Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Завидливи, злобни, дволични, лажговци, оние што се влезени во тежок филм и мислат којзнае што се а не се погледнат самите себе.
Се што не е искрено го мразам и не можам да ги поднесувам. Воопшто не им обрнувам внимание и не им правам муабет. :D
 
Ме нервираат луѓе кој постојано се жалат та ова не и чинело та она па се не и се допаѓа, ме нервираат луѓе кој постојано се прават паметни пример кога некој ќе ми рече ''Е јас се знам'' се божем он паметен а уствари далеко од тоа, Ме нервираат нафурани типови во некој филм кој се влезени, ме нервираат типови/типки кој цел ден се седнати пред фејбук и гледат кој што ќе објави се на се радознали/радозналки, ваков пример само не со фејсбук имам со комшијата абе седнал на тарасата по цел ден и се гледа кој ќе влезе и кој ќе излезе па до толку да е.
Ме нервира кога некој дојде кај мене и почне да дрнка та се он проблеми имал та се ова она а усвари не гледа дека си имам работа па и барем малку да му текне.
Потоа ме нервираат луѓе кој многу се зборливи, јас разбирам да бидеш комукативен ама не во голема количина така за ова пример е баба ми та ко почне да зборе тоа повеќе од 1-2 саати а јас не ја слушам си терам својата работа она упорно уште толку продолжува.
Потоа ме нервира кога некој неможе да издржи, пример за тоа е мама кога ја боле главата абе тоа досада жива стане почне да зборе се ''оф главата ме боле, оф главата ме бола, оф главата ме боле'' па у пичку мајчина се ја шо да правам ако те боле глава доктор да не сам божем мене не мe боле глава та така правам....
И за крај ме нервират татини мрзи кој се чекат од тато и од мама..
 
Едноставно не можам да ги поднесам луѓето кои мислат дека се нешто, дека со пцуење и тепање ќе се направат важни и ќе се гледа во нив со страв..... а и оние кои се одлични глумци, ти се прават дека се добри и се смешкаат, а нож ти забиваат во грб :@
 
Не ме нервира никој.
Воопшто не се замарам со другите луѓе.
Секој си го има правото да биде каков што мисли дека треба да биде.
Наместо да се замарам со кој каков е и што не ми се допаѓа на некој,времето си го користам за самата себе и својот живот.
 
преправачи, оние кои се преставуваат дека се нешто што не се. Затворени и неискрени.
 
Со тек на времето се` помалку луѓето ме нервираат (или можат да ме изнервираат). Со сите, помалку или повеќе, можам да направам муабет, но за дружба сум поригорозна. Единствена категорија на луѓе со кои не сакам да скршам ниту 5 секунди муабет се константни и бесконечни намќори, маанџии, кусурлии, мрчатори и слични цицачи на енергија.
 
Ме нервираат оние кои се прават дека се којзнае што и се знаат, а всушност се глупи лажговци. Вакви ги има многу, ставен сум во ситуација најмалку еднаш месечно да минувам 2-3 дена со такви и тие 2-3 дена ми се чинат како децении...
 
Млади луѓе кои се понашат ко старци. Каде ви е енергијата бе, младоста? Вибам пензионерите.
 
Не поднесувам луѓе кои корнат на лук и тоа на растојание од ХХ метри ... па и километри ... :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom