат кога ја гледаат рекламата.
И онака се отфрлени од општеството поради неинформираноста на луѓето за тоа како се пренесува болеста,рекламата повеќе звучи како „Бегајте што подалеку од хив позитивните“,отколку како „Заштитете се зашто никогаш не се знае“.
Зарем треба таков пристап кон носителите на хив,зарем треба да бидат на тој начин обележани?
Како да не им е доволно тоа што ја имаат таа болест,како тоа да не ги измачува доволно,па само уште ваква кампања им е потребна.

Гледајќи ја рекламата со една другарака,нејзиниот коментар беше
Се потрудив да најдам видео од рекламата,но нигде неможе да се најде,во случај некој да го има нека го постира.
Имаш подобра идеја?
 
Рекламата е одвратна...
Ја гледав пред да одам на факултет и коа влегов на правен сватив дека има тројца заболени од хив/сида... од кај знам кои се тие пм
Ме плаши до немај каде али у никој случај не го прави тоа за што е наменета... Да користиме заштита... Више ме плаши за воопшто да немам секс... имаше мн подобри реклами за да користиме заштита.. мислам дека една беше со пантомимичар... али ова е одвратно... посебно споено со кампања за трето дете.. мене после ова ми е страв дури и на едно дете ...
 
оф: ОМГ:nesvest:
зошто по ѓаволите збориш за себе во трето лице еднина?
ментална ретардација?!?!
раздвојување на личност??!?
мислиш дека е фенси?!!?(не е)

Што му фали на тоа зборување? Баш супер звучи.. фенси е..

Како е на факултет психологија :D?
 
он: и да имаш врска од 2-3 години,сеапк треба да користиш кондом зашто никогаш со сигурност не можеш да тврдиш дека партнерот ти е верен.
kondomot ne e 100% zastita. 100% zastita e masturbacija. ali i da nemas sida nema garancija deka nema da dobies rak ili nema da te udri nekoja budala so kola ili da ti padne saksija od nekoja zgrada.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom