Какви ќе бидат идните Земјани?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено се надевам дека ќе бидат вистински човечки битија, хумани.
 
Искрено се надевам дека ќе бидат вистински човечки битија, хумани.

Тешко, како тргнало ...

Освен ако не ги ставиме во контекст gene-splicing сценаријата.
 
Ќе изумрат многу видови, ќе има многу генетички пореметувања, со што ќе настанат нови видови, кои ќе бидат жртви на "чоовековото приспособување на природата кон своите потреби"... и кога човекот ќ се освести дека ја уништил плаетава, ќе се насели на друга...а, овде ќе останат изопачени видови...
 
Периодот е огромен, никој неможе да предвиди (ниту 0,0000000000000000001% точно) како ќе изгледа светот после 50 милиони години. Светот во последните 100 години има поголем напредок одколку во целата негова историја заедно, така што за очекување е тој прогрес да продолжи. Па така големи технолошки револуции ќе се случуваат се почесто, медицината ќе напредува до перфекција, преносот на информациите ќе биде беспрекорен, психологијата ќе ги унапреди нашите емотивни чувства а генетиката (која е наука која допрва има место да се усоврши) ќе не направи можеби и `неуништиви`!
Не би калкулирал со подолг период од 1000 години, но моја проценка е дека до тогаш луѓето ќе направат многу работи кои ние во овој момент неможеме ниту да ги поимиме или претставиме на самите себе како возможни.

Физички веројатно нема да имаме огромни разлики, луѓето ќе ја губат мускулната сила на сметка на интелектуалниот капацитет, медицината ќе може да ги излекува сите болести кои постојат така што сите ќе живеат некоја горна граница од 100+ години, луѓето ќе бидат помалку емотивни а повеќе рационални... и можеби конечно ќе исчезнат умниците :)

Стварно е тешко да визуелизираш на подолг рок, тешко е да кажеме што мислиме да правиме со сопствениот `кус` живот, камоли за некој 10 или 20 генерации после нас!
 

Не...

Ќе се поделат на две групи : Грди , ниски и убави и високи.
Зошто...
Се повеќе и повеќе луѓето ги одбираат својте партнери според физичкиот изглед. Убавите ќе бидат со убавите додека грдите со грдите. Животната граница ќе се помести за 10-20 години но тоа за 100-150.
 
Ке бидат исти како и досега што биле.
Бог да чува, многу амерички филмови гледате.
 
Ке бидат исти како и досега што биле.
Бог да чува, многу амерички филмови гледате.

Нема да бидат исти ! Можеш и разликата да ја видиш пред 50 години и сега (во ликот и структурата на телото) , пушти некој филм од пред 30 години и ќе ја воочиш разликата.
 
Нема да бидат исти ! Можеш и разликата да ја видиш пред 50 години и сега (во ликот и структурата на телото) , пушти некој филм од пред 30 години и ќе ја воочиш разликата.
Разликата е во модата, главно заради фризурите. :)
 
Разликата е во модата, главно заради фризурите. :)

Ugh...во ликот има некоја разлика едноставно има нешто различно , а да за фризурите апсолутно си во право.
Се сложуваш ли со ова ?


-Доколку успее да се воздржи од самоуништување, човековиот вид со тек на еволуцијата ќе се подели на две сосема различни класи на луѓе. Едните ќе бидат изразито високи, убави и паметни а другите ќе бидат мали, грди и не толку паметни џуџиња, предвидува еволуционистот Оливер Кари од лондонското училиште за економија.

Професорот смета дека главната пресвртница во еволуцијата на луѓето ќе се случи околу 3000-та година. Со тек на време убавите луѓе ќе станат исклучително пребирливи со кого стапуваат во сексуални односи и со кого ќе го продолжат својот вид.


Но пред да дојде до клучната поделба, просечната висина на луѓето ќе биде над 2 метра а благодарејќи на новата технологија и медицината просечната старост ќе порасне на 120 години.


Убавите мажи ќе добијат значително изразени симетрични линии на лицето, ќе бидат атлетски градени со изразени вилици, подлабок глас и голем пенис. Жените ќе станат уште поженствени, на телото повеќе нема да им растат влакна, нивните облини ќе бидат поизразени и ќе имаат бујна коса.


Во овој процес највеќе ќе страда умешноста за комуницирање со другите лица, што како последица би можело да доведе до исчезнување на чувствата за љубов, сочувство, доверба, почитување и грижа едни за други.


Зависноста од медицината и негрижата за физичката кондиција ќе доведат до ослабување на имунолошкиот систем, кој повторно ќе мора да се зајакне со некоја технологија.


Професорот тврди дека неговата теза не е инспирирана од книгата "Временска машина" на Џорџ Велс, во која човековиот вид беше поделен на убави Елои и грди Морлоци.

Интересна е теоријава , мислам дека професоров е во право.
 
Со два пара јајца , ќелави глави , огромни стомаци и цел ден ќе играт Dota , WOW , CS итн ... O да , сексот ќе биде преку жица
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom