Каква улога имаат комјутерите во вашиот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Вено
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам ...т.е. сигурна сум дека секој млад човек најголем дел од слободното време го поминува пред компјутер.Главно е дремење на мсн,фб и Кајгана :) додека поретко за дознавање на нови интересни работи и проширување на знаењата :toe:
Компјутерот има голема улога во мојот живот..И јас сум дел од младите кои уживаат во тепање време на мсн,но знам некогаш да прошарам низ подфорумиве на Кајгана и да читнам за некоја мистерија и сл. :)
 
Ако речам мала сум излажала ако речам голема пак ќе излажам ..
Зависна сум .. како пушач или наркоман. Немам некоја голема корист ретко кога рационално го користам а сепак не можам долго без да проверам што се случува на фб, мсн, тука и на триста други страни кои редовно ги отварам .
И сеа си барам центар рехабилитација.. одвикнување од интернет . hope i find it :kesa:
 
Забава, пополнување на слободното време, а со оглед на тоа дека сум при крај со студиите по информатика - и егзистенција :smir:
 
Апсолутно никаква.
Доколку би имала можност да живеам во мрачен среден век, би живеела. Поубаво се живеело отколку сега, кога до се имаме пристап. Помина времето кога се фуравме наоколу со тоа "кој повеќе останал пред екран", зошто форумско-компјутерскиот живот на никој ништо не ни донесе. Можеби нови познанства, но и за истите да се стекнат се имаат изгубено n-саати зјапајќи во монитор додека те болат очите. Затоа компјутерот го ставам на последно место, како небитен фактор во животот на еден граѓанин на 21от век.
 
Врши голема улога кај мене..ми завршува многу работи...прво ... ми го заменува мобилниот.. не морам да трошам кредит... второ.. ми заменува многу шетање од куќа на куќа да си проверам меилот...фб...или да симнам нешто музика од нет... многу работи и многу голема улога ми врши..
 
Улога на: учител, другар, замарач на очи.. и слично.
 
важна......:)
средство за комуникација :) повеќе користам компјутер отколку телефон :)
 
најголема улога! и за студирање, и за забава, и за комуникација. секогаш и сегаде е компјутер за се. ама не е добро тоа, мислам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom