Какво чувство добивате кога ќе се замислите да имате бебе?

  • Креатор на темата Креатор на темата blue seagull
  • Време на започнување Време на започнување
Добро она не го мислеше така баааш:helou:
Добро и јас не мислев така баааш,уште полошо мислев:helou:

Со симптомите дека и се лоши,се гуши,повраќа,се тресе,и тече пења од уста....треба да и се помогне...тоа е веќе загрижувачки.

Да не сакаш е друго(разбирам)ама да паѓаш у кома?!(тоа не го разбирам)....ама има свашта:toe:
 
Мразиш бебиња ? Замисли, родителите твои ти да го мислел истото како тебе.
Дали тоа, за тебе, сега е добро или не ?
замислувам... и? што е финтата? Сеедно ми е... едноставно несакам деца и неможеш да ме убедиш у спротивното... леле човек да не може да си го каже мислењето без некој да крене револуција... аманте бе... што е проблемот што имам различно мислење од вас...
е нема .. ни пиштол земам ни ништо... Неможам да сфатам дека постојат толку ограничени луќе што неможат да прифатат туѓо мислење кое е различно од нивното
 
Еве на Наташа да и одговорам...Не знам, ти што викаш, од водата ќе да е? И тебе да не ти е од водата што не знаеш да прифатиш туѓо мислење а е РАЗЛИЧНО од твоето...И сега ајде ја да се препукувам со тебе и да се чудам ЗАШТО И КАКО МОЖЕШ ТИ ДА САКАШ ДЕЦА...Па тоа е необјасниво. За да се започне ДИСКУСИЈА, прво треба да се научи да се почитува СЕКОЕ туѓо мислење, а не да скокаш ако не ти се свиѓа. И мене твоето мислење не ми се свиѓа, па го почитувам...
 
Оооо незнаете колку го чекам тој момент да имам дете.Повеќе сакам да имам ќерка.Сега неможам да замислам ама знам дека кога ќе имам дете ќе бидам најдобриот татко на свет!
 
Да имаш дете е нешто најдоброто што може да му се случи на човек.
Најневините, најнежните суштества на планетава.
Еден убав сончев ден во иднината и јас ќе си имам мои и тоа сакам што повеќе.
 
Еве на Наташа да и одговорам...Не знам, ти што викаш, од водата ќе да е? И тебе да не ти е од водата што не знаеш да прифатиш туѓо мислење а е РАЗЛИЧНО од твоето...И сега ајде ја да се препукувам со тебе и да се чудам ЗАШТО И КАКО МОЖЕШ ТИ ДА САКАШ ДЕЦА...Па тоа е необјасниво. За да се започне ДИСКУСИЈА, прво треба да се научи да се почитува СЕКОЕ туѓо мислење, а не да скокаш ако не ти се свиѓа. И мене твоето мислење не ми се свиѓа, па го почитувам...
Мила,од проста причина што има нормални и ненормални работи...тоа е се...Прифатено е да се сакаат децата и да биде најголем подарок и најголема среќа на светот да си дочекаш свои...Мене искрено ми се крева нешто во стомаков кога некој може да има деца,а да несака да ги има,за разлика од некои кои толку многу сакаат,а неможат.
И не,не се работи за мисење туку за емоција...која е толку саката...
Едно е да се плашиш на 18 години да имаш деца,а друго е да неможеш да ги поднесеш...Познавам луѓе кои несакаат туѓи деца,несакаат да размислуваат за деца,но кога ќе помислат за свои убаво им е...
Сакам деца,сакам бебиња...ги обожавам,како мирисаат,како се лигават,се поврзано со нив.Помислата да имам сега дете,ме плаши зашто сеуште сум мала...но сепак и да се случи ќе го сакам по секоја цена.:smir:
 
Едвај чекам...Едно мало, мутаво бебенце кое едвај чека да ги открие тајните на светот. Само страв ми е да не испадне како мене, после нема да можам да се справам со него...

Види види, сум сакал синче без да знам. Одлепив
 
Мене чуството ми е прекрасно ама ако му биде нешо ебаааго
 
Мила,од проста причина што има нормални и ненормални работи...тоа е се...Прифатено е да се сакаат децата и да биде најголем подарок и најголема среќа на светот да си дочекаш свои...Мене искрено ми се крева нешто во стомаков кога некој може да има деца,а да несака да ги има,за разлика од некои кои толку многу сакаат,а неможат.
И не,не се работи за мисење туку за емоција...која е толку саката...
Едно е да се плашиш на 18 години да имаш деца,а друго е да неможеш да ги поднесеш...Познавам луѓе кои несакаат туѓи деца,несакаат да размислуваат за деца,но кога ќе помислат за свои убаво им е...
Сакам деца,сакам бебиња...ги обожавам,како мирисаат,како се лигават,се поврзано со нив.Помислата да имам сега дете,ме плаши зашто сеуште сум мала...но сепак и да се случи ќе го сакам по секоја цена.:smir:

А која си ти или јас, или било кој да одредува ШТО Е НОРМАЛНО а што не е? Едноставно се работи за желба-сакаш или не сакаш деца. Али ајде, нема цел да продолжам да дискутирам на оваа тема.
 
Косата ми се дига од ужас.Пу,пу...скраја да е.
 
А која си ти или јас, или било кој да одредува ШТО Е НОРМАЛНО а што не е? Едноставно се работи за желба-сакаш или не сакаш деца. Али ајде, нема цел да продолжам да дискутирам на оваа тема.

abe BLEK LILI se citas so zboris?:nenene:
 
Де бре луѓе, како сте кренале паника што Блек Лили не сакала деца, па ајде сега мобилизација - да правиме кампања да ја преобратиме - да стане Вајт Лили.
Па темата нели е Какво чувство добивате кога ќе замислите... и ете, на женската чувството засега и е такво, во овие околности и во овој момент тоа би и бил непожелен пресврт (што може во иднина да се покаже обратно, ама зборуваме за сегашноста).
Ете, јас сум сигурна дека кога ќе дојде вистинскиот момент, со вистинскиот човек, таа ќе биде најсреќната трудница и прекрасна мамица.
И што е тука спорно? Јас сум жив пример (да не се фалам :smir: ). Ова како мој одговор на прашањето горе.
 
Сакам деца.Немам ништо против нив.Не ги сакам ти што се размазени многу.Али никогаш не сум сакала да имам мое.Но најнормално тоа се смени и сега едвај чекам.Така да не ги напаѓајте без потреба девојките кои се изјаснија спротивно на вашите мислења.Тоа е нивно кое со тек на време ќе се смени
 
Никој не ги напаѓа. Кој што сака нека си мисли, само ги молам да не се изразуваат со омраза кон бебињата. Ништо не им згрешиле, та однапред да ги мразат. Има други зборови и епитети за тоа чувство. Едно е желба (сакаш - нејќеш), ама изјави во стил на омраза ? :nenene:
Мислам дека не е фер спрема бебињата, кои дај боже, сите луѓе ќе ги имаат.
Снимете си ги сега постовиве некаде, за кога ќе имате свое дете, да ме викнете и да ме носите на частење за ова што денес Ви го кажувам - ДРАГИ МОИ, бидејќи тогаш, сосема на друг начин ќе размислувате и ќе сватите што значи да имаш свое дете.
 
Прво се наежувам, седнувам да се смирам малку, размислувам што ќе биде и потоа се ќе е во ред. Барем така мислам. Чувството би било прекрасно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom