Календар - денес се слави

  • Креатор на темата Креатор на темата Чаир
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи. Славата за него се пронесе насекаде и Федим, епископот Амасиски, сакаше да го посвети за епископ Кесариски. Проѕорливиот Григориј ја забележа Федимовата намера, па се криеше по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле Федим го посвети на чудесен начин и Григориј мораше да ја прими архипастирската служба. Му се јави Пресвета Богородица со Св. Јован Богослов и на заповед од Богородица Св. Јован му го предаде Симболот на Верата познат под името Григориев. Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедаше на злите духови, заповедаше над горите и над водите, ги лечеше сите маки и болести, пред гонителите стануваше невидлив, ги проѕираше на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го заврши во 270 година, во длабока старост. Кога дојде за епископ во Кесарија го затекна сиот град незнабожечки и само седумнаесет христијани во него. А кога си заминуваше од овој живот го остави сиот град христијански, а само седумнаесет незнабожци во него. За ова прими венец на слава од својот Господ.

Преподобен Никон Радоњежски

Ученик и наследник во игуменството на Св. Сергеј Радоњежски. Кога варварите нападнаа на Русија, тој Му се молеше на Бога да ја отстрани таа беда од рускиот народ. Тогаш му се јави Св. Сергеј со Петар и Алексеј, упокоените московски митрополити и му рече да не тагува, зашто таа навала е Божјо допуштение заради некое добро, таа ќе помине и мирот повторно ќе се зацари. Го обнови манастирот на Света Троица и на мнозина им послужи за пример во подвижништвото. Се упокои на 17 ноември 1426 година.

Преподобен Генадиј Ватопедски

Монах Ватопедски на дохијарска (економска) должност. Тогаш на чудесен начин се наполни со масло испразнетото буре за масло. Ова чудо Ѝ се припишува на Пресвета Богородица, на Којашто Ѝ е посветен манастирот, а особено на Нејзината икона што стои таму.
 
Сите што ќе постат им посакувам благословен и лесен телесен пост.

nqzgqp.jpg

ВАКВАТА ПРАКСА ЈА УКИНАЛ ХРИСТ

НИТУ САМИОТ ЈА ПРАКТИКУВАЛ

АПОСТОЛОТ ПАВЛЕ САМИОТ ГО НАВЕДУВА ПРИМЕРОТ НА ПОСТОТ - ВОЗДРЖУВАЊЕТО ОД ХРАНА КАКО ЛАЖНА ДУХОВНОСТ ЛАЖНО ВЕРУВАЊЕ ЛАЖНА СТРОГОСТ КОН БИОЛОШКОТО ТЕЛО
ОТИ СЕКОЈА АНОРЕКСИЧНА МАНЕКЕНКА ЌЕ ИСПАДНЕ ПОГОЛЕМ ВЕРНИК И ОД ПАПАТА И ОД СИТЕ СВЕШТЕНИЦИ И ОД СИТЕ ВЕРНИЦИ НА ПЛАНЕТАВА

ВО БИБЛИЈА СЕ УПОТРЕБУВАТ ИЗРАЗИ ОД ТИПОТ .....ОДДАЈ МУ СЛАВА- ДОКАЖАНОСТ НА БОГ................ПРОСЛАВИ ГО - ДОКАЖИ ГО БОГ ...А ЗА ОВА ИМАМ ОТВОРЕНА ТЕМА ....."КОЈ ТРЕБА ДА ГО ДОКАЖЕ БОГ"

ЗБОРОТ -СЛАВА ДОАЃА ОД АНГЕЛСКИОТ РЕЧНИК НА ЗАГАТКИТЕ
- зборот " славен , слава , прослави го " во превод на македонски значи " докажан , докажаност , докажи го " Ова и нее тешко а решавање оти за секој докажан во своја бранша струка , општествена , научна , поготово воена се вели " се прослави , или прославениот " или ако не држи континуитет се вели " не се живее на стара слава (докажаност)"

АМААААА БОГ НЕ СЕ ДОКАЖУВА НИТУ СО ПОСТЕЊЕ

А УШТЕ ПОМАЛКУ СО "СЛАВИ" ОД ТИПОТ ГНЕТЕЊЕ ПИЈАНЧЕЊЕ .....КОЕ Е ОДВРАТНОСТ БОЖЈА............А ОСТАЈ ДРУГО ТУКУ НА ТИЕ СВЕТЦИ ИМ СЕ ПРИДАВААТ ФУНКЦИИ ШТО ГИ ИМАЛЕ ПОЕДИНИ БОЖЕСТВА ОД ПРЕДХРИСТИЈАНСТВОТО
ТАКА ШТО ДЕНЕШНОТО ТОБОЖЕ ХРИСТИЈАНСТВО НЕЕ НИШТО ДРУГО ТУКУ МНОГУБОШТВО
Е НЕ БИЛ БОГ НА ОВА ОНА...СЕГА Е "СВЕТЕЦОТ" НА ОВА ОНА

И САМИОТ БОГ СЕ ИЗЈАСНИЛ КОЈЗНАЕ КОЛКУ ПАТИ ..."АКО СИ ЈАДЕТЕ СИ ГНЕТЕТЕ ЗА СЕБЕ АКО СИ ПИЕТЕ СЕ ПИЈАНЧИТЕ ЗА СЕБЕ.............ШТО МЕ МЕШАТЕ МЕНЕ"
АМА ЕТЕ УШТЕ ЕДНАШ ЦРКВАТА ГИ НАВЕВА ЛУЃЕТО НА ГРЕВ

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

Пресвета Богородица


Ова чудо Ѝ се припишува на Пресвета Богородица, на Којашто Ѝ е посветен манастирот, а особено на Нејзината икона што стои таму.

Дефиниција

Зботот СВЕТ освен што под него луѓето ги подразбираат севкуноста од цивилизациите на сите народи во светот го има и во ангелскиот речник на загатките и значи
БЕЗКОМПРОМИСЕН , НЕОТСТАПЕН ....
Света работа........која нее предмет на договор , компромис , трговија .отстапки.

Во библијата како Свет поточно како една карактерна особина на Бог се спомнува самиот Бог..........па се среќаваат изрази од типот СВЕТИОТ БОГ........СВЕТ СИ БОЖЕ ........и сегде под поимот Свет се подразбира БЕЗКОМПРОМИСЕН , НЕОТСТАПЕН-НЕОТСТАПЛИВ


ЗА БОГ НИГДЕ НЕСТОИ ДЕКА Е ПРЕСВЕТ=ПРЕНЕОТСТАПЕН=ПРЕБЕСКОМПРОМИСЕН

ИЛИ Е ИЛИ НЕЕ БЕСКОМПРОМИСЕН

ТАКА ДА АКО СЕ САКА ДА СЕ ДАДЕ НА ЗНАЧЕНИЕ НА МАРИЈА ДЕКА Е ПОГОЛЕМА И ПОВАЖНА ОД БОГ ..............ТОА Е ВЕЌЕ ЧЕТВРТО ЛИЦЕ НА БОГ

ИЛИИИИИИИИИИИИИИИ

ШТОМ ОТЕЦОТ СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ СЕ БЕЗПОЧЕТНИ
НЕЈЗЕ ФАЛЕЛ УШЕ СВЕТИОТ ДУХ ЗА ДА МОЖЕ ДА РОДИ
ЗАМИСЛИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ

БОГ КОЈ Е ИСТО ТАКА ЛОГИЧНО ГЛЕДАНО БЕЗПОЧЕТЕН

ХМММММММММММММММММ
МОЖЕ БОГ ПА И НЕЕ БАШ БЕЗПОЧЕТЕН

СЕПАК МАРИЈА БИЛА ПРВА И ТРЕБАЛ САМО СВЕТИОТДУХ И
ГИ РОДИЛА И ДРУГИТЕ ДВАЈЦА
 
другар мислењета ти се оф топик
Светиот пророк Авдија

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во сѐ како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.

Светиот маченик Варлам

Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, сѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.

Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф

Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа сѐ на сѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.

Светиот маченик Илиодор

Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа.
 
Преподобен Григориј Декаполит
Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават ангели Божји. Ја гледаше убавината на ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.
Свети Прокл, патријарх Цариградски
Ученик на Св. Јован Златоуст. Во 426 година го посветија за епископ Кизички, во 435 година избран е за патријарх Цариградски. Управуваше со Божјата Црква како мудар архиереј. Во негово време се случија два значајни настани. Прво, преносот на моштите на Св. Јован Златоуст од Коман во Цариград, според желбата на царот и патријархот. Во тоа време царуваа Теодосиј Помладиот и сестра му Пулхерија. Второ, имаше голем земјотрес во Цариград и околината. Многу од најголемите и најубавите зданија попаѓаа од силен трус. Тогаш патријархот со царот и со многубројно свештенство, големци и народ излегоа на литија. И кога на литијата Му се молеа на Бога, се случи едно дете беше чудесно земено високо во воздухот, така што најпосле не можеше да се види со очите. Потоа се врати и се спушти лесно на земјата. Кога го прашаа каде беше, детето одговори дека беше однесено на небото меѓу ангелите и ги слушна како пеат: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни помилуј нѐ!“ Кога го слушнаа ова сите луѓе во литијата почнаа да ја пеат оваа песна и земјотресот веднаш престана. Оттогаш оваа прекрасна песна се вплоти прво во литиите, а потоа во литургијата на Црквата. А детето наскоро се упокои и го погребаа во црквата на Св. Ирина. Свети Прокл послужи како архиереј дваесет години и во 446 година се упокои мирно во Господ.
Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј
Родени браќа од Никомидија, од незнабожни родители, Филотеја и Евсевиј, коишто подоцна ја примија вистинската вера од Св. Антим Никомидиски, заедно со своите синови. Филотеј беше ракоположен за презвитер. Кога тој со жена му се упокои, настана страшното гонење на христијаните под злочестивиот цар Максимијан и тројцата Филотееви синови беа изведени на суд. Беа судени, мачени, истизавани на разни начини и најпосле осудени на смрт. Повеќепати им се јавуваа во затворот ангели, па им даваа за храна манна и ги исполнуваа нивните млади срца со сила и храброст во трпењето. Кога ги изведоа на губилиштето им пријдоа двајцата другари, Паладиј и Акакиј и разговараа со нив. И додека уште разговараа, Светите маченици Му ги предадоа на Бога своите души. Тогаш војниците им ги отсекоа мртвите глави и ги однесоа за да му ги покажат на судијата. Пострадаа за Господ Исус Христос околу 313 година.
Свети Исак, архиепископ Ерменски
Се роди во Цариград, во време кога неговиот татко беше пратеник на царот ерменски на византискиот дворец. Беше десетти архиепископ Ерменски и во тој чин управуваше со Црквата педесет години. Своето пастирство го означи, меѓу другото, и со преводот на Светото Писмо на ерменски јазик. Во едно видение му се кажа дека Ерменците ќе отстапат од чистата православна вера. Овој јерарх се упокои во 440 година.

Свети три девици

Персијанки. Во времето на царот Сапор овие три девици беа гонети како христијанки и најпосле ги убија со ножеви. Од нивниот гроб пораснаа три смокви што лечеа од секаква болест и мака.
 
За многу години денов и честита слава за тие што ја слават Пречиста.Брачка чекај ме идам се двоумев што ќе пијам вино или пиво,па топло е надвор па затоа пиво.Спремај го бурето и тргај од масата ножеви,виљушки,лажици се што можи да се употреби како оружје:motor:.Се зезам одвај чекам да те видам.
 
Свети Амфилохиј Икониски

Сонародник и пријател на Св. Василиј Велики и на другите големи светители од 4 век. Рано го остави светскиот метеж и се повлече во една пештера, каде што како отшелник проживеа во подвиг четириесет години. Тогаш се случи и се испразни епископската столица во Иконија и Амфилохиј на чудесен начин беше избран и посветен за епископ Икониски. Беше прекрасен пастир и голем бранител на чистата православна вера. Учествуваше на II Вселенски Собор во 381 година. Ревносно се бореше против злочестивиот Македониј и против аријанците и Евномиј. Лично го молеше царот Теодосиј Велики да ги протера аријанците од секој град во државата. Царот не му ја исполни желбата. По неколку дена повторно Амфилохиј му се јави на царот. Кога епископот беше воведен во одајата за прием, царот седеше на престолот, а од неговата десна страна неговиот син Аркадиј, когошто тој си го беше зел за соцар. Кога влезе Амфилохиј му се поклони на царот Теодосиј, а на Аркадиј, царскиот син, не се ни обѕрна, како и да го немаше овде. Царот Теодосиј многу се разгневи заради ова и нареди Амфилохиј веднаш да се избрка од дворецот. Тогаш светителот му рече на царот: „Гледаш ли, цару, како ти не го поднесуваш бесчестењето на твојот син; така и Бог Отецот не го трпи бесчестењето на Синот Свој, со ненавидност се одвраќа од оние коишто хулат на Него и се гневи на сите следбеници на онаа (Ариева) ерес“. Кога го слушна ова царот разбра зошто Амфилохиј не му оддаде почест на неговиот син и се восхити на неговата смелост и мудрост. Покрај многубројните дела и подвизи, Св. Амфилохиј напиша и неколку книги за верата. Се упокои во 395 година во длабока старост и се пресели во бесмртниот живот.

Свети Григориј, епископ Акрагантски

Роден е во Сицилија близу градот Акрагант, каде што подоцна беше епископ. Неговите родители, Харитон и Теодотија, беа благоверни. Сиот негов живот е проткаен со прекрасни Божји чуда. На чудесен начин отиде во Ерусалим, на чудесен начин беше избран за епископ, на чудесен начин се спаси од клевета. И самиот беше голем чудотворец, зашто беше голем угодник Божји, голем духовник и подвижник. Учествуваше на V Вселенски Собор во Цариград. После тешките искушенија се упокои мирно во почетокот на 7 век (или на крајот од 6 век).

Свети Александар Невски


Син на кнезот Јарослав. Од малечок со срцето свртен кон Бога. Ги победи Швеѓаните на реката Нева, на 15 јули 1240 година, заради што е наречен Невски. Во таа прилика на еден војвода на Александар му се јавија светителите Борис и Глеб и му ја ветија својата помош на великиот кнез, којшто им беше роднина. Во Златната Орда татарска Свети Александар не сакаше да им се поклони на идолите ниту да помине низ оган. Заради неговата мудрост и телесна сила и убавина и татарскиот кан го уважуваше овој кнез. Градеше многубројни цркви и чинеше безбројни дела на милостиња. Се упокои во својата четириесет и трета година, на 14 ноември 1263 година, а на 23 ноември се празнува преносот на неговите мошти во градот Владимир.



Свети Митрофан, епископ Вороњежски

Славен руски јерарх, подвижник и родољуб. Другар и изобличител на Петар Велики. Се упокои на 23 ноември 1703 година. Неговите чудотворни мошти се откриени во 1823 година
 
Денеска е Света Великомаченичка Екатерина и Меркуриј.
Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа. За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.
За многу години името на сите мои имењачки!!!!
 
Светиот маченик Јаков Персијанец


Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сѐ додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата. При секое сечење маченикот најпрво Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај.

Седумнаесет Индиски преподобни маченици



Христијански монаси, пострадаа од индискиот цар Авенир. Царот Авенир се разлути на Старецот Варлам затоа што го крсти царскиот син Јоасаф и испрати потери по Варлам. Потерите не го фатија Варлам, но фатија други седумнаесет монаси и ги доведоа пред царот. Царот ги осуди на смрт, па откако најнапред им ги избодија очите, им ги отсекоа јазиците, им ги искршија нозете и рацете, ги убија со меч. Но со крвта на овие Христови витези уште повеќе се утврди Христовата вера во Индиското царство.

Преподобен Роман Чудотворец

Се подвизуваше во околината на Антиохија. Во својата келија никогаш не ложеше оган и не палеше свеќа. Се упокои мирно. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Им помага на неплодните жени кога му се молат.

Преподобен Пинуфриј


Тој е современик на Св. Касијан (29 февруари) и голем мисирски подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сѐ бегајќи од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го подражаваат возвишениот пример на својот учител.

Преподобен Натанаил


Монах нитриски. Деноноќно Му се молеше на Бога и се просветуваше со размислување за Божествените нешта. Не излегуваше од својата келија ни преку нејзиниот праг полни триесет и осум години. Се упокои во Господ во втората половина на 6 век.
 
Светиот пророк Наум


Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со неговите вистинити пророштва.

Свети Филарет Милостив


Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа.
 
Преподобен Патапиј


Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Св. Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот излезе од човекот како дим, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави Св. Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство во 7 век.

Светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар

Сите тие се празнуваат на 4 јануари со останатите помали апостоли. Св. Аполос се празнува посебно на 10 септември, Кифа и Кесар на 30 март. Св. Состен беше епископ во Кесарија. Тихик му беше наследник на истото место, Епафродит во Адријанија Памфилиска, Кифа во Иконија, а Кесар во Корона Пелопонеска. Сите го проповедаа Евангелието со пламена љубов и претрпеа маки за Христовото име, па преминаа во царството на вечната радост.

Светите маченици во Африка


Пострадаа од еретиците аријанци во времето на владеењето на вандалскиот крал Гунерик или Гензерик (477 г. – 484 г.) за вистината на православната вера. Двајца свешетници беа изгорени, шеесет јазици пресечени и беа заклани триста мирјани. Сите пострадаа, но со нивната смрт ја победија лагата. Го утврдија Православието и нам ни го предадоа чисто и светло. Господ ги овенча со славата на Своето бесмртно царство. Амин.
 
tl.gif
t_tr.jpg
t_ml.jpg

t_mr.jpg
t_bl.jpg


Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ. Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.
Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски

Најпрво беше епископ Кападокиски. Но во времето на Северовото гонење во 203 година го фрлија во затвор и го прогонија. По ова го прими ерусалимскиот престол. Ја основа прочуената ерусалимска библиотека, со којашто Евсевиј се служеше при пишувањето на својата Историја на Црквата. Во времето на Декиј беше мачен на разни начини и фрлен пред ѕверови. Остана жив и нечепнат од ѕверовите, па го фрлија во затвор, каде што во 251 година го заврши овоземниот живот и се престави кај Господ.
Светиот маченик Разумник

Грчкото име му е Синетос или Синезиј. Како млад чтец во Рим ја проповедаше Христовата вистина со дерзновение и ги изобличуваше идолопоклониците. За ова беше мачен и убиен во времето на царот Аврели
 
Светиот маченик Севастијан и другите со него

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудтоворство: ја исцели од немост Зоа, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение нејзе и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Св. Зоа, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на Св. апостол Петар. После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Св. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодија со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабожците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.

Свети Флор, eпископ Амински

Живееше во времето на царевите Јустин II и Маврикиј (565 г. – 602 г.). Беше благородник. Ги остави метежот и суетата на светот и се повлече на подвиг во манастир заради спасение на душата. Потоа го избраа за епископ на градот Аминс во Кападокија. Му угоди на Бога и како подвижник и како јерарх. Се упокои мирно.


Свети Модест, патријарх Ерусалимски

Кога му умреа родителите, тој имаше пет месеци. Но по Божја Промисла беше воспитан во христијански дух. Кога порасна му го продадоа како роб на некој незнабожец во Мисир. Но тој успеа да го обрати својот господар во верата Христова. Господарот му подари слобода. Тој се повлече на Синајската Гора и таму се подвизуваше сѐ до неговата педесет и деветта година. Тогаш го избраа за ерусалимски патријарх. Го пасеше Христовото стадо како вистински пастир и се упокои мирно во 633 година, во деведесет и седмата година од неговиот живот на земјата.
 
Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх. Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња.

Свети Петар Чудотворец, митрополит Руски

Роден е во Волинската област и монашки чин прими во дванаесеттата година од животот. Беше прекрасен подвижник и иконописец. Основа манастир на реката Рата, таму беше игумен. Наспроти неговата волја го поставија за митрополит Киевски. За митрополит беше посветен во Цариград од патријархот Атанасиј. Претрпе неволји од завидливците и од еретиците. Со Црквата управуваше осумнаесет години. Се памети како добар и ревносен пастир. Додека беше жив си направи гробница во Успенскиот храм, каде што до денес почиваат неговите Свети и чудотворни мошти. Се упокои во 1326 година.

Светиот маченик Темистокле


Како млад беше овчар и чуваше овци во некое поле близу градот Мир Ликиски. Во тоа време мачителите на христијаните го гонеа Св. Диоскорид, па наидоа во полето на Темистокле и го прашаа дали го видел гонетиот и знае ли каде се крие. Иако знаеше, Темистокле не сакаше да признае, но им рече за себе дека е христијанин. Го мачеа и го убија во времето на Декиј, во 251 година.
 
06.01.2009

Денес се слави паганскиот празник Бадник. На сите православни им го честитам овој пагански празник со желби да не претераат со ракијата и виното :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom