Каква Ароганција - Ресторан Дион

  • Креатор на темата Креатор на темата decko77
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Газдата на ресторанот, кафич, дискотека има право да си стави правила како сака а кому не му се свиѓаат нека не оди таму.

Ако сакам ќе направам попуст од 50% за плавуши или бринети и нема што некој да се буни. Мој кафич мои правила.

Приватна сопственост е, не е јавно претпријатие па некој да се жали за родова дискриминација.

Wow, а ако ставиш забрането за евреи и црнци?!
Кафичот е твоја сопственост, ама сепак има некои правила.
 
Без разлика дали приватно или државно...
Ова е дискриминација у секоја смисла на зборот, им фали уште да напишат дека двата броеви се поделени по пол и цена на повик. Страмота.
Ама ако погледнеш економски, повеќето македончиња ќе почнат да му завидуваат на Боки 13 :)
 
Да беше обратна ситуација, одма муабетот ќе беше мажите се шовинисти аааааааааааа... а вака жените кои се борат за еднакви права, никаде ги нема. Сум рекла еднаш, ќе речам и пак: Жените се борат за рамноправност само нив кога им одговара.
 
Јас во странство имам одено и вакво нешто немам приметено. Можеби има но јас не сум видел до сега. Ова само кај нас го има. Има милион други идеи а тој се фатил баш за ова. Нема да му одам и толку. Немам ништо против кафанчето или газдата но ова не е начин (невкусен начин) за да се привлечат гости за Н.Г.
 
Идиотизам..
а и не ми е јасно шо е со цениве...
пр. во еден кафич собира 20 души.. а газдава им дал карти на 50 души.. плус.. надвор во покриениот дел.. на промаата така речено.. исто така нуди маси.. само за 200 денари поефтино отколку внатре. Зар има некоја будала што за 500 денари ќе седи надвор на нова година ?!.. мене тоа никако не ми е јасно.. колку што се газдиве алчни за пари, толку е и народов глуп па се расфрла со пари за една обична вечер.. само колку ете да биде на место кај што одат фаците.. па макар тоа да значи и стоење надвор на - 10..
 
Газдата на ресторанот, кафич, дискотека има право да си стави правила како сака а кому не му се свиѓаат нека не оди таму.

Ако сакам ќе направам попуст од 50% за плавуши или бринети и нема што некој да се буни. Мој кафич мои правила.

Приватна сопственост е, не е јавно претпријатие па некој да се жали за родова дискриминација.
Ок тогаш не одам. Тој има свои правила ама исто така има и конкуренција.
Инаку ако заборави тој од гостите го вади лебот, а за да му дојдат гости треба тие да бидат испочитувани, а не дискриминирани.
Ок нека си бидат негови правила, ама затоа нема динар од мене да види,и ако секој кој ја прочита неговата понуда увиди дека тоа не е во ред, дека е омаловажување и на двата пола, дури тогаш ке види, кога нема никој да му дојде, до каде ке го однесат неговите правила, и како има да моли за 1000 денари да му влезат.
Значи нека не се дигаат многу, нека не се преценуваат, има и други локали кај што е многу подобро организирана прославата.
Крај краева дома со друштво никој нема да ме дискриминира, така да наместо да привлечат гости тие си прават глупи понуди со тоа што се сметаат за популарни и мислат дека сите ке молат таму да влезат. Е ке се прашаме за тоа.
 
Wow, а ако ставиш забрането за евреи и црнци?!
Кафичот е твоја сопственост, ама сепак има некои правила.

Ај сеа да не претеруваме иако ако некој реши да не пушта црнци нема да ги пушти. Во дискотеки како прават криериум кого ќе пуштат? Те мерка тој на врата и некого пушта а некого не, ајде зашто за тоа некој не се буни?

Освен ако не се донесе закон дека е вакво нешто забрането не можеш да му наредиш на газдата кои правила ќе си ги стави. Ете утре ќе ми текне и ќе ставам девојки да не плаќаат ништо, како ќе ме натераш да сменам мислење?

Можам да направам ноќ на плавуши и тој ден сите плави ќе имаат гратис влез, пак ли ќе биде револуција дека не е ок спрема сите други?

Може не е фер ама чим е приватен имот само сопственикот си ги става правилата на игра, нормално под услов да не крши закон :).

Ок тогаш не одам. .

Ферски, јас истото го мислам. Не ти се свиѓа како работи, НЕ МУ ОДИ и ако погрешил во проценка или ќе се корегира или ќе затвара бизнис :).
 
Нигде не реков дека треба со закон да му се забрани на сопствеников да не го прави ова. Само укажав колку одвратно и неетички е ова. Конкуренцијата ќе си го направи своето..
 
Нигде не реков дека треба со закон да му се забрани на сопствеников да не го прави ова. Само укажав колку одвратно и неетички е ова.

Не е само он веќе неколку клубови видов на ист принцип. Може минатата година имале кусок на девојки па сега сакаат да си зголемат шанси ама ако видат дека имаат повеќе штета него корист (заради јавното мислење) ќе сменат став.

Само сѐ ми се чини и покрај бунењето ќе биде преполно.
 
489090CA0F69FE4689B9B07DD1D9D28F.jpg

:D

Инаку шо се буниш бе, поише женски ќе има за тебе ;)

Па и личи на Амир да ти кажам право.

Не се бунам дека ќе има појќе женски, баш напротив се радувам. ;)

А Ивица ти ли ќе настапуваш за Нова Година во Дион !?
 
.. само колку ете да биде на место кај што одат фаците...
Ме фаќа блага језа кога ќе почнам да си ги замислувам фаците кои одат на место кај што наступаат АМИР + Ивица.
And where the fuck is Dion, anyway?
У Драчево?
Орланци?
Крушопек?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom