Каква тастатура користите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Alek_Sk
  • Време на започнување Време на започнување
delux од најглупите и најевтините. комплет со се машината ја зедов.
само таа си знае низ се што има поминато и ке врви, дури не се наврти некоја друга.
 
Немам тастатура, користам
images
 
Исто, веќе петта година тера :)
Имаш среќа.

На повеќето по најмногу една година почнуваат да им откажуваат контактите. Пред година дена ја меркав за ноќна тастатура (да не сметам, РСто ми е до спалната). На форуми многу луѓе се жалеа на Микро$офтовите тастатури од последниве години... посебно на оваа серија.

Инаку велат убава тастатура за парите, меки контакти и убаво куцање?
 
Исто, веќе петта година тера :)
Аааа подобар си, кај мене 4та е :)

@Vanlok јас во 2008ма кога ја купив беше 990ден. и за тие пари до сега сум презадоволен. Секое копче е во одлична работна состојба, не се излушкани буквите, не тропа многу итн. :)
 
Имаш среќа.

На повеќето по најмногу една година почнуваат да им откажуваат контактите. Пред година дена ја меркав за ноќна тастатура (да не сметам, РСто ми е до спалната). На форуми многу луѓе се жалеа на Микро$офтовите тастатури од последниве години... посебно на оваа серија.

Инаку велат убава тастатура за парите, меки контакти и убаво куцање?
Што знам, можеби глобалната слика е таква но мене тастатурава ми е супер. Воопшто не штрака и копчињата се плитки. Јас ја купив уште кога беше 1500, 2007 негде октомври, ноември и уште немам зажалено. Се залетав по една друга ама продавачот ми рече оваа од Мајкрософт била подобра од неа и не згрешив што го послушав :) Еве петта година веќе и ниедно копче не е откажано, сите си функионираат ок.
 
Кул, мило ми e дека вашите се погодиле.

На странскиве форуми сите ги фалеа тие тастатури за филингот при куцање ама плачеа од проблеми со откажување на копчиња после само 6-12 месеци. Инаку баш ми фаќаше око тој модел.

За ноќна тастатура одбрав Logitech k300, не е лоша, тивка и со плиток од, ама по пола година притискањето стана некако... лепливо. Не е испрљана, ја отворив и проверив... но гумата под тастерите е некако омекната.

5117424720_f7d004279f.jpg
 
A4TechKB-28G-500x500.gif


Оваа само без тие црвените на W,A,S,D туку најнормално како на 99% од тастатурите :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom