Кампања за СИДА која влева страв!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
Сигурно ја знаете новата кампања за сида вирусот која е насловена како „Некогаш можеш да добиеш повеќе одошто сакаш“,и сте ја гледале рекламата која е за истата кампања.
Што мислите,дали е тоа правилен пристап и правилен начин за превенција од сида?Дали мислите дека на луѓето само со страв ќе им се стави во глава дека треба да се заштитуваат,или има и посуптилни начини сето тоа да се изведе?


Лично мене рекламата ми влева страв,сопред рекламата сида може да има секој,што е делумно точно,но што е со луѓето кои навистина се носители на овој вирус?
Како они се осеќаат кога ја гледаат рекламата.
И онака се отфрлени од општеството поради неинформираноста на луѓето за тоа како се пренесува болеста,рекламата повеќе звучи како „Бегајте што подалеку од хив позитивните“,отколку како „Заштитете се зашто никогаш не се знае“.
Зарем треба таков пристап кон носителите на хив,зарем треба да бидат на тој начин обележани?
Како да не им е доволно тоа што ја имаат таа болест,како тоа да не ги измачува доволно,па само уште ваква кампања им е потребна.

Гледајќи ја рекламата со една другарака,нејзиниот коментар беше
смени го каналов зашо ми лазат морници,се осеќам ко јас да имам сида,ме вади од памет...
Се потрудив да најдам видео од рекламата,но нигде неможе да се најде,во случај некој да го има нека го постира.
 
Не ја знам рекламата.. Али во секој случај мислам дека треба нешто погрубо за луѓето да се свестат.. Како останатите превентивни мерки и материјали да не се доволни.. Јасно дека луѓето што се ХИВ позитивни се осеќаат одвратно али.. Мислам дека несакаме никој уште појше да ги има.. А младите не пазат ич на себе и лесно можат да налетаат на она најлошото. Мора нешто посериозно да се превземе за луѓето да се пазат..
 
Јас ти реков и на мсн, ќе повторам и овде...

Ова е единствената кампања за која би му пружил рака на Груевски, и единствена кампања за која оправдано се трошат моите/нашите пари...

И баш поради коментарот на другарка ти... така некако и јас се почуствував, и мене ме полазија морници и двата пати кога ја гледав рекламава, и бидејќи и двата пати не ја фатив цела и со целосно внимание барав по нетов, не ја најдов, па ако ја најдете дајте линк или ставете ја на јутјуб, сеедно...

Значи ја гледав рекламава, ме полазија морници и се замислив со тие статистиките и податоците кои ги наведуваат во неа...

А тоа за влевање страв... па како инаку бе, да беше реклама од типот „Сидата е страшна работа, заштити се“ немаше да допре така како што допре до мене оваа реклама...

Тоа дека носителите на вирусот ќе се почуствувале отфрлени...
Се знае како може да им се помогне нив...
Ако не пак да напрајме кампања за бесплатно вбризгување на сида во населениево... за да не се чуствуваат отфрлени и различни од другите, нели...
 
Подобро да се спречи отколку да се лечи,односно не се лечи само се продолжува агонијата.
 
А тоа за влевање страв... па како инаку бе, да беше реклама од типот „Сидата е страшна работа, заштити се“ немаше да допре така како што допре до мене оваа реклама...

Тоа дека носителите на вирусот ќе се почуствувале отфрлени...
Се знае како може да им се помогне нив...
Ако не пак да напрајме кампања за бесплатно вбризгување на сида во населениево... за да не се чуствуваат отфрлени и различни од другите, нели...
ако до сеа не допреле информациите до тебе,после толку други реклами,не знам шо да ти кажам освен спор дека си.
потребно е да ти влеат страв за да сватиш дека ти треба заштита?
значи ако не те извадат од памет,ако не ти кажат дека има многу заразени,ако не ти кажат дека може да биде било кој ти не го сваќаш така?
аман бе јован.

за болдираното -.- не е смешно.глупаво е всушност,не мора сите да се заболуваме,доволно е да ги прифатиме тие луѓе и да НЕ СЕ ПЛАШИМЕ од нив,информираност малце.
со страв ли ќе ги решаваме работите?
 
Рекламата е супер и баш како и што треба да биде, чист приказ на реалноста и тоа дека треба да ги "отвориме очите" пред да го брцнеме негде.
 
а
потребно е да ти влеат страв за да сватиш дека ти треба заштита?
значи ако не те извадат од памет,ако не ти кажат дека има многу заразени,ако не ти кажат дека може да биде било кој ти не го сваќаш така?

Магде, за жал човекот, некогаш за да се освести, потребно му е нешто што ќе го размрда. Поентата на рекламата е да допре на луѓето и да биде зборена. И рекламата тоа го постигнува, иако рака на срце ја немам гледано и би замолила некој ако ја најде на Ју Туб да ја стави.

А има нешто погрешно во тоа: Некогаш можеш да добиеш повеќе отколку што сакаш? Нема. Тоа е И вистината.

Кога ќе заплашиш некој, тој некој ќе биде попретпазлив. Јас, ти, Јован и уште многу луѓе, знаат што треба да знаат и како да се заштитат, али за жал има и необразовано население кое не знае да се заштити. Не можеш нив стручно да им објасниш. Малку треба да ги растресеш луѓето за да си ја чукнат главата.

А инаку, факт е дека луѓето со СИДА се дискриминирани и отфрлени од општеството и тоа е жално. Но, рекламата сум сигурна дека нема ништо против нив.
 
Урко прати им ти линк, да видат шо е реклама. Таа естонската. :)
 
Кампањата е супер.

Инаку:

Гледајќи ја рекламата со една другарака,нејзиниот коментар беше
Цитат:
смени го каналов зашо ми лазат морници,се осеќам ко јас да имам сида,ме вади од памет.
..

По незнам кој пат ќе го искористам видеото со Бате Ване. Зашто и е страв: зашто сака да се...:))))

Секој на своето нема сидааааа :)))
 
Ги имам дома сите рекламни кампањи, и сите епизоди од мини серијалот, но со ДВД квалитет, така што се малку преголеми за да ги постирам. Мајка ми е една од оние кои го водат проектот за борба против ХИВ/СИДА на Глобалниот Фонд на Светската Здравствена Организација, тие ја финансираа капањата, затоа и ги имам дома. Кампањата ја изработија од Арт Улица, и морам да признаам, не бев задоволен воопшто, најдов безброј замерки, уште пред да ја пуштат во етерот. Но веќе беше предоцна, веќе беше готова и немаше место за измени. не само што имаше пропусти од суштински орален аспект, туку и уметнички не беше добро направена. Но што е, тоа е. Инаку дома имам уникатен мој авторски плакат за новата кампања, па се надевам дека ќе го усвојат, и ќе земам некој денар, бидејќи, верувајте, Светската Здравствена Организација не штеди на средства.
 
Нека ги смалат цените на кондомите а не пола дневница да оди на кондом нема смисла. Нека направат со секоја купена мастика да следува кондом, повеќе резултат ќе има.:jaj:
 
Нека ги смалат цените на кондомите а не пола дневница да оди на кондом нема смисла. Нека направат со секоја купена мастика да следува кондом, повеќе резултат ќе има.:jaj:
Не е се до цената... Рекламата е ок.. Подобро да се спречи,отколку да се лечи.. :smir:
 
Кампањата е намерно со поостар тон направена за малку да се свестиме посебно ние помладите (је веќе не влагам у таа категорија :nesum:) да не избрзуваме со нашите одлуки зашто незнаеш што се крие позади секој човек...ја опарвдувам кампањата во целост :smir:
 
зар треба да ни влеваат страв за да сватиме дека треба да ијаме заштитен секс?
ОМГ
тогаш да се ставиме во категорија на глупави луѓе,само глупавите не сватиле до сеа после толку кампањи.

сеуште стојам на ставот дека рекламата е прееетерана,нема потреба да шеташ по улица и да размилуваш дали тој шо поминал покрај тебе има сида или тој шо седи до тебе во автобус има сида,или колегата на факултет итн.
само се создава општ хаос,паника за што сеуште мислам дека во македонија нема потреба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom