Калиопи и англискиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата palpem
  • Време на започнување Време на започнување
Сега да ве прашам сите вас што ја изругавте Калиопи, мислите дека во Европа знаат Англиски? Па добар дел не знаат да бекнат, некои и намерно не сакаат да зборуваат за да си го заштитат јазикот. Не дека ја правдам, искрено не ја сакам Калиопи, ниту па ми се свиѓа нејзината песна, а Евровизија од дамна престанав да гледам. Ама не можам да ви се изначудам, зашто секогаш нашето се критикува, никогаш ништо не ни чини и да имаше преведувач ќе беа моабетите дека “ Ете, земала преведувач, не знае да збори, требала да учи и сл. Таа ќе ПЕЕ таму. Доста критикувате се што излегува од кај нас. Никој не се родил сезнајко.
 
Ѓоко the fish е "кока - кола" за Калиопи. :icon_lol:

Инаку што може да се очекува кога секој втор во земјава е пејач/ка, а од 8мо одделение немаат завршено ништо повеќе.
 
Ѓоко е Зозе Мургоски за Калиопи:pos:
 
Сега да ве прашам сите вас што ја изругавте Калиопи, мислите дека во Европа знаат Англиски? Па добар дел не знаат да бекнат, некои и намерно не сакаат да зборуваат за да си го заштитат јазикот. Не дека ја правдам, искрено не ја сакам Калиопи, ниту па ми се свиѓа нејзината песна, а Евровизија од дамна престанав да гледам. Ама не можам да ви се изначудам, зашто секогаш нашето се критикува, никогаш ништо не ни чини и да имаше преведувач ќе беа моабетите дека “ Ете, земала преведувач, не знае да збори, требала да учи и сл. Таа ќе ПЕЕ таму. Доста критикувате се што излегува од кај нас. Никој не се родил сезнајко.

Гледај не ми смета мене што не знаела англиски, нека не знае и да дише ако сака. Работата е што госпожава кај и да ја слушам на некои емисии каде што е гостинка, без разлика каде, цел муабет и е „јас, јас, јас“. Добивам впечаток дека таа е најизнашетана, најиспроживеана, само она се знае, само она се поминала и никој нема животно искуство како неа и на крај сево ова со солзи го залива. Тоа ми пречи.
 
Инаку што може да се очекува кога секој втор во земјава е пејач/ка, а од 8мо одделение немаат завршено ништо повеќе.

Нема никаква врска дали е со 8мо или докторски студии. Не може да се оспоруваат вокалните способности на Калиопи. Она што ја прави да изгледа глупа е слабиот англиски, ама тоа нејзе не и ни треба за да биде добар пејач.
Е, сега што се обрука - се обрука, можела воопшто и да не го сними видеото, или барем преведувач да зела. Пола од студентите по англиски за без пари би се нафатиле да преведуваат, само да им е платено се до Азербејџан, а не овие нашите нивни луѓе да си водат таму.
 
Сега да ве прашам сите вас што ја изругавте Калиопи, мислите дека во Европа знаат Англиски? Па добар дел не знаат да бекнат, некои и намерно не сакаат да зборуваат за да си го заштитат јазикот. Не дека ја правдам, искрено не ја сакам Калиопи, ниту па ми се свиѓа нејзината песна, а Евровизија од дамна престанав да гледам. Ама не можам да ви се изначудам, зашто секогаш нашето се критикува, никогаш ништо не ни чини и да имаше преведувач ќе беа моабетите дека “ Ете, земала преведувач, не знае да збори, требала да учи и сл. Таа ќе ПЕЕ таму. Доста критикувате се што излегува од кај нас. Никој не се родил сезнајко.
Ако незнаеш нешто подобро не користи што не збореше на македонски нека си оди превод на англиски или каде е тешкотијата барем 3 реченици да ги научиш на англиски да ги кажеш точно?
 
Немога да верувам ка може да сте толку арсзиње(крути).Жената е светска,глас феноменален предодредено и е било да е пеачка.Сите ја знаат денеска нема кој не е чул за неа.И са тука зарад една изјава на англиски ајдеее че се правиме ЈАС САМ ЈАС!
 
Гледај не ми смета мене што не знаела англиски, нека не знае и да дише ако сака. Работата е што госпожава кај и да ја слушам на некои емисии каде што е гостинка, без разлика каде, цел муабет и е „јас, јас, јас“. Добивам впечаток дека таа е најизнашетана, најиспроживеана, само она се знае, само она се поминала и никој нема животно искуство како неа и на крај сево ова со солзи го залива. Тоа ми пречи.
Не зборам за тоа дека цел моабет и е “јас, јас, јас“ ниту па за тоа што се смета за најдобра, најизнаживеана и сл. Мене ме нервира моаментот што сите ја нападнаа за нејзиниот лош Англиски јазик, за тоа како не избрукала, а никој не го погледнува фактот дека таа е таму да пее. Ме нервира и моментот што кога некој наш ќе киксне, сите го критикуваме, а не дека другите не знам колку знаат Англиски. Башка се кладам дека 80 посто од тие што ја изругаа не знаат добро да зборуваат Англиски.
--- надополнето: 25 април 2012 во 23:50 ---
Ако незнаеш нешто подобро не користи што не збореше на македонски нека си оди превод на англиски или каде е тешкотијата барем 3 реченици да ги научиш на англиски да ги кажеш точно?

Погорое пишав, на нас ништо не ни чини, никако не ни чини. Да имаше преведувач моабетот ќе беше “ Ете, ја земала преведувач.. барем нешто да научила да каже и сл“. Мислам дајте малку пореално гледајте ги работите.
 
Не зборам за тоа дека цел моабет и е “јас, јас, јас“ ниту па за тоа што се смета за најдобра, најизнаживеана и сл. Мене ме нервира моаментот што сите ја нападнаа за нејзиниот лош Англиски јазик, за тоа како не избрукала, а никој не го погледнува фактот дека таа е таму да пее. Ме нервира и моментот што кога некој наш ќе киксне, сите го критикуваме, а не дека другите не знам колку знаат Англиски. Башка се кладам дека 80 посто од тие што ја изругаа не знаат добро да зборуваат Англиски.
--- надополнето: 25 април 2012 во 23:50 ---

Погорое пишав, на нас ништо не ни чини, никако не ни чини. Да имаше преведувач моабетот ќе беше “ Ете, ја земала преведувач.. барем нешто да научила да каже и сл“. Мислам дајте малку пореално гледајте ги работите.

А кој рече дека таа не знае да пее? Тука се коментира постапка што направила личноста, никој не рече дека не знае да пее. И спортистите не се појдени за да знаат јазици или да се понашаат ко примадони, па пак ги има во весниците и по емисиите поради некои постапки што ги направиле. Ова како пример ти го давам.

Многу си земате се при срце да му се сневиди...
 
Калиопи е пејачка а не професорка по Англиски така да ич не ми е гајле (а верувам и нејзе) како зборувала Англиски, песната што ќе ја изведува во име на Република Македонија е на Македонски. Тоа што не знае она за интервју да одговори добро на Англиски е нејзин личен „проблем“, ниту ме срами мене како Македонец а ниту пак ја срами нашата држава Македонија така да ..
 
А кој рече дека таа не знае да пее? Тука се коментира постапка што направила личноста, никој не рече дека не знае да пее. И спортистите не се појдени за да знаат јазици или да се понашаат ко примадони, па пак ги има во весниците и по емисиите поради некои постапки што ги направиле. Ова како пример ти го давам.

Многу си земате се при срце да му се сневиди...
Јас не реков дека не знае да пее, туку дека е таму за да пее. Кога веќе ги спомна спортистите и нивните постапки, што не ги ругате нив што не знаат една реченица да склопат? Кога ќе се појават на телевизија конкретно, речениците со клешти да им ги вадиш и тоа на сопствениот мајчин јазик, ама за нив ќе кажете па тие се спортисти, немаат време и сл. Епа така и Калиопи во конкретниов случај е пеачка и иде таму да пее. За било кој да е, без разлика дали е пеач или спортист, ние многу ругамее, мене тој момент ме „нервира“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom