Какви сте биле како деца ?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.928
Интересна тема за муабетење што навистина фали тука на овој подфорум е да си напишеме сите какви карактери сме биле како мали. Убави се тие сеќавања и сите ние барем на одреден период се памтиме какви сме биле. Пошто безобразно е да не напишам за мене а ја отворам темата ке почнам прв. Во поголемиот дел од детсвото бев донекаде разгалуван пошто второ помало дете. Се сеќавам дека во периодот до пред школска возраст многу кршев играчки и не ја прифаќав градинката ама никако ако ја одев до крај. :D Послето во периодот на осовно училиште од прво до четврто оделение имаше периоди кога правев доста глупости и несолени шеги во школо али беше периодично и не толку сериозно. Е веќе од пето оделение до седмо беше пеколен период тибам пубертетот :mad: :D многу тепачки, зезнати другарчиња, доста деструктивност али ми додје памет со тек на времето фала богу. Средна кул период со послаби дружби али класот беше диво племе. :) Напишете си како помина вашиот период. Не штедете на самокритичност за да има смеење. Поздрав и почнувајте. ;) :)
 
Ваква тема фалеше одамна. Фала богу како ти текна да отвориш. :ROFLMAO: се зезам

Иначе, немирно дете бев, многу. Скоро сите "лоши" работи и случки од мене потекнуваа. Но, учителите и наставниците немаа избор, мора да ми прогледуваат низ прсти пошто бев еден од најдобрите ученици. Маме му ебам, во забавиште, учителката за прв пат во животот ми закачи шамар и дремев цел ден во ќош. Под казна, пошто удрив од земја еден копиљ. Буквално го креваш и од земја го маваш. И пичка ко пичка, фати да плаче одма, и се деси тоа што се деси.

Ќе ја памтам таа ороспијата маме ѝ ебам. Во газовите беше како два листа од весникот Нова Македонија. Турчинка, шиптарка, којзнае што беше. И плус замена беше за редовната учителка која отсуствуваше поради некои X причини.
 
Јас како дете бев спротивноста од она што сум сега. Бев нечовечен, див и стално лошо се однесував кон оние што ме сакаа. Можеби сега ги плаќам тие гревови од детството и затоа сега животов ми е ваков. Којзнае.........
 
До 12 години бев многу лош, инаетлив и разгален. Ги тепав сите деца, слаб со оценките во школо и немаше глупост што јас ја немав направено. :D

После тоа се смирив, а сега на мравка не газам. Од 8 одд почнав да учам, а во средно 4 години бев избиран за најдобар ученик на генерацијата. Сите се чудеа како може некој преку ноќ да се промени.
Добро е што навреме се освестив и не тргнав по лош пат. :cool:
 
Јас коа бев дете, зимно време со баба ми многу гледав шпански серии. Еден период си мислев дека сум посвоена, зашто само јас имам плави очи во фамилија. Додека мајка ми ми мачкаше нешто за појадок или ми спремаше чоколино си мислев дека ми става отров зашто не ме сака, нели посвоена..

Во градинка барав правда и секогаш кога ќе скршеа нешто другарчињава, единствено јас ги кажував на учителката. Сите ме мразеа. А корнење коси на другарки, за да ја вратат играчката што им ја земала само мене ме бараа. Лицемери.

Научив многу рано да пишувам и читам, па така многу амбициозно дете бев, постојано некои сликовници со текстови барав да ми купуваат, ретко со кукли си играв :D
 
Последно уредено:
Лошо и бесно дете на кое сите му викаа алал да ти е колку мирно и паметно дете си.
 
Као мал имав дебелки обравчиња и сите ме штипкаа за нив :X3:
 
Мирна бев се додека некој не ме закача.Во тој случај враќав.Се бранев секогаш.:cautious:
 
Да да... сите сте биле надпросечни и паметни badass бунтовници. Класичен пример сте за дисоцијација.
 
У принцип ја бев тоа што го викаат лошо момче, раперче хардкорче.... делев шамари на фегетчиња наоколу а со жените ... мцмцмцмц. :
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom