Календар - денес се слави

  • Креатор на темата Креатор на темата Чаир
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј се родил, живеел и маченички пострадал при крајот на третиот (270-+303) и почеток на четвртиот век. Тоа е она страшно и бурно време за христијаните кога на чело на Римската империја бил царот Диоклецијан. Иако, царот, во почетокот на своето управување не ги прогонувал христијаните, сметајќи ги за безопасни, но откако се уверил во брзото ширење на христијанската религија, при крајот на своето владеење, отпочнал силен прогон против се што е христијанско. Во едно такво време не само што живеел св. Георгиј, туку и завземал високо место во Диоклецијановата војска.
Инаку, како и кај сите свети луѓе, така и кај свети Георгиј, не се знае точно неговиот роденден, а се претпоставува дека е роден во 270 година а неговото место на раѓање според едни е Кападокија, денешна Турција, според други , градот Бејрут итн.
Неговите родители биле богати, чесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде,да Му служи и со својот живот маченички да ја потврдии исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската спасоносна вера и наука. По смртта на својот сопруг, таа се вратила во своето родно место во Палестина, каде поседувала огромен имот. Таму малиот Георгиј ги посетувал светите места кај што се движел и поучувал Господ Исус Христос. Со прекрасен став и убавина, висок и храбар, младиот Георгиј бил регрутиран во елитната војска на царот. И уште на неговата 20 годишна возраст, тој постанува трибун во војската, чин кој соодвествува на денешен полковник,(машала) а тоа било високо место за неговата возраст. Набргу потоа, тој успеал да ги освои симпатиите кај царот кој го поставил на уште повисоко место, член во Советот на државата. ТОа било така се додека царот имал толерантен однос кон христијаните, но кога побарал од војската секој да принесе жртва пред мртвите идоли и кога сурово отпочнало прогонувањето на невините христијани од незнабошците, Георгиј прв се спротивставил на таквата наредба.
Бидејќи Георгиј го почуствувал времето кое настапувало за христијаните, почнал темелно да се подготвува за тешките искушенија и измачувања. Најнапред го раздал своето богатство на сиромаси, а наследството од својата почината мајка во Палестина, преку завештание го дарувал на бедни, болни, немоќни, а робовите ги отпуштил на слобода. Ослободен од сите земни обврски тој можел слободно и без страв да застане пред самиот цар, бранејќи ја вистинската вера во Христа Спасителот.
Кога царот Диоклецијан издал наредби за прогонување на христијаните, ги повикал управниците на источните провинции во империјата и им дал посебни упатства како да постапуваат со христијаните. Откако го презрел човечкиот страв, храбриот воин Георгиј смело изјавил пред Советот: - До кога ти, цару, и вие кнезови и советници, ќе го распалувате својот гнев против христијаните? До кога ќе ги прогонувате и измачувате невините и добродетелни луѓе, кои никого и со ништо не повредиле, а за сите служат како пример на благочестив живот? Вие сте, господа, во заблуда, зашто вашите идоли не се богови. Исус Христос е вистинскиот Бог. Или познајте ја Вистината и научете се на благочестие, или пак престанете со своите прогони и безумие кон тие што ја познале Вистината.
Сите членови на Советот биле вчудовидени од настапот на Георгиј. Меѓутоа, и самиот Диоклецијан вџашен од тоа што го слушнал од својот миленик, долго молчел. Најпосле му дал знак на проконсулот Магнециј да одговори на Георгиј. Магненциј го запрашал младиот воин: Кој те поучи така дрско, смело и противзаконо да одговориш?
- Вистината - одговорил Георгиј.
- Која е таа вистина?
- Вистината е самиот Христос, прогонуван од вас.
- Значи и ти си христијанин? - прашал Магненциј.
- Јас сум слуга на Христа, мојот Бог; со надеж во Него јас дојдов доброволно тука пред вас, за да посведочам за Вистината.
Се создал невообичаен шум. Настанале расправии и караници и никој ништо не можел да разбере. (глупаци) Најпосле самиот император заповедал на сите да замолчат, се обрнал кон Георгиј и рекол:
- Те познавам одамна, Георгиј, и секогаш сум се восхитувал на твојата храброст и мажественост. Те удостоив со висок чин. И сега сум спремен да ти ги простам твоите испади заради поранешните заслуги. Како татко те советувам: не губи ја својата младост, не лушувај се од воената слава и од честа на чинот. Принеси жртва на идолите и ќе бидеш удостоен со уште поголема чест.
- Подобро ти , царе, познај го вистинскиот Бог, одговорил храбриот Георгиј, поверувај во Него и принеси Му благодарствена жртва, и Он ќе те удостои со Царството небесно. Земното царство е времено, а богатството трулежно. А мене никакви земни богатства нема да ме разделат од мојот Бог, никакви маки не ќе ме уплашат и нема да ја поколебаат мојата вера!
 
Разбеснетиот Диоклецијан не го оставил да се доискаже туку, веднаш наредил да го затворат во темница со ѓто започнуваат маките на Георгиј.
Првото мачење: Георгиј го положиле со грб на под, нозете му ги ставиле на клади, а на градите му положиле огромен камен. Во таква положба Георгиј поминал цела ноќ, мажествено поднесувајќи ги страданијата и фалејќи Го Бога.
Наредниот ден, Диоклецијан го повикал кај себе и го запрашал:
- Дали се покаја, Георгиј?
Маченикот едвај можел да говори, но смирено и достоинствено одговорил:
- Царе, зар мислиш дека сум паднат во немоќ од твоите измачувања и не ќе можам да ти одговорам и ќе се откажам од својата вера? Побргу ти ќе се измориш измачуваќи ме, отколку јас, кој ги трпам страданијата!
Второто мачење: Царот наредил да се постави тркало на кое бил врзан Георгиј, а под тркалото поставиле штици на ки биле заковани шајки и други железни предмети. И како што се вртело тркалото, така се корнеле парчиња од живото тело на малдиот маченик. За целото време маченикот нипто не изустил. Во почетокот Го славел Бога, потоа се молел, и на крај замолчил, како да заспал. Царот помислил дека Георгиј е мртов и за да го исмее и омаловажи христијанскиот Бог, извикал:
- Каде е живиот Бог, Георгиј? Зошто не те избави од маките? Потоа заповедал да го симнат искрвавеното тело од тркалото, а самиот пошол во храмот на Аполон да принесе жртва и да му благодари. Наеднаш небото се затворило, се појавиле молскавици и силен грмеж и многумина слушнале глас од небото:
- Не бој се Георгиј. Јас сум со тебе!
По малку блеснала необична светлина, ангел Божји во вид на младо момче се јавил, застанал до тркалото, ја положил својата рака на телото од маченикот и му ги излекувал раните. Георгиј самиот слегнал од тркалото, застанал на нозе и Му благодарил на Бога. Избезумените војници кога го виделе ова побрзале во идолскиот храм за да му јават на цоарот за се што станало. По нив и самиот Георгиј отишол во истиот храм и застанал пред императорот, Настанал молк и вчудовиденост. Диоклецијан не верувал на сопствените очи, но самиот Георгиј проговорил:
- Јас сум Георгиј!
Таму имало и двајца виши службеници, Анатолиј и Протолеон, кои тајно биле поучени во христијанската наука. Кога го виделе ова чудо, како маченикот е, жив и здрав и убедени во силата Божја извикале:
- Има само еден вистински Бог. Тој е Бог на христијаните!
Царот наредил веднаш да ги казнат со смрт. И многумина други поверувале, но не смееле јавно да ја исповедаат верата. Во тоа време и сопругата на царот, Александра, се наоѓала во храмот. Кога го видела маченикот исцелен и кога слушнала за јавувањата на ангелот таа ја познавала Вистината и сакала, пред сите, јавно да ја исповеди верата во Христа. Дворјаните, пак, кои ја опкружувале, не и дозволиле, туку пред да дознае царот ја отпратиле до нијзиниот дом. И овој пат, тиранинот, Диоклецијан не се вразумил од пројавите на Божјата сила, туку заповедал нови мачења.
За да не биде предолг текстов, следувале уште неколку мачења и св. Георгиј бил исцелуван од Господ и понатака. Она што најповеќе го измачувало самиот цар, била блажената и светла состојба на Геогиевото лице, секогаш спокојно и весело. Вџашен од таквата состојба царот го запрашал:
- Кажи ни, до кога ке не збунуваш со твоите дела и кое е учењето на твојот Христос, а ние спокојно ке те ислушаме.
- Христос, одговорил маченикот, предвидувајќи ја вашата злоба, не научи да не се боиме од оние кои го убиваат телото, но неможат да ја погубат душата. На оние, кои ги исполнуваат Неговите заповеди, им дава голема благодат и им вети да има даде сила да вршат дела, како што Тој самиот прави.
- Какви се тие дела? - прашал императорот.
- Христос лечел болни, воскреснувал мртовци, на слепите им давал вид, на глувите слух...
Во непосредна близина имало пресен гроб во кој бил погребан човек, кој починал пред неколку дена. Присутните многубожечки жреци со цел да го посрамат маченикот побарале од него да го оживи умрениот. По молитвите на светителот, Господ го воскреснал умрениот. Пред насобраниот народ, кои биле очевидци на се што се случувало, излегол самиот жрец Атанасиј, паднал пред вистински и семоќен Бог и го молел маченикот да му ги прости направените гревови од незнаење. Разбеснетиот цар исполнет со сатанска злоба, заповедал на војниците веднаш да им ги отсечат главите на Атанасиј и на воскреснатиот. Потоа заповедал да го однесат маченикот во затвор и да го чуваат таму додека не се одлучи што ке се прави со него. Светиот маченик и во затворот ги поучувал верните кои пристапувале и го исповедувале вистинсиот Бог. Многумина ја подмитувале стражата за да им дозволи да ги слушнат поуките и упатствата на светителот кои ги поучувал во законот Господов. Доаѓале и многубошци кои тој ги советувал да се откажат од идолопоклонство и да поверуваат во Христа. Доаѓале и болни кои ги лекувал со молитва. Во предвечерието на маченичката смрт, самиот Спасител му се јавил на свети Георгиј и го утешил, ветувајќи му небесна радост. Утредента царот седнал на судскиот стол и пред него го извеле светиот маченик. Сокривајќи го својот гнев кон него бидејќи многу го сакал, почнал да му говори: "Не гледаш ли Георгиј дека многу те сакам, повеќе од свое родено чедо. Јас сакам заедно со мене да царуваш и да бидеш втор човек во моето царство. Ја почитувам твојата храброст, надворешната убавина и внатрешната големина. Откажи се од својот Бог и принеси жртва на моите богови". Наместо одговор, маченикот му предложил на царот да појдат до храмот на Аполон за да ги видат боговите на кои царот им служел и почитувал. Императорот помислил дека Георгиј го послушал неговиот совет и затоа бара да појдат во незнабожечкиот храм. Но кога пристигнале во храмот, пред многубројните присутни, светителот наместо да ја принесе приготвената жртва, тој пристапил кон Аполоновиот кип пружил рака кон него и го запрашал како живо суштество: - Ти ли сакаш да ти принесам жртва како на Бог?
Говорејќи го тоа, светителот го осенил идолот со крсен знак. Демонот што живеел во кипот испуштил силен глас: - Не, јас не сум Бог! Ниту еден од сличните на мене не е Бог. Само еден е Бог, и тоа оној кој ти го проповедаш. Ние пак, кои отпаднавме од ангелите, кои некогаш му служевме на вистинскиот Бог, исполнети со завист ги лажеме луѓето. Светителот на тоа му рекол: - Како тогаш се осмелувате да останете овде кога овде сум дошол јас, служителот на вистинсиот Бог?
- По овие светителски зборови сите идоли паднале на земјата и се искршиле. Тогаш сите жреци и многубројниот многубожечки народ исполнети со гнев го удриле и го врзале светителот, а на царот му довикувале: "Погуби го овој магионичар, царе, погуби го додека тој нас не не погуби!" Кога го слушнала тоа царицата Александра, не можела повеќе да го крие своето христијанско убедување и во храмот гласно изјавила: " Боже на Георгиј, помогни ми , зашто ти единствен си семоќен." Тогаш царот им изрекол и на двајцата пресуда:
- Наредувам, главата на врзаниот Георгиј, со меч да се пресече, кој изјави дека е Галилеец и кој многу хулеше на боговите и на мене. Заедно со Георгиј со иста пресуда ја казнувам и царицата Александра, која ја упропасти и заведе со маѓии Георгиј, зашто и таа како и тој безумно ги навредуваше моите богови. Веднаш по пресудата, војниците, врзаниот Георгиј заедно со царицата ги повеле кон нивната голгота. Напорниот и тежок пат многу ја изморил нежната царица, која побарала малку да се поодмори. Наслонувајќи ја својата глава на еден ѕид, смирената царица топло се помолила и пред да ја извршат смртната казна и пред мечот да и ја пресече главата, таа ја предала својата душа на христијанскиот Бог, со благодарствена молитва кон Бога што ја удостоил со маченичка смрт. Светиот маченик кога ја видел блажената смрт на благородната царица, му благодарел на господа и побарал и неговиот крај да биде сличен. Кога стигнале на местото одредено за смртната пресуда тој вака се помолил:
- Благословен си Господи Боже мој, Кој не дозволи со заби да ме растргнат оние кои ја бараа мојата душа. Услиши ме и сега Господи и биди покрај мене, твојот слуга во овој последен час, и избавија мојата душа од лукавството на воздушниот кнез и од неговите нечисти духови. На оние пак кои во незнаење се огрешија кон мене не пишувај им за грев, туку подари им прошка и љубов како би можеле и тие да добиат дел во небесното царство со Твоите избраници. Прими ја мојата душа со оние кои ти угодиле од памтивек неземајќи ми го за грев она што погрешив свесно или несвесно. Спомни си господи и за оние кои го повикуваат Твоето величествено име зашто си благословен и препрославуван сега и во вечни векови. Амин.

Ова е извадок од книгата СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ подготвена од Протоереј-ставрофор Методи Лазаревски.
Па нека ни е напомош свети Георгиј. Амин.

--------------------------------------------------------------------------------------------------


Празникот е утре т.е на 9 Декември се слави Свети Георгиј, и куќна слава ни е. Ама подготовките почнуваат од денеска и главниот настан е вечерва :icon_lol:.
Најкул светец заштитник имам воин :icon_lol:, отсекогаш дури и како дете импресивно ми изгледаше иконата Свети Ѓорѓија качен на коњ со копје ја убива ламјата....
 
Денес се слави Раѓањето Христово, Божиќ.

1. Bо она време цезарот Август издаде заповед за попис на сите жители.
2. Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј во Сирија.
3. И сите одеа да бидат запишани, секој во својот град.
4. Така, и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот град, наречен Bитлеем, затоа што беше од домот и родот на Давид,
5. да се запише со Марија, својата свршеничка, која беше бремена.
6. А токму кога беа таму, и дојде времето за раѓање,
7. и го роди својот Син, првенец, па го пови и Го легна в јасли, зашто за нив немаше место во анот.
8. А во тој ист крај некои пастири ноќеваа на отворено, чувајќи го своето стадо.
9. И одеднаш Господов ангел застана пред нив и Господовата слава ги осветли, па многу се исплашија.
10. Ангелот, пак, им рече: "Не бојте се, зашто еве, ви носам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи:
11. зашто денес, во Давидовиот град, ви се роди Спасител Кој е Христос Господ.
12. И ова ќе ви биде знак: ќе најдете Бебе повиено, како лежи в јасли!"
13. И одеднаш со ангелот се појави многубројно небесно воинство кое Го славеше Бог, велејќи:
14. "Слава на Бога во висините и на земјата мир меѓу луѓето кои се по Неговата волја!"
15. А кога ангелите си отидоа од кај нив на небото, пастирите си зборуваа еден на друг: "Да појдеме до Bитлеем и да го видиме тоа што се случило таму, за кое ни соопшти Господ!"
16. И на брзаница дојдоа и ги најдоа Марија и Јосиф, и Бебето како лежи во јасли.
17. А штом ги видоа, кажаа сè што им беше речено за Детето.
18. И сите што слушнаа, се восхитуваа на тоа што им го рекоа пастирите.
19. А Марија ги запамети сите тие зборови и размислуваше за нив во своето срце.
20. Пастирите се вратија, славејќи и фалејќи го Бог, за сè што чуја и видоа, токму онака како што им беше речено.
.................................

Лука 2
 
Христово Раѓање, Божик. Христос се роди и за многу години.
 
Вистина се роди. Вечен нека ни е празников.
 
Светите Дванаесет маченици
што пострадаа во времето на Диоклецијан

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Еремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа убиени, а со нив пострада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погреба. Тие беа убиени со меч, а него го изгореа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мачениците пред мечот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мртвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смртно за бесмртно и се преселија кај Господ во 308 година.

Свети Марут

Епископ на градот Тагрита во Месопотамија. Прочуен по верата и добрината. Го ублажи гневот на персискиот цар Издегерд кон христијаните, ги испроси од него моштите на четиристотини маченици во Персија и основа посебен град, Мартиропол, каде што ги положи тие Свети мошти. Во тој град се упокои и самиот во 422 година и замина кај Господ.

Преподобниот маченик Роман

Прост и неписмен селанец од Карпенис. Кога дозна за славата и јунаштвото на Христовите маченици, а беше млад - и самиот посака мачеништво. Отиде во Солун и почна да Го фали Христа по улиците, а Мухамед да го нарекува празнословец. Турците жестоко го изнамачија, па му го продадоа на некој капетан на една галија. Христијаните го откупија од капетанот и го испратија на Света Гора, каде што Роман стана монах кај прочуениот Старец Акакиј. Но тој и понатаму беше желен за мачеништво за Христа. Со благослов на Старецот отиде во Цариград, се направи луд и почна да води куче по турските улици. На прашањето што прави, одговори дека го храни кучето како што христијаните ги хранат Турците. Турците го фрлија во сув бунар и таму помина четириесет дена без леб. Потоа го извадија и го заклаа. Од неговото тело три дена избиваше светлина. Еден Англичанец го зеде телото и го однесе во Англија. А еден монах натопи една крпа со крвта на маченикот. Па таа крпа и денес се чува во манастирот Дохијар. Овој славен Христов војник пострада во 1694 година.
 
Свети Лав I, папа Римски

Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва сѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.

Свети Флавијан

Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година.
 
Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски

Овој голем апостолски маж се роди како незнабожец. Во верата Христова го воведе и го крсти Свети Јован Богослов. Во раното детство Поликарп остана сираче и според некој нејзин сон го зеде една благородна вдовица Калиста, којашто го подигна и го воспита како сопствен син. Поликарп беше благочестив и милосрден од детството. Се трудеше со животот да го подражава Св. Вукол, тогашниот епископ во Смирна, а и Светите апостоли Јован и Павле, коишто ги познаваше и ги слушаше. Св. Вукол го ракоположи за презвитер, а пред смртта го покажа за свој наследник во Смирна. Апостолските епископи што се собраа на погребот на Вукол го хиротонисаа Поликарп за епископ. Поликарп имаше дар на чудотворство од самиот почеток. Така го изгони демонот од слугата на некој кнез, со молитва го запре силниот пожар во Смирна во она време. Гледајќи го ова мнозина незнабожци во Смирна го сметаа за еден од боговите. Низведуваше дожд сред сушно време, исцелуваше болести, прорекуваше итн. Пострада во времето на царот Марко Аврелиј. Три дена пред смртта Св. Поликарп прорече: „За три дена ќе бидам фрлен во оган заради Господ Исус Христос!“ И кога војниците го фатија третиот ден и го поведоа на суд, возвикна: „Нека биде волјата на Господа Бога мој!“ Кога судијата го советуваше да се одрече од Христа и да ги признае римските богови, Поликарп му рече: „Не можам да менувам подобро за полошо!“ Евреите посебно го мразеа Поликарп и настојуваа да биде изгорен. Кога го врзаа и го положија на кладата, тој долго Му се молеше на Бога. А беше многу стар, белокос и светол како ангел. Луѓето сите видоа како пламенот го обвива, но не го допира. Исплашени од оваа појава незнабожните судии му наредија на џелатот низ пламенот да го убие со копје. Кога беше прободен од него истече толку многу крв, што сиот оган изгасна, а телото остана цело и ненагорено. Наговорен од Евреите судијата нареди мртвото тело на Поликарп да се запали според елинскиот обичај. Така нечестивите го запалија мртов оној когошто жив не можеа да го запалат. Св. Поликарп пострада во 167 година на Велика сабота.

Преподобен Дамјан

Монах на манастирот Есфигмен на Света Гора. Му беше современик и другар на великиот Козма Зографски. Се подвизуваше на гората Самарија меѓу Есфигмен и Хилендар. Се упокои мирно во 1280 година. Откако се упокои од неговиот гроб четириесет дена избиваше прекрасно благоухание.
 
Светите четириесет маченици во Севастија 22/03/2010

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии. Но кога слугите фрлаа по нив камења, камењата се враќаа сами и паѓаа врз тие што ги фрлаа, па луто ги изудираа. Еден камен му падна на војводата в лице и му ги скрши забите. Мачителите, лути како ѕверови, ги врзаа светиите и ги фрлија во тамошното езеро и поставија наоколу стражари за ниеден да не излезе од водата. Имаше силен мраз, езерото мрзнеше околу телата на мачениците. За да бидат маките посилни, мачителите загрејаа и осветлија бања покрај езерото близу до страдалците, за тие гледајќи ја некако да се подлажат и да се одречат од Христа, а да ги признаат римските идоли. И навистина, еден се опрелести, излезе од водата и влезе во топлата бања. Но ноќта падна една необична светлина од небото, па ја загреа водата во езерото и телата на мачениците, а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави. Ова го виде еден од стражарите на брегот, па се соблече, го исповеда името на Господ Исус Христос и влезе во езерото за самиот да се удостои со четириесеттиот венец на предавникот. Врз него навистина слезе тој последен венец. Утредента сиот град се изненади кога ги виде мачениците живи. Тогаш злобните судии наредија и ги претепаа, а телата им ги фрлија во водата за да не ги земат христијаните. На третиот ден Светите маченици му се јавија на тамошниот епископ Петар и го повикаа да ги собере од водата и да ги извади нивните мошти. Епископот излезе ноќе по темнина заедно со својот клир и по водата видоа како светат моштите на мачениците. И секоја коска што беше одвоена од нивните тела исплива на површината и светеше како свеќа. Ги погребаа чесно. Нивните души отидоа кај Господ Исус, намачен за сите нас и воскреснат со слава. Чесно пострадаа и стекнаа непропадлива слава во 320 година.

Преподобен Филор Исповедник 22/03/2010

Живееше и се подвизуваше во Галатија во 4 век. За него велат дека бил толку совршен во добродетелите, што повеќе личел на ангел одошто на човек. Особено е прочуен по неговото трпение. Бил гонет од царот Јулијан Отстапник и многу страдал за Христа. Но по смртта на овој христогонител Св. Филор поживеа мирно, за полза на многумина. Се упокои во осумдесеттата година од животот.
 
Православен календар за 11/05/2010

Светите апостоли Јасон и Сосипатар
и девицата Керкира

Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Св. апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието овие двајца апостоли стасаа на островот Крф, каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на Св. првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот нареди да ги убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата се огласи за христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова чудо, се крсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера, се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај Господ.

Светите маченици Максим, Дада и Квинтилијан

Пострадаа во времето на Диоклецијан. Ги осуди и ги мачеше војводата Тарквиниј. После затвор и измачувања ги убија со меч.

Светиот маченик Тибал

Словенин од Панонија. Во времето на Диоклецијан беше страшно мачен за верата во Христа и чесно пострада во местото Цибал.
 
Не заборавајте- УТРЕ е Св. Преподобната маченичка Параскева 08/08/2010
а во понеделник Свети Климент, архиепископ Охридски 09/08/2010
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom