Калиопи

  • Креатор на темата Креатор на темата vence22
  • Време на започнување Време на започнување
a ti zivees u utopija!

ако за тебе 21 век и живеењето во него претставува утопија, тогаш ти си среќен човек... а ако жената ја гледаш само како нешто што треба да ти раѓа деца и да ти чисти по дома, тогаш си за ГОЛЕМО жалење...

Еве доказ дека мажите се плашат од успешни жени...
 
има разлика меѓу плашење од успешни жени и немање потреба од истите.
2, етичките правила се стари повеќе од две илјади годни, така да тоа за 21 век е чиста глупост!
А жените да беа такви ко што сакаш ти, тебе денес ќе те немаше!
Калиопи е пеачка а не филозоф!
 
има разлика меѓу плашење од успешни жени и немање потреба од истите.
2, етичките правила се стари повеќе од две илјади годни, така да тоа за 21 век е чиста глупост!
А жените да беа такви ко што сакаш ти, тебе денес ќе те немаше!
Калиопи е пеачка а не филозоф!


филозофу, си го покажа умот неколку постови погоре... А за Калиопи зборуваат делата и фактите....
 
ke vidime za 50 g sto ke bide od sledbenicite na zivata legenda Kaliopi za cie zivot i delo govorat faktite (samo za nea govorat faktite).
 
Oblivion на Сараевска зима 2010

Голем концерт на Калиопи и Карамазов во Сараево

На официјална покана на селекторот на Интернационалниот фестивал Сараевска зима 2010, првата дама на македонската поп-музика Калиопи и најдобриот светски лаутист Един Карамазов на 24-ти февруари ќе одржат голем концерт во Босанскиот културен центар во Сараево.

По промоциите во Скопје и Загреб, ова е трета промоција на албумот Oblivion, кој за територијата на Босна и Херцеговина го издаде реномираната дискографска куќа Сити Рекордс.

Заедно со Калиопи и Карамазов, на концертот ќе настапат и хрватскиот гитарист Дарко Пелужан како и босанскиот контрабасист Давор Бошњаковиќ.

Албумот Oblivion веќе е во продажба во сите CD шопови на Сити Рекордс и поголеми музички продавници во Босна и Херцеговина.

http://mmm.com.mk/?ItemID=47BD1DC19C405843811D730EAE35DEB3
 
Da ne znae nekoj kade mozhe da ja najdam od Kaliopi pesnata "Ostani vo Mene" ?

fala :smir:
 
"Oblivion" во трка за наградата Индекси[/SIZE]

Албумот "Oblivion" на Калиопи и Един Карамазов се најде во првиот круг на селекција за регионалната музичка наградата Индекси 2010.

Албумот е номиниран во категоријата поп-албум на годината, заедно со уште 18 други музички проекти.

Доколку "Oblivion" е вашиот фаворит, тогаш гласајте за него на следниов линк: http://davorin.ba/2010/index.php#K04
 
можеби има убав глас ама очигледно не знае да го користи а за кралица тешко
Потполно се согласувам,Калиопи е екстра талентирана ама се занесува ,треба малку да почне да зема часови по пеење зашто не можеш да играш само на картата на талентот.
 
Потполно се согласувам,Калиопи е екстра талентирана ама се занесува ,треба малку да почне да зема часови по пеење зашто не можеш да играш само на картата на талентот.



:pos2::pos2: ако Калиопи треба да зема часови по пеење, другиве наши `ѕвездички` треба уста да не отворат....
 
Калиопи и Раде Шербеџија во дует




2648B76C9F8A6147888DBB68009D77E0.jpg
Македонската поп-дива Калиопи и светски познатиот актер Раде Шербеџија снимија дует на легендарната македонска песна Кажи кажи либе Стано, заедно со хрватската етно-група Езерки.
Песната за која аранжманот го направи Бруно Урлиќ од Хрватска, ќе се најде на најновиот албум на познатата етно-група Езерки, во која членуваат Хрватки со македонско потекло кои години наназад ја негуваат традиционалната македонска песна.
Благодарение на извонредната интерпретација на Калиопи и Шербеџија и неверојатниот спој на нивните гласови, но заедно со оригиналната изведба и аранжман на Езерки, оваа надалеку прочуена македонска песна прозвучи како музичка тема од филм.
Калиопи и Шербеџија, кој моментно во Лондон го снима продолжението на филмскиот мега-хит Хари Потер, со задоволство ја прифатија поканата да гостуваат на албумот на Езерки на кој ќе бидат објавени преработки и на други македонски песни.



1214340753V5KYU9.jpg




Либе Стано наскоро ќе биде промовирана и како најавен сингл на албумот на Езерки, кој ќе биде објавен до крајот на месецот, а ќе биде промовиран со концерт во Ватрослав Лисински во Загреб.
Инаку, Калиопи која деновиве престојуваше во Загреб заради подготовките на новиот поп-албум, веќе е во Сараево, каде што утревечер заедно со Един Карамазов ќе одржат голем концерт со кој пред босанската публика ќе го промовираат нивниот заеднички албум Обливион.
 
"Oblivion" ги разнежни срцата на Сараевчани

52D26B1D21AB6A468CBC5DB0B0363C50.jpg
Синоќа, со маестрално одржаниот концерт во Босанскиот Културен Центар во Сараево, Калиопи и Карамазов го промовираа заедничкиот албум "Oblivion".

Највени како македонската поп-дива со светски глас и најдобриот светски лаутист, Калиопи и Карамазов го одржаа концертот како централен музички настан во рамките на 26-иот Интернационален фестивал "Сараевска зима". Заедно со нив настапија и хрватскиот гитарист Дарко Пелужан, како и босанскиот контрабасист Давор Бошњаковиќ.

309AFFD221D40647A3AC951DC8AF4118.jpg
На самиот почеток, Карамазов најави дека на концертот нема правила, зошто албумот "Oblivion" е чиста музика. "Ова е концерт кој доаѓа од тишина и заминува во тишина. Тој не бара апалузи" - изјави Карамазов.

Најавувајќи ги како најубавите песни на сите времиња, Калиопи и Карамазов ги изведоа сите теми од албумот, но кулминација на концертот беше кога на изненадување на публиката ја изведоа антологиската песна на Калиопи "Не плачи".

4D138F6F82B37A4CA1396565A6E913FA.jpg
Синоќешниот концерт пред посебно драгата публика во Сараево, за Калиопи е досега најубавиот настап со Карамазов. "Само еден збор го опишува синоќешниот концерт во Сараево. А тоа е љубов, чиста љубов помеѓу нас и публиката" - изјави Калиопи.

А публиката во преполниот салон на Босанскиот Културен Центар, ги разнежни срцата уживајќи во "Oblivion", a на крајот на концертот ги испрати овие двајца светски уметници со големо воодушевување и силни аплаузи.
 
Калиопи номинирана за пејачка на годината во Хрватска


Mакедонската поп-дива е номинирана за наградите на Hrvatski.TV во категоријата пејачка на годината.

FF1F159DF766D94BAE289F3FDD8CBB5D.jpg


Покрај Калиопи, во истата категорија номинирани се и Нина Бадриќ, Северина, Вана и други хрватски пејачки. Освен оваа категорија, награди се доделуваат и во категориите пејач на годината, емисија на годината, водителка на годината, новинар на годината и срам на годината.

Гласајте за Калиопи на следниов линк:
http://www.hrvatski.tv/glazbenica-godine.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom