Календар - денес се слави

  • Креатор на темата Креатор на темата Чаир
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Светиот апостол Тадеј 03/09/2007


Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј којшто беше од Дванаесеттемина апостоли. Свети Тадеј прво го виде и го слушна Св. Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господ Исус и Го следеше Него. Господ го вброја меѓу Седумдесеттемина помали апостоли, коишто ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лука 10, 1). После Своето славно Воскресение и Вознесение Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ветувањето што му го даде на кнезот Авгар кога му ја испрати крпата со Својот лик на неа (откако се избриша). Штом ја целиваше таа крпа Авгар се излечи од лепрата, но не сосем. Малку лепра му остана на лицето. Кога Св. Тадеј му се јави на Авгар, овој го прими со голема радост. Апостолот го поучи во верата и го крсти. Кога излегуваше од водата на Крштението, остатокот од лепрата на неговото лице спадна и тој стана сосем здрав. Кнезот Авгар Го прослави Бога и посака и неговиот народ да Го познае вистинскиот Бог и да Го прослави. И кнезот ги повика сите граѓани на Едеса пред апостолот Тадеј за да ја чујат проповедта за Христа. Откако ги чуја зборовите на апостолот и го видоа кнезот чудесно исцелен, луѓето ги отфрлија идолите и нечистото живење и ја примија Христовата вера и се крстија. Кнезот Авгар изнесе многу злато и му го понуди на апостолот, но Тадеј му рече: „Кога своето го оставивме, како да го примаме туѓото?“ И тој го проповедаше Евангелието ширум Сирија и Феникија. Се упокои во Господ во градот Вирит Финикиски.
 
Светата маченичка Васса и нејзините деца: Теогниј, Агапиј и Пист 03/09/2007
Беше жена на идолски жрец, но потајна христијанка. Своите синови ги воспита во христијански дух. Нејзниот маж ја замрази заради христијанската вера и ја предаде на мачење нејзе и синовите. После тешки измачувања ги убија нејзините синови со меч (се мисли дека ова било во Едеса, во Македонија). Васса беше радосна заради чесниот крај на маченичкиот подвиг на нејзините синови и оттогаш самата со уште поголема усрдност минуваше од мака во мака. Кога ја фрлија во морето, се јавија ангели и ја одведоа на еден остров во Мермерното Море, каде што беше убиена со меч, во времето на Максимијан. Света Васса двојно се удостои со Христовото царство: како маченичка и како мајка на маченици.
 
Преподобен Аврамиј Смоленски 03/09/2007


Роден е во градот Смоленск, по молитвите на своите родители. Рано стапи во монаштво и се предаде на голем подвиг подражавајќи ги древните пустински отци. Подоцна го основа манастирот на Чесниот Крст кај Смоленск. Претрпе многу искушенија од демоните и од луѓето, со големо трпение и благодарност кон Бога. Еднаш во време на голема суша со молитва низведе дожд. Откако помина педесет години во монашки чин, се упокои мирно во Господ околу 1220 година.
 
Свети Господ 08/09/2007

Пострада на Голгота, во 1 век. После тешки измачувања беше распнат на крст, каде што обрати еден разбојник. На третиот ден воскресна!
 
Свети Господ 08/09/2007

Пострада на Голгота, во 1 век. После тешки измачувања беше распнат на крст, каде што обрати еден разбојник. На третиот ден воскресна!


ova go znam od nekade:salut:
 
да замара со неговите глупости и на идивиди форум
 
денеска не се слави нешто ај кажете да знам што да славам...:P:P
 
Temava e utepuenje do daska.
Sto e poentata na seto ovaa pojma nemam. Svetite bile eden prekrasen primer za nas. No sega da gi pamtatm site praznici i da gi slavam, ni oni sami veruvam ne bi sakale toa da go pravam.
Inaku da vi kazam celata rabota se sveduva na ova. Imenden, napukuvanje do daska, zurki do besvest.... i toa e imenden ili praznik na nekoj svetec. Mislam deka seto toa bi trebalo da ima edna pogolema dimenzija, no realnosta e vakva kakva sto e. Ne gledam nekoja golema polza od site tie praznici za svetci ako ne se znae zosto tie lugje se proglaseni za sveti i kako nie treba da se promenime da bi naucile nesto od primerot na svetite.
 
Џез-зико, можда е подобро првите 100тина поста да ги сместиш во Играчница, чек дис аут, евентуално:)
а модераторот да ја среди темава бришејќи го и овој пост.
 
луге на сите божји угодници црквата им определила спомен овде се кажува кој светител кој се слави за тековниот ден ако те интересира дојди види ако имас некое житие кажи ке го најдеме ако не те молам воздржисе од глупави коментари
 
Светиот пророк Наум

Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со неговите вистинити пророштва.

Свети Филарет Милостив

Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа.
 
Светиот пророк Авакум

Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “ (Даниил 14 - 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики.
Светата маченичка Миропија
Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко ѝ со мајка ѝ се преселија на островот Хиос, каде што пострада за Христа. Страдањето на оваа Света девица стана наскоро после страдањето и смртта на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа го украде и го погреба телото на маченикот. По наредба на кнезот ја биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ затворот го осветли небесна светлина и ѝ се јави мнозинство ангели со Св. Исидор среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ ѝ рече Св. Исидор, „дојде молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во 251 година.

Преподобен Атанасиј, затворник печерски

Овој свет човек умре после долг подвиг, браќата го измија, го преоблекоа и го подготвија за погреб. Два дена лежеше така мртов и одеднаш оживе. Кога дојдоа да го погребаат го најдоа како седи и плаче. Потоа се затвори во келија и уште дванаесет години поживеа единствено со леб и вода, со никого не прозборе ни збор. Се упокои во Господ во 1176 година.

Свети Иса, епископ Циклански

Еден од тринаесеттемина Сириски отци (под 7 мај). Голем чудотворец. Реката од далечина ја наврте во близина на градот Циклан со молитва. Моштите му почиваат во црквата со негово име во градот Циклан во Сирија.
 
Свети Сава Осветен

Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој Свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Ерусалимски устав.

Преподобните маченици Карејски

Пострадаа од папистите во времето на унијата којашто со папата ја направи царот Михаил Палеолог (1260 г. – 1281 г.). Протатот на Света Гора беше обесен, а останатите убиени со меч (поисцрпно за тоа под 10 октомври).
Преподобен Нектариј Битолски
Родум од Битола. Се подвизуваше најпрво во манастирот Свети Врачи кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа премина на Кареја, каде што го продолжи подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј во келијата на Св. Архангели. Откако ги победи човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се пресели во Царството Христово на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, почиваат во истата келија.

Преподобните Карион и Захарија

Татко и син, обајцата големи мисирски подвижници. Карион ја остави жената и двете деца и замина во монаштво. Младиот Захарија како дете беше земен во манастир и со својот подвиг го надмина својот татко и многумина други прочуени подвижници. Кога го прашаа Захарија кој е вистински монах, одговори: „Оној којшто себеси посотјано се принудува да ги извршува Божјите заповеди“.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom