dobro poznat, колку ти е погрешна логиката...
Значи да се разбереме...
Тие девојки што ти ги опишуваш ги земаат после еден месец за жени. Си дојде Трајко од Австралија, се разбира по македонска невеста, си бендиса некое девојче и за месец два некаде во Јули/Август свадба.
Девојка да отиде во друга земја ај да кажеме заради маж (што не е секогаш тоа причината), а притоа без прстен и тапија од матично, значи дека навистина го сака својот избраник и доволно е храбра да направи таков чекор. Би било апсурдно да го тера да се врати во оваа вукојебина, кога знае дека во другата држава животот би и бил сто пати подобар. Тие девојки мислат на заедничка иднина со тој што го сакаат. И верувај, кога ќе отидат во странство не им тече мед и млеко, туку исто како избраникот работат по две работи одеднаш. Не како мене и тебе, по цел ден вуна влечеме на форум.
Ај сега кажи дека сум во право, и оди провери овцичките што прават.